од 24 до 28 се прави . И јас правев во 24 недела . Таман си е Мене после тоа ми беше мнг грдо . Некое гадно чуство имав и немав енергија за ништо. Така да ако можеш после тоа оди си дома одмарај си .
Иначе,уште сум затворена ... Синоќа имав болки и во стомак и во кичма,и таман реков опа ке почне секој миг... ГАСОВИ да ти биле....
Сабајле те помислив Решило бебе да си седи на топло. Пред некоја недела една членка пиша совет за полесно отварање-мислам пишуваше седење во када со топла вода. Се покажа делотворно Прашај си ако не гинеколог и пробај. Или одење по скали и пешачење. Јади урми и ананас. Знам дека ти е трето, ама еве може некој совет ќе ти помогне
450 e во Авицена без упат, и во биотек се јавив мислам, таму 400. Инаку со упат (само од матичен општ лекар, не гинеколог) за во Авицена е нешто помалце од 50 денари, ама само во понеделник се прави и тоа со закажување. И сите боцкања се од вена. Со среќа..
Здраво девојчиња. Јас полека си се спремам за царски следна недела. Уште не ми кажале точно кој ден, ми рекоа ќе правиме деновиве контроли секој ден. Сабајле беше пак мирно цтг па рече докторот се гледаме утре. Вчера толку ми беше мачно на душата, толку ме срозија емоции, цел ден сум си плачела - очите ми се уште стаклести и денес. Не знам зошто вакви чувства, презаштитнички, мислиш срцето ќе ми го вадат, а не бебето... Сакав да прашам, тие што се пораѓале царски: што ми треба за во болница? За Систина сите викаат не ти треба ништо освен полнач за телефон ама сепак се 5-6 дена, сигурно ќе ми притреба уште нешто. Алишта за излегување, нешто козметика несесер, за читање нешто, не знам, тоа секако... За бебето нешто. Дали има нешто друго што треба да знам, да сум спремна за царски? Вчера докупив цуцли, шишиња, до Картерс бев две комплетчиња newborn најмали што имаше купивме. Викендов креветчето ќе го монтираме. Алиштата од синоќа почнавме да ги переме, ќе бидат и тие до викендов спремни. И горе доле тоа е - ќе си чекаме бебе сега, една уште помала Палчица од малата на @Presrekna Да се надеваме на се најдобро...
До 10 недела само вагинално. Слушав коментари дека не треба, ама доктор е знае поиште од баби, мајки...така да правев што ќе ми каже.
Јас го прекинав два дена пред да влезам во 36та. Сега некои денови ми се здрвуваат прстите на рацете и ми трнеат, баш вчера со една пријателка зборевме ми вика а пиеш ли магнезиум,викам не,епа пиј ќе ти помогне за тоа...па сега не знам. Имаше овде пишувано дека од магнезиумот може да не се препознаат контракциите,па затоа го прекинав Јас купив плик ќебенце и подебело ќебенце за спиење за бебко,слично како тоа јас и мм што се покриваме. Одма ги пуштив да се исперат. Бев во Бебето за прв пат, многу малку роба имаше и да ви кажам цените се многу поскапи од Карамел. Малку ме наболува десен крајник....
Со двајца батковци по дома и не ни седам турбо ден хахаха Затоа и не и се излага на малава ,ги слуша редовно колку галамат
Мајки која знае дали на комисија се цела недела иста смена таа буква што ти треба, зошто се јавив сабајле да прашам за утре мојата буква е попладне ама искочи сега да одам па затоа прашувам ?
Мила ако правиш царски кај Ивановски или во систина да накривиш капа и да мислиш на бебушка.Јас пред месец се породив таму и буквално све имаш,ама баш све.Ако користиш ти некој лични работи шминки,леќи за очи,очила,полнач за телефон(дури и мобилан ако немаш таму ти даваат).Е сега само ти требаат парички,но вреди за секој денар.Посета имаш од 10 до 20 часот вечер,тв,клима-топли и лади(сама си ја командаш).Јас 10 деца да раѓам таму ќе ги раѓам.Мојот царски беше сложен бебуш и миоми на цервикс ми вадеа др.Ивановски и др.Темелковски.Јас мислев само на бебуш кога ќе ми го стават на лице и кога го слушнав плачот(нешто секогаш врежано во мене),и насмевката на мм што конечно успеавме после 5 години БОРБА за бебуш,која ни ја оствари Др.Ивановски.Летав во операционата сала и изчекував да го слушнам плачот на бебуш,па после тоа ми идеше да рипнам од креветот и да спринтнам кај бебуш и силно да го .Све ми беше организирано,јадење,хигиена,контроли,неонатолошките сестри.Првото станување малку болеше(но се издржува),опоравувањето беше брзо иако сум 40 години.Се најубаво мила во сигурни раце си и само пеј си и свиркај си ќе го бебуш што мртка во стомаче.Секое добро
Во систина со царски се седи 4 дена ако е се во ред. Ништо посебно не треба да знаеш освен да станеш после царскиот што побрзо да се движиш да не се улежуваш. Болно е ама секое наредно станување е се подобро. Потребно ти е : полнач за телефон, чешел за коса, евентуално крема за лице и регенератор за коса ако ти се плетка на миење. Можеш да земеш и ланолин за брадавици ( ке ти дадат тестер ама малку е ). Друго се има. Облека за тебе и бебето може да ти донесат последниот ден остави спремно дома Поздрав и со лесно
Здраво женски, послабо се уклучувам непто сум многу кнап со времето. Кај мене се у ред бебе клоца, минатата недела имавме годишнина со мм 7 години ❤️, трудна си бев во диско со пријателки шо убаво си поминав. На ќерка ми и зедовме хрчак па имам и домашно милениче за гледање хаха супер е. И така. Секојдневни обврски. Денес цел ден со ќерка на балет и танцување и така нешто уморна сум. Туку кажете ми дали лежите на грб и како се осеќате?? На која страна спиете? Сега сум 21+ 4
Прво, бриши солзи и отсега само насмевка на лице Систина се најдобри во неонатална нега во Мк, опремени до коска за што и да треба, ИАКО нема да треба. Пораѓаат од 27-ма недела и благодарение на нивната интензивна нега, тие бебиња од нецел килограм си одат живи и здрави дома. Затоа, само насмевни се и знај дека се’ ќе биде добро Второ, за таму ништо не ти треба буквално, освен полнач за моб и облека за тебе и бебе за излегување. Дури и четка за заби има, има буквално се’. Гаќи со мрежа, марамици, средства за капење, пешкири, свежи спавачи кога и да посакаш... Буквално се’. Можеш да си земеш несесер со шминки/креми ако сакаш, инаку не ти треба ништо. Се’ ќе биде ок, ќе видиш дека џабе си се секирала
Преку ден кога спие е во гнезденце а во релаксатор ако е буден, додека пак навечер го легнувам во неговото креветче..