Porta Vlae vo delot kaj Zegin apteka od stranata sto gleda kon kukjite.... Inaku nezz dal e plisano mn e meko i se pere vo masina
Немој со паника,само смири сè и ќе бидеш добро. Диши длабоко и види како ќе ти биде по некое време,ако мислиш дека има потреба појди и на ЦТГ да те видат. Ако е започнато породувањето,само слушај што ќе ти кажуваат докторите и немаш гајле. Со лесно мајка и дај Боже да помине се во најдобар ред!
@lejlla и мене ми е исто денеска и вчера. Главоболка и болки кај вратот, исто пртисокот ми е 100/70. Веројатно е до времето. Пиј повеќе вода. Ваљда ќе не попушти малку
Фала мила, ќе се пораѓам во Битола а јас сум од друг град и ми треба час и половина за да стигнам. Уште се мислам што да правам и дали да и звонам на докторката затоа што освен болки во половината друго не осеќам ништо
Па така ќе му дојде изгледа, времето е криво но сега сваќам и положбата во која седам/лежам не ми одговара и треба да ја избегнувам, уствари тоа е полу лежечка положба и плус нозе на перници кренати, а меше големко и си притиска на дијафрагма и се тоа си е поврзано и со доток на крв и со срце и со глава, ама немам гајле, моментална паника ми беше тоа и среќа што го има форумов да си пишам ако ништо друго ќе ми олесни
Да знаеш кај некои жени така почнува пораѓајот,имаше тука пред некој ден една мајка така се породи,а и јас бев сведок кога лежев на ЦТГ дојде мајка со болки во половината и за нецел час се породи. Ако не можеш да патуваш,барем нека те прегледаат дали си отворена доле.
Женски,до кога спиевте на стомак(оние кои вообичаено спијат во таа позиција)? Јас спијам странично а најчесто на стомак.Почна да расте меше па деновиве се трудам да сум на страна цела вечер,но наутро се будам пак на стомак Се прашувам дали и колку штети..
Па некаде до крај на прво тромесечие, додека не почна да ми расте стомакот. И сега чат пат се случува да се разбудам на стомак и паника ме фаќа (неделава влегувам во 5-ти месец). Во сон се вртам, не ни осеќам. Штета нема врз плодот, доволно е заштитен во плодовата вода, баш читав на темава. Јас па приметив дека вторава бременост многу ми е убаво на грб да спијам, што не беше случај во првата. Знам дека не треба на грб, особено во напредна бременост, и гледам да се вртам настрана, ама не ми е тоа тоа. Ваљда нема некоја штета и смее се’ додека ми е удобно така
Од секогаш на стомак сум спиела, ама откако дознав дека сум бремена почнав на страна и имаше денови кога се будев лежејќи на стомак, ама како расте меше (после 5 месец барем кај мене) така и ти нема да спиеш на стомак во психа ќе ти влезе така да мислам дека само од себе ќе дојде лежењето на страна, имаш уште време да си се наспиеш
Јас од докторите кои ме пораѓаа сум задоволна но од хигиената воопшто не.. испод ниво е... лебарки трчаат под креветите.. мириса на скапана риба во собите и ходникот некои мали мушички летаат во ВЦ.. тоа зборам долу кај шо се бебињата и мајките а горе на спрат кај што ги носат тие со оперативни зафати и со цараки рез е чисто дури и клима има мириса убаво... П.С: лежев и на двата оддела
Фала Секси и Мааитка. Утре влагам во 4ти,немам некој стомак,ама ете не сум раат навечер,плус нозете ме болат од шо ми се свиткани лежејќи странично. Ај да не се жалам,назад ми се маките
@Sexybaby86 исто како на страна а уствари на стомак мислам спијам и никогаш не сум спиела на грб сеа мислам се така се разбудувам и паника ме фаќа.. а не се сеќавам во сонот да се свртам ..
Јас пред бременоста спиев стрикно на стомак,откако останав одма си стаив во глава дека ке треба да се навикнувам странично. Па почнаа исто да ми се кочат нозете и колковите не ги осекав,па си купив таква перница голема за трудници и е право уживање,многу убаво спијам сега без да се укочам