Мајки како тргнала работава мислиш кај и да е групава ќе се испразне, сите некако ми сте пред пораѓај или мене така ми се чини а јас тек 20та +5 ... ќе остане некој со мене
AST и ALT се ензими на црниот дроб. Има многу работи кои ги покачуваат лекови, алкохол, преголема физичка активност, воспаление на мускули, земање на витамини, дури и некоја храна може да ги покачи... Е сега за трудници не знам која е референтната вредност. Кај мене многу пати ги има покажано зголемени дупло, ама тоа од што вежбам и пијам витамини. Инаку не сум трудница, само ве читам, надевајќи се дека наскоро и јас ќе се придружам во муабетиве
^Тука сум Лејла, друшке по близначиња. Не одам никаде! Мали сме уште. Само нека седат во меше. Такви прекраснотии од бебешки работи добивме вчера, полудев од среќа. Стрина на мм од Србија која ја сакам како своја, не знаела што попрво да купи за палавковци наши. Легната си ги ставив на гради и си ги изгушкав. Се израдуваа и бебињата, не престанаа да клоцаат. Колку чувствуваат расположение на мајката, тоа е чудо! Природа... Денес Крстовден, нека е напомош на сите!
@EvieBabe честитки за двете Многу ми е драго,знам дека беше загрижена,вака ке си ја гледаш секој ден како ти расте во раце. Ви посакувам многу убави моменти
@EvieBabe мила, честитки да ти е жива и здрава ќеркичката. Како се насмеав на глас кога прочитавДа ве радува цел живот и само среќни моменти заедно да си имате Ете, умна беше малата и чекаше до 36та недела. Сега заборави на се што поминало и уживај во најголемата среќа. Гушкајте се, цицајте и за брзо ќе пишуваш како пораснало прцлето
Честитки @EvieBabe, да е здрава и жива кукличката, ќе си порасне во прекрасна момичка, ете Господ си ги нареди работите како шо требаше. Гушки и бакнежи од тетките од фемина, па ќе се дружиме сите во мајчински муабети. Вистина полека групава се испразни, октомвриски бебиња веќе неколку стигнаа. И јас мислев ќе сум со вас, ама еве бебе мое издржа 37 недела. Уште 3 до 18-ти. Се надевам уште малку да си поседи да се досредиме. Некогаш си викам нека излегува да не се мафтам по болници за цтг секој ден, после ај нека си поседи уште има време. И јас не знам шо сакам. Важно 22-ри помина. И уште поважно, крвна слика стакло, брисеви чисти, урина стерилна. Ко видов железото 20 другарка ми вика шо прајш ти железа јадиш. Јас очекував нешто намалено зошто ослабев, ама ете немало врска. Туку грло ме фати од сношти, едвај голтам. Не ми требаше сега ова, ама то е. Ќе помине. Се распишав од сабајле, одам да се спремам за цтг, нормално.
Ќе се дружиме ние здравје и по пораѓај, ќе споделуваме искуства батковците со здравје да си ги носат работите, јас сеуште немам ништо ниту добиено ниту купено, мн рано ми се гледа, ете таква сум, дури на мм му викам количката да ја купиме откако ќе се породам, како страв некој за тоа да имам
Ај сега добро утро Брзав на Евибејби да и честитам и не пишав. Овие денови моите се на гости и малку повеќе муабет, па некоја препиркапа објаснувања. Денес ќе си одат и одма ми е за никаде. 36 години сум, а уште ми е тешко кога си одат моите. Инаку во средата кога излегов од кај матичната, излегов уште позбунета. Ништо не објаснува, ми зема брисеви и и реков цервикс да ми измери и вика не мора сега, гледам не си отворена И јас дека сакав и друго да ја прашам, заборавив пак на цервиксот. И сега 2 дена ме јаде јанѕа зошто не ми измери цервикс. Јас секако лежам, ама цело време содругата докторка(па и 2-3 пати кај оваа) го мериме за да го контролираме дека имав контракции. И сега, се надевам само да е добро. На 2ри сум на ЕМГ, ќе одам и ако ми речат можам да се движам, ќе ми биде страв ако не знам како е ситуацијата со цервиксот(иако цела бременост е добар). И така Ме гребе грло нешто, ко бебињата сум, колку брзо се разболувам И уште нешто, од вчера приметувам кога се бришам на тоалетната неколку пати ко проѕирен бел лигав исцедок(ко порано во овулација ко сум била). Нормално е ова?! Инаку сум 29+0
@bela.m Арно ме потсети дека е празник сакав да ги исперам алиштата на бебе ама ќе оставам за утре Бебе активно и дење и ноќе од утре 33 недела а нашиот јунак машала си напредува многу добро вчера не измериа и сме тешки 2300 а другата недела сме на скрининг. Не ми се верува дека остана уште малку
И јас вчера баш прашав за таквиот исцедок докторката ми рече дека бил нормален и безопасен. Јас во Вторник сум за брисевите многу ги мразам ама кога мора мора. И јас и реков цервикс да ми мери иако немав проблем со него ми рече нема потреба. Ама другата недела сум на скрининг па др.Таше не ме остава без да ми мери.
Ајде и јас со извештај денес бев на ЦТГ, мирно е. Следно 10 Октомври, си мислам ако се роди во ист ден со мене а некако не сакам...сакам бебе да има свој ден Доктор вели бебе 2650 ама апаратот не им мерел точно и пред две недели на преглед беше 2600 зарем само 50 грама пораснала?? Зашто би ме држеле до 10 окт ако бебе не расте и зашто бебе може да не напредува?
@Adams фала ти. Јас знам дека зголемен исцедок е нормално, ама дека има такво лигаво (извинете за опис) ми е чудно. За брисеви, трај језиво ми е ептен. Јас до сега 3 пати проверував. И сега во 34-35 недела пак ќе требаАма ако мора, ќе издржиме. За цервиксот мене ми е посигурно кога ќе ми го измерат. Знаеш на што си
Само опуштено и што помалку размислување мила, не се секирај....еве мене последно цервиксот ми го измери во 11та недела,а сега сум 20 +5, башака со две, до вчера одев на работа по осум саати, со автобуси со такси со глупости....ниту во еден момент не помислив на тоа, еве и сега домче сум ама пак се нешто правам, вчера бев излезена неколку часа, денес пак планирам.... така да колку помалку мисли толку подобро
Не му спомна на докторот за тежината дека е иста како минатиот пат? Не им се точни мерките, јас мислам најмалку по 100 грама неделно растат на крај. Те гледаа на ехо? Можеби виделе дека нема да е скоро породувањето па затоа толку доцна контрола. Цела ноќ не сум спиена ко шо треба. Заспи, разбуди се, мочај, заспи, разбуди се...па и некои глупави соништа,па и прсти здрвени и трнење
Знаеш дека јас имав скратен цервикс од 20та недела, на последниот преглед во Систина,32ра недела не ми го измери др. веќе немало потреба да се следи,а на претходнипт преглед бил во граници на нормала. Во 34та матичната реши да мери и вика 14мм леле дали ќе издржиш до 36та да не се породиш...еве ме 37+3 абер нема од бебе А ти не си барај само грижи, штом цело време ти е ок,нема потреба од паники мене во 28ма кога ми кажаа дека ми е во граници на нормала кога се пуштив во шетање,како куче од ланец одврзано бев
Ме наежи мила Господ е голем ке не дарува сите да се израдуваме. Да е жива и здрава и од Бога благословена гушкајте се сега и имајте најубави моменти