Здраво, дечки. Имам прашање. Ме боли малку грлото и ставив марама со малку ракија натопена, околу врат. Па по 10 минути ја тргнав, ми беше страв да не е нешто лошо за бебето?! Ваљда не, а?
Јас ја прашував докторката за масирање со ракија, ми рече не е страшно, надворешно е тоа. За грлото пиј чај од прегорен шеќер, супа од петел
Ставај си без грижи, јас 4ти месец кога бев се разболев ,си ставав ракија загреана со црн пипер на марамче и шал, ама земи и други работи да внесуваш, супа , чаеви со мед и лимон , ќе ти помине
Добро утро... Само да ви кажам да се пазите има вирус со течна столица. Ноќта ми помина во тоалет. Женички дури болки имав мислев ќе се породам. Дали од што телово само ми напињаше, видов дека ми падна едно црвено парче. Неможев да издржам од болки се напив линекс и така се смирив...не е штетно за бебе нели?
И јас пијам по две, само протоци ке ти следат почесто и ке биде во ред. И дома мери си ако имаш можност еднаш сабајле и еднаш поручек и запишувај.
@Larahappy и @koritsaki пред да оди дента на цтг мислам дека имаше течна столица . Може е некој убав знак.
@Larahappy како што рече @лукајана , јас еден ден пред да се породам имав дијареа, цела ноќ во вц одев па бев во аптека си купив пробиотик , а тоа ете било знак дека ќе се породам наскоро сега како си?
Сега ништо не ми е како нова сум после линекс @koritsaki ама бебе активно е, нели се смирувале пред пораѓај?
-Јас на втор ден доцнење правев тест кој се покажа позитивен и одма истрчав за бхцг без да се јавам на лекар Кога видов поткрената вредност реков ова сигурно е тоа тоа. Одма се јавив кај еден пензиониран др. да го прашам за совет, кога да одам на преглед. Тој така скрос искулиран ми вика а што бараш да трчаш одма на преглед, рано е и ќе те вратат за по неколку денови па ми рече да се стрпам и по околу 10 дена да појдам. Така направив, па всушност таа недела кога ми доцнеше бев 4та, а на др бев во 6 недела и 3 дена. Одма се виде точката и срценцето се слушаше. Тогаш ми даде упат за крв/урина и крвна група (не си ја знаев). Јас еден ден имав кафенко па и вагиналети утрогестан ми даде а веќе 4рт месец пијам фемибион 1. Следно ми рече во 13 недела да појдам, но овде читам во 11 скоро прават тест за Даунов па можи и порано ќе појдам. Исто и многу женички од форумов ме советуваа да не одам одма после тестот бидејќи е рано, па така се стрпив после скоро две недели да појдам на прв преглед. Со лесно и честитки за бременоста
Кај мене не беше баш така. Бебе беше мирно неделата пред пораѓај ама баш двете вечери пред да пукне водењак беше мн активна ноќе, дури болеше колку се вртеше и клоцаше
А јас прашав се јавував во лаборатории во Штип.. бхцг ако сакам ќе го праќале примерокот од крв во Скопје во Авицена.. Јас сакам резултати побрзо бидејќи два пати ќе проверам, утре и во среда планирам. Некој да не знае во која лабораторија во Штип се добива резултат за 1 ден (неколку часа)
Болно грло со ладно лечете побрзо ќе ви пројде. Сладолед, ладна кока кола ми се спас. Ако не бива тогаш и прополис.
Кај мене беше активно како и нормално 8 прста бев отворена и ме маваше во ребра моево не се смируваше никогаш во стомак
Мами, кога одите на цтг после 35та какви контракции регистрира апаратот? Кај мене до 40 се крева линијата,ама докторот е смирен. дали отварањето е започнато или...????