Се чудев зошто ни ги нема мамите на форум откако ќе се породат и си добив одговор Па ова било бетер од она кога лудо ќе се заљубиш и не те интересира ништо друго, немаш концентрација ни волја за ништо друго Јас сум заљубена како никогаш претходно По цели денови се гушкаме со бебе, може сум единствена во Систина што цел ден го држи бебето во соба, само за визита и пресоблекување ја земаат Малечка е ама невиден фајтер, жилава, цица уште од прв ден и преслатка е И во право беше @Sexybaby86 дека не ти требаат ни книги, ни упатства, одма ти доаѓа природно што треба да правиш. Се осеќам како да ми е трето дете веќе, а не прво Ви посакувам на сите наскоро да си ја дочекате оваа најголема радост!
Браво бе мајка, колку ме радува вака кога ќе слушнам или прочитам, особено за бебе добиено после различни перипетии. Многу ми е драго што уживаш, мене на пример ме здрма трема и депресија не знаев што со себе, ама ете не има различни. Уживајте
@Larahappy да и за тоа си во право. Јас одам кај 2 докторки, и кај матичната и на приватно баш заради тоа. Матичната не ми објаснува ништо и кога искачам од кај неа сум 3 пати позбунета од претходно. И тоа не е во ред. Ама ете, јас па имам искуство со терапијата од претходната бременост, читам и прашувам и доктор и тука. А секако, секој доктор треба да објасни се и за терапија и за преглед
Кај мене се појави на микробиолошки брисеви стрептокока и ешерихија, пиев панцеф ја снема остана само стрептококата па пиев др терапија се надевам овај пат ке ја нема.. направи си и микробиолошки брисеви за секој случај (ако не си направила)..
Исцедоци мила имав цело време и една година бев на секојдневни и фала Богу после 40 те дена ги извадив и сега ...уффф....радост без нив..издржи мила....исцедокот го штити бебушка од надворешни влијанија.Секое добро
Нема врска годините,сè додека ти се чувствуваш добро во своја кожа,другото е небитно. Јас да знаев дека е вака,уште порано ќе родев,немаше да чекам ни олку. Ама фала му на Бога сме мајки и имаме деца,знам многу околу мене што сакаат,но не можат да се остварат како мајки,а не е во нивна моќ. Така да останете ми во добро здравје и Бог да не чува сите и да помогне сите што сакаат да си добијат бебковци.
Како сте Мешковци? Јас се припремам за бебе денес ја перев облеката сега ги испеглав и ги наредив во фиокарката. Мм се смее ми вика доста ги отенчи од пеглање ама јас со години го чекав моментот Туку денес имав некоја тапа главоболка изгледа од времето И да си се пофалам мм ми нарачал една многу убава рамка
Ма колку сака нека е бледа, кога ја има ја има Нема сомневање, бременост има,кај мене уште побледа беше, чувај се деновиве додека отидеш на гинеколог,а за понатака ќе добиеш совети од докторот. Леле фловер можам да те замислам кога ќе влезеш во 9ти, секој втор ден ќе одиш на контроли И јас цела бременост одев скоро на 3 недели на контрола,ретко се случуваше на 4,а некогаш и на 2, кога за прв пат отидов на клиника и ми рече дојди за 3 недели останав ваква си викав во себе како да не,ќе чекам 3, знам сега на 1 дека се оди Многу ми е мило што го прочитав твојов пост,уживај во љубовта со малецката,гушни ја од тетките форумски Па кога ќе имаш време пиши во породилни
Мамички да се пријавам.Во болница сум.Качив притисок.Сега мие 150со110.Се надевам дека брзо ќе помине.Крвта и мокрачата ми се супер
И јас ја имам истата , во неа си ставив сликичка од ехо и многу убаво изгледа. Мене ми зедоа 140 ден.за карго
Мајка не се секирај ке помине, ке ти дадат терапија ке се среди. Мене ми открија притисок многу рано и од тогаш сум на Метилдопа, ми го држи во нормала не ми се крева над 140 со 90. Се плашеа да не се породам порано а веќе сум 37+4 и нема абер бебе да излегува. Знаат што прават твое е само да не се нервираш.