Фала ви девојчиња на сите, сите да си дочекате ваква радост Инаку кај мене беше последните три контроли само по 100 грама плус неделно и вчера кога ја извадија сфатија зошто. Постелката била минијатурна, не презреана или нешто туку едноставно мала и ги истрошила сите ресурси. И да теравме уште 2-3 недели, немало да има услови повеќе да порасне.
Мајки се заљубив во креветчево, да не ги има некоја купено? https://www.encimenci.com.mk/krevetche-buckic-bez-fioka-belo-4baby-132011
@lejlla @Sofi.ja мене ми беше за цервиксот да се провери заради контракциите што ги имам. Ама ми текба дека пред 2 недели кога бев на Клиника ми беше 37мм па си викам лежам, ај може си е толку уште. И мм сабајле ми вика не си барај проблеми кај што ги немаама викам ај уште малку, сега сум 29 недела. Па морам уште малку со "Дневна доза нервоза" А имам некое претчувство(ко за првпат позитивно) дека може на ЕМГ ќе ми кажат дека поминал ризикот и да се движам и му викам на мм ако ми речат "цел ден ќе одам во шопинг за бебе и ќерче"
Јас не јадев скоро ништо до 6ти месец,имав многу киселина... Ама ако не ти пречи,можеш слободно да си јадеш.
Во количка,во релаксатор (можеш веднаш да си купиш) ама најчесто додека закрепнав беше со мене во кревет. Креветче не земав дека мака ми е да станувам на секои 2 часа за доење,па кога спие до мене ми е полесно.
Да и на ехо гледаше. Докторот не збори многу многу краток и јасен е, дури како да не остава простор са го прашаш.
Буквално истото прашање му го поставив на докторот; ми рече, Затоа правиме почести контроли, за да бидеме во тек со се.
Мене само еднаш ме прегледаа вагинално,кога требаше да ни го кажат полот. Иначе секогаш само ехо ми правеа во текот на целата бременост и баш памтам дека и на почетокот многу убаво се гледаше,иако беше мало. Ако ти е страв или незгодно,слободно кажи дека не сакаш вагинално и решен проблем. Да не е старо ехото па да не може да гледа убаво?
Вака сега да си кажам мое искуство. Од тоа што одев по болници,докторите беа против царски со одговор дека мајките сами напнувале за царски. Исто и јас сум против царски ако мајката може природно да се породи,ако не крајно решение е царски се разбира. На приватните клиники повеќе прават царски нормално за да земат пари,а на државна само ако е потребно,јас бев сведок. Се породив на ГАК природно и на самите доктори на знаење им ставив дека не сакам царски освен ако нема друго чаре. Иначе сум прилично ситна по градба,а родив големо бебе 3.700 гр. сите ми се чудеа. За персоналот немам зборови,се нај! Од доктор до чистачка сите се насмеани и позитивни,јас бев зачудена! Иначе од сите што бевме во предпородилна сала,само една жена ја породија царски дека ниту со провокации не се отвораше.
Jас не живеам Македонија , на секој преглед ме прегледува и покрај другото секогаш вагинално. Ако читаме на интернет што се пишува скоро за се постои позитивни и негативни статии. На почетокот читав статии на македонски , читав по форуми македонски , па ќе се префрлев на статии од тука и форуми. Па главата ми беше хаос . Сега се препуштив целосно на мојот доктор и следам само тоа што ми кажува тој и си читам само како понатака со бебето. На почетокот имав постојано нешто ајј ме боли стомакот , леле ме боли грбот , леле имам исцедок па земи читај читај и на крај сватив дека се ми доаѓаше од главата и секоја болка ја предизвикував од моето размислување и од главата.
Немаш ништо. Порано си имала инфекција,сите ја имаме поминато инфекцијава. Мене 100 пати ме испитуваа за ова и доктор професор станав и за токсо и другиве бубаљашки. Не се секирај,битно сега немаш инфекција. Само редовни контроли,пиј си фолна киселина и сè ќе биде одлично!
Јас сепак мислам дека кога се работи за бебе нема страв и незгодно и баш секогаш треба да се слуша докторот како ке каже. Затоа се бира доктор на кој треба да му се верува кога се оди на прегледи и како смета он дека е најдобро така да го направи прегледот.
Точно,треба саглам доктор да се одбере. Јас денеска немам верба во сите доктори,дека кој стигна стана доктор во државава.
Па и тоа да,во право си и јас имав еднаш погрешен доктор. Ама еве барем има форуми,мислења, искуства едно друго и ке се најде асален.. ама да одиш и да кажуваш нејкам јас вагинално не ми е некако ок. Поздравче