Зборев за овие Мисс.Н што ги постира, ми изгледаат многу плитки и нестабилни, бар мене. А и за мала килажа се, што значи додека е помало само може да спие во нив.
@EvieBabe кога ти беше термин? Јас се спремам а сите ве испратив вака лесно си прошла.. којаа бременост по ред?
На момент ме исплаши во очи ми падна тажно смајли. И двете да сте здрави и живо. Леле кој знае колку е убаво чуството
Честитки да е здрава и жива и само да ве радува и ние останатите мешиња со лесно како вас да поминеме сеа
@EvieBabe какви убави вести, нека ви е жива и здрава Палчица и голема да порасне. Уживај мајка во секој момент
Мислам дека се поврзани со црниот дроб,ама исто така мислам дека не се испитува тоа во бременост,консулрирај се со лекар. Леле мајче и мене ме стресе кога видов тажно смајли Да е жива и здрава убавицата, ќе си цица од мама ќе си порасне Вредеше секоја мака помината, заврши трнливиот пат,уживајте со бебче во раце сега Чекаме извештај во породилни Препорачајте инхалатор што може да го користи и бебе и возрасен? Читав доста го фалат некој од Зегин Емед,има два типа А610 и А200, не знам што е разликата, друг има Piconeb и некој Оmron... Барам за да понудам како идеја за поклон,требаше да ни купат стерилизатор ама добивме во меѓувреме,па да искористиме прилика за апарат што (дај боже да не се користи) ќе треба за во иднина.
@EvieBabe честитки за твојата палчица. Сите во раце да си земеме по една таква убавина. Здрава и жива да ви биде, радости само да ви носе!
Па да ,брат ми има нон стоп го користат, 8мин работи ставаат шишиња,цуцли,лажички,делови од пумпа за измолзување...мислам дека има можност и за готвење на пареа..баш ми покажуваше пред некое време како се собирааат доле нечистотии а вака наизглед ти се чини чисти се реквизитиве..
Од блиски имам задоволни од Чико околу 3000 во Енци Менци, и Горење,го има во нивната продавница околу 3200 мислам беше. Едит: Леле мешко има ли некој симптом кај тебе Прееска имаваме гости и збориме со пријателката вика аа па уште скоро 20 дена имаш до краен термин И јас ваква па не мора да чека до краен термин ,ај доста му е Денес викам послабо мрда,аха може ќе има нешто...сега кога се разигра ми го однесе стомаков
Моето два три дена слабо мрдаше, ама денес е со фул батерии. Утре на ЦТГ ќе видиме што ќе кажат. Никаков знак немам, дури сите викаат многу било високо. А знаеш што: едвај чекам Твоето меше спуштено е?
И јас едвај чекам.. Мешево некако ми е доле цело време мене,таква ми е градбата на телото. Едно време 8ми месец беше повисоко,сега кога ќе седнам мислам во скут дека ми е Го зезам мм, перевме теписи не ни беа наместени,викам мали не излегува ги чека теписите. Ај ги наместивме,залади викам сега нема дебело ќебенце чека да му купиме, купивме денес Вика сега што фали, викам уште татко му да си купи кошула за мекици, па да рече ај искачам доста ве мафтам Денес му викам на мм,ќе излезам со мајка ми низ град, леле 9ти месец си немој да возиш кола ,што ако те фатат болки...аман де тие не фаќаат у секунда,малку по малку,ќе ги приметам Јас следна недела вторник,среда планирам на контрола,ако нема некое изненадување до тогаш Со лесно утре
Мене више не ми даваат да возам и по малце се осеќам како пензионер (почнав да се радувам кога идам на лекар). Иначе секој ден сум сама...нема веќе што да се купува, се е спремно
@EvieBabe Честитки да е здрава и жива малата принцеза. Не се грижи ќе си напредува и ќе стане голема девојка
Ах, не беше лесна мојата приказна и далеку бев од терминот Се молевме да стигнам до 28 недела, па до 32, па 34, примив зреење и на крај се породив во 35+2 или едвај 36 недела според докторите Го окркав подебелиот крај со болки вчера, иако бев планиран царски, ама да не навлегувам во детали овде да плашам луѓе Прва бременост инаку.