Јас Вива купував, 100% оној што е, без шеќер. Има и обичен Вива јаболко со шеќер, таков ми даваа во Систина. Повкусен е, ама подобро без шеќер да е
Колку е нормален притисок во бременост?34недела сум од Понеделник 35 та.Еден апарат 120со 70;друг 140со80;трет 130со 80?Се плашам цел ден нешто глава ме боли.Се со низок притисок сум деновиве.И сега ова...не знам до ГАК дали да одам
Или до гак или до кај матичниот. И јас имав проблеми многу блиску ми беа притисоците, 105 со 80,тешко дишев ама се е од времево. Ја сум 38 нед
Ги има низ али истите.. https://m.aliexpress.com/item/32801...d=1131amp-UxQpAKrdWfH6rsrCft7tpg1569677215339 Само избери добар селер ако порачуваш
Јас си правам природен во соковник и редовно пијам смути,засега тераме супер еве веќе 8-ми месец. Најубаво е свежо овошје и зеленчук да се јаде според мене.
Има влијание и времево многу да знаеш,големи промени во неколку часа. Ако ти е висок пиј јогурт и јади лукче,а ако е низок кафе пиј. Јас така го регулирав мојот во текот на бременоста,да напоменам нормална бременост имав. Скоро цела ми беше низок,пред пораѓај беше висок,што е нормално. Само следи го и немаш гајле,ако нешто ептен ти е лошо веднаш на доктор.
На Амазон има секакви,ама немаат шипинг за кај нас.. Па ми ги носеа од странство,ако имаш некој надвор,пробај така.
Мајче најпрво смирисе и немој да паничиш, истуширајсе и легни. Како прво дали точно мерат апаратите, како второ и да е точно тој не е многу висок притисок, ако ти е мисла јависе на доктор, но според мене најдобро е да си лежиш и да се опуштиш.... и времево е многу променливо влијае на сите
Времево денес катастрофа за нас што сме во поодмината бременост.. Таман ми поминаа отоците, од вчера пак отечени нозе,а рацеве цел ден не можам да ги оправам,деснава пола ми функционира здрвена и ми трне цел ноќ и ден.. Да ве прашам дали пумпа за одмолзување треба да се стерилизира после секоја употреба или на пример еднаш во денот?
Дали некоја од вас имала исцедок во 24 недела,мислам дека нонстоп сум како помочана,и од време на време се појавува по малку бело како сперма тоа кога сум повеќе во движење,дали е нормално?
Не знам дали мислењево е за во оваа тема, но сметам дека тука има поискусни кои ќе ми дадат одговор и ќе ми помогнат.. Се среќавам со многу термини кои не ми се јасни.. Јас вчера и завчера правев тестови и дознав дека сум во рана бременост. Пред да останам бремена бев на доктор, брисеви,пап тест,ехо и се беше во ред. Е сега кога веќе сум бремена не знам што треба следно да се прави, кога на доктор како што.. Знам дека сега треба бета ХЦГ да испитам и тоа ќе го правам во понеделник. Ако може да ми кажете кога да одам на гинеколог и од кога се почнува со витамини и такви работи, што се ќе ми треба? Веќе месец ипол пијам Алковит фолна киселина. Веројатно после првиот преглед ќе си добијам совети,препораки и ќе ми каже докторката, но пред тоа дали ми треба нешто?
Со исцедок сум цело време. Како помочана сум цела бременост. Киселкаст мирис има. Плус од Утрогестанот ми истекува... Нормално е, не се секирај ич. Се додека нема боја и мирис, уживај. Некој погоре имаше пишано за исцедок како во овулација. И таков сум имала. Цело време лачи матката. Така и си се штити каналот.
Ако бебето пие редовно измолзено млеко, јас би стерилизирала. Но ако планираш да измолзуваш ради себе, тогаш доволно е убаво да се измие со сјај и топла вода. Јас сум ја перела и во машина за садови.
Добредојде, со лесно да ти оди бременоста Не знам дали ти доцни, јас после 7-10 дена доцнење бев на гинеколог каде што се виде точката што сега ме клоца а после една недела од тогаш се слушна и срце. Провери си бета да си бидеш на раат. До посета на гинеколог не ти требаат никакви лекарства, фолната не ти пречи ,најчесто даваат фолна до 3ти месец или некои витамински како Фемибион, Пре мама, кои што покрај витамини имаат и фолна. Опушти се и уживај во фактот дека ќе станеш мама
Планот ми е наутро пред да се напијам Еутирокс за тироидната жлезда да се одмолзам,зошто после пиење на апчето 2 саати нема да смее да цица. Па да имам измолзено млеко за секој случај. Не знам како ќе биде ама во остатокот од денот планирам да си цица. Добивме на подарок апарат кој што покрај другото и стерилизира,но не собира мн па ќе треба на 3-4 пати да ги ставам делчињата од пумпата. Заради тоа размислувам дали да ни купат стерилизатор.