тоа со 2 часа пауза после еутирокс колку што читав низ нетот е застарено мислење слободно можеш да доиш и веднаш ако сакаш
Обично превривање во тенџере е скроз доволно Јас само ќе ставев вода од бокалска вода (оние со филтер) за да не ми се нафаќа бигор на површината. Едит: и јас имам читано дека терапијава не пречи во доење, консултирај се во тема доење, има многу на форумов што пиеле иста терапија и доеле.
Не само што читав тука,него и на колешка и открија хипотиродизам сега скоро ,она ја доеше уште ќерката околу година ипол беше бебето, докторот и го имаше кажано ова. Како и да е ,ќе се консултирам со мојот ендокринолог.
Со среќа мајка! Со лесно да поминеш и убаво да се расправиш. Јас веднаш бев на контрола откако направив тест за бременост и се покажа позитивен. На докторката и кажав дека направив тест и за што сум дојдена на контрола. Ме прегледа и се гледаше само мала точка,ми ја потврди бременоста и ми препиша да пијам фолна киселина( Фемибион). По мене најдобро е да си одиш на контрола и сè ќе ти објасни матичниот. Добро е што засега пиеш фолна,ама најдобро да те прегледаат,ќе ти испитаат крвна слика и мокрача и ќе ти објаснат се,ако има нешто плус ќе ти птепишат и за пиење. Среќно!
Не знам дали прашањево е за тука, но поактивна ми е темава па може ќе се најде некој да ми одговори Пред неколку месеци ми се појави ешерихија коли, па пиев Панцеф и божем се повлече. Потоа пак правев уринокултура и пак ја имав, овојпат 1.000.000 и гинекологот ми даде амоксиклав да пијам, и правев уринокултура но повторно истата состојба. Има ли некое чаре како да се излечи? Многу ме фаќа паника, ради пораѓај. Воедно и имам некоја миризба доле, не сум сигурна дали е од бактеријата, бидејќи ептен водам хигиена.
@EvieBabe како си ти? Како е малецката? Ќе се гушкате дома уште малце Мене денес ме боли забот, уствари цела страна, таа мигренозна болка. Па и што лежам, цела сум укочена. Овие денови малку повеќе станував и денес ме боли стомак. Ама guess what Не паничам (првпат де). Денес ко за чудо цело време мислам позитивноНа мм му викам сабајле, се осеќам ко да имам енергија да си ја светнам цела куќа. Ама тоа ќе почека малку..
Па имав задоцнета овулација и мислам дека се уште не ми доцни, некаде после 30 ќе се смета дека ми доцни. Ќе ставам слики од тестовите. првите ги правев на 26 имаше ептен бледи линии, а вчера на 27 појасни линии.
Фала ти за одговорот! И се јавив вчера и таа ми кажа немало што да се види рано било, да сум направелс бета хцг во најскоро време па потоа да одам
Која недела си знаеш? Оди тогаш направи го побрзо и на преглед. Точно е дека нема што да се види,ама крвна слика и мокрача задолжително да се направи.
Не знам дали смееш во бременост да пиеш чај од диво оригано или увин чај,100 посто се чисти од нив. Консултирај се со доктор за овие два,а чај од брусница пиј слободно по литро на ден или две,мора да се исчисти.
Земав Self clear и Fruhtest тие се за рано откривање, Sure check не ги сакам многу пати невалидни ми се погодуваа. Инаку знам дека сум веќе бремена, тестовите си покажуваат втора линија, сега само следам дали станува подебела и појасна бидејќи дури понеделник ќе правам бета хцг. Од завчера имав нејасни бледи линии, а веќе вчера беа дупло по видливи.
Тоа “се е во ред” е релативно, затоа некогаш е подобро за секој случај да се даде терапија. Ако бхцг е со добра вредност, стискам палци да е така, тогаш после две недели ќе ти биде ехо прегледот, тогаш ќе се гледа срцева акција. Пиј си ја фолната, ако немаш некоја дијагноза за која во бременост е потребна поитно терапија фолната е доволна. Кога ќе се јавиш на докторот со вредноста од хормонот прашај го што е следно, јас секој преглед така прашувам и никогаш не сум збунета кога ќе излезам од ординација. Среќно и добредојде
Не мора толку да брза деИ самите доктори на повеќето трудници им викаат после 2 недели на преглед. Јас не правев ни крвна слика ни проверка на урина. Се слушнала со докторката и ќе ги следи советите нејзини @Fallen.Angel јас проверував бета хцг на 2 пати во рок од 2 дена за да се види дали расте бетата. Ама прашај си ја докторката дали треба еднаш или двапати. И честитки и со лесно
Нормално е и јас имав,си се чисти и заштитува самата вагина не се секирај. Сè додека нема миризба и лоша боја е добро,ако приметиш нешто мириса или боја менува,на контрола одма. Со лесно да се расправиш мајка!
Ти благодарам. Значи така и јас сфатив. со резултатот од бхцг на гинеколог. Докторкава ми вика и понеделник и среда бета хцг за да имаме претстава колку се зголемува.
Амоксиклав 10 дена ми ја среди ешерихијата пред неколку години, не ми се појави од тогаш, ама докторката беше упорна дека ништо под 10дена терапија не смеам. Пролом вода ми помагала за други инфекции, брусница органски не поднесувам, а увин пијам освен кога сум бремена. Ако имаш и ешерихија и миризба ништо чудно уште некоја бактерија да имаш, барај си пак терапија ама и брисеви
Епа така, пиј си фолна и едно по едно како ќе ти кажува докторката, сега двапати бхцг, после ќе ти каже што е следно ич не се секирај