ја имам и јас заради тоа ја земав појкето, а сеа со неа измегу нозе ја стискам перницата и се вртам на грб ко ке се видам во која позиција сум .. си викам жено шо правиш ) а и со неа се опуштив ко за на стомак нз кај терам со спиењево )
Хаха ја ко у бункер се осекам,таа огромна уште една под неа обична за спиење кај главата и тука негде се мотаат уште 2 мали.. маж ми во еден мал ќош неможам ни да го видам кај е Битно дека мене ми е удобно, по природа мирно спијам среќа, не сум до толку со акробации.
Некој абер од @Darija* ? Ја помислив дека ќе ја правеа царски малтене кога се породив, ама од тогаш ко да нема пишано...? Како сте мешиња? Ние сме ок, иако сме на мака со доењето. Многу сум исфрустрирана, и не знам како да си помогнам. Со килажа тапка во место. Спие многу, морам да го будам. Некако ќе го разбудам, после одма заспива на цицка. Млеко имам, ама на немање стимулација и тоа ќе се намали. На одличен старт во болница, сега сме на статус кво. Патронажната доаѓа со вагата секој ден, мене хорор ми се мерењата. Со ќерката беше истата голгота. Ама таа беше обратна - вриштеше нон стоп и цицаше активно. Си зголеми количина и почна да качува. Не знам што ќе се прави. Ама сум нервозна до немајкаде. И сѐ си мислам дека не му беше време да се роди. Сѐ ми изгледа исфорсирано. Ништо не испадна по моите желби и очекувања. Да, среќна сум што сме здрави и живи, и што закрепнувањето од царскиот е подобро од што очекував... Но, на момент уште не ми е јасно дека сѐ заврши така набрзина, и дека не ми е веќе во мешето. Не бев спремна. Мислам дека не беше ни тој. И ме фаќаат хормонални лудила.
Еве ме се жалам кај бебињата од 0 до 6 месеци. Не стигам да пишам, исто сум исфрустрирана бебе веќе 4 часа не спие што на цицка што плачки, се исцица нрма време градата да се наполни, сега заспа од 11 и 30 е будна, на два пати вака ми заспа и одма се разбуди сега чекам да видам дали ќе се разбуди пак.
Добро утро мајќи. Јас станата од 5 саа, рита ли рита, гладна била не можела да спие. Па станав јадев и почнав да се спремам за работа. Ми се спие ми се плаче. Воопшто немам воља да работам, ама морам да издржам уште малку. Ајде кафе да пиеме.
Добро утро и од мене, На исто место во иста позицијаДенес пак ме боли стомакот, некако ме жеже внатрешно. Ама и сега се појави и запекДодека бев цело време со дијареа, сега па не можам во вц да идам. Среќа имам дома компот од модри сливи од малата, па со тоа ќе пробам денес. И ќе лежам цел ден. Имам таков притисок ко да ми се оди во вц, а не можам. И одма паники и црни мисли, ама па така често имав последните 2 месеци и трчав на преглед и ми викаа ок е. Така да, ќе видам како ќе биде, ама сега за сега си мислам ок е. @Kaetana а да се измолзуваш и да му даваш да пие од шише? Не сум доела, ама знам дека и така правеле за да пие бебето. @Darija* честитки, да ти е жива и здрава ќеркичката. Бебево како ме клоца, па ко со игла да ме боцне на сред стомак, во секундата се виткам. Мм се смее. Ама во секундата ми дојде така ко да ме штрекне и ако сум станата ме здоболува многу. Ајде одам да гледам тв, да одморам од спиење
Добро утро мешки Викендов си летна за минутка, поготово вчера цел ден чистење по дома (како тргна на бебе не му се искача, па ќе направиме уште 2 генералки ) Од утре 38 со мешето @Sofi.ja Сега @Darija* жива и здрава да е.
^ Уште кога ми кажаа дата 15ти октомври си реков не мора баш да чека 15ти,нека излезе првата недела од октомрви Ај да се надеваме дека до недела ќе чукне на врата Првата контрола ми беше на 19.09.2019, со мм се смеевме убава дата ,ама ај викам да не е рано нека искочи на 29.09.2019. Помина и 29ти, сега да го чекаме 09.10.2019 си правиме празни муабети,да пројде време. Друго немам што да ви кажам мешиња,промени нема, во саботата минимално пецкање во кичма осетив,малку се подисплашив да не иде бебе ама изгледа ми беше од што седев на промаја. Притисокот цело време ми беше 100 со 50, сега на последно мерење 120 со 70, и ова е во граници на нормала,ама покачен ми е. Прстиве уште ми трнеат, отокот на нозе денес малце се намали. Вчера внукот што има 10г. Ми вика што ти е на нозете зошто ти се такви
Со лесно, контракциите цело време одат горе доле? Кај мене минатата недела на двете цтг почнуваа со 60 и после мирно беше..
Добар ден и од мене одамна не сум пишала овде, но искрено немам што посебно да истакнам средуваме дома и ги правиме последните подготовки за бебе, иако бебешката соба сеуште не е готова јас се надевам ќе успееме да средиме се на време. Од мебел скоро се ни е купено чекаме само монтажа на плакарот. Јас денес ќе допорачам онлине од сите работи што мислам дрка ќе ми фалат, како што се чешлиња, ножички, четки за шишенца и сл. Почнува да ме фаќа бебешка еуфорија а и некој страв нормално позитивен од денес почнувам 32 недела, следната недела сум на контрола па ќе прави проценка др дали има потреба од инекции за зреење. Инаку сакав да прашам од кога се почнува со цтг? Не ми се верува дека помина толку време....
Бони и мене ме дрма еуфорија, а кој од темава не го дрма? Нема таков! Инаку, и ние горе-доле сме готови, некако многу спонтано се се случи и скоро се изнакупивме. Се почна од кога ни стигна креветчето... Сега е преполно со работи за бебињата. Е количка немаме уште ама битно одбрана ни е, козметика, шишиња и цуцли, пумпа за носе, четка за коса, ноктарче, пелени и коритце. Уште тоа ни треба. За саат време се купува сето. Само уште да можев да си средувам се сама и да им се радувам... На бабите вечно благодарна, туку трчаат околу мене. Арно ги имам. Да дочекаме сите, лесно и по редот на нештата нека ни минат деновите. Денес празник... Вера, Надеж и Љубов нека има во сите срца!
Не се разбирам и јас, еве ги двата извештаи што го имам од минатата недела,долу е за контракции никој ништо не ми искоментира:
И јас неможам да средувам сама и ми е многу голем проблем, ама што викаш бабите се тука па и ним им прави ќеф помагњето и средувањето околу бебе Планирам од следната недела да ги вклучам во перењето на алиштенцата, се надевам до тогаш ќе ни го монтираат плакарот да можеме да ги наредиме директно таму. Ми фали уште комплет за од болница и многу се мислам во што да ја облечам, дали во нешто попрактично или нешто џиџанко како за девојче...? Количката ни е нарачана, ќе стигне веројатно до крај на недела и готово
Значи од ова докториве аман веќе. Пред 2 недели кога имав исти болки ко денес и се јавив на докторката кај која одам на приватно и и објаснив симптоми и викам да дојдам кај вас на преглед. Ми вика "аа не оди на ГАК, може си почнала да се отвараш, таму да те видат и може ќе те остават да лежиш". Ова дијагноза по телефон. И трчајќи и плачејќи јас на Клиника, таму се чудат зошто таму сум отишла. Цтг мирно, преглед ок и едната сестра ми вика "они да се тргнат од обврски и сите тука ве праќат". Денес имам исти болки и ок е, ќе ги трпам. Ама ме јаде црвот што тогаш така ми кажа докторката и ме фаќа страв. Од една страна исто беше и тогаш па се беше ок, а од друга ми е страв што ако има нешто?! И се осрќам ко да ми врие нешто во стомак од нервоза. Ми скисна да трчам секоја недела на лекар, се изморив и физички и психички. И колку и да се трудам и да си ветувам дека веќе нема да паничам и да трчам по лекари- не можам. Посилно е од мене. И сега ќе чекам до после, ако ми е вака пак ќе одам на лекар
Уф хормони ме потепале, нешто емотивна сум. И број број, 7ми месец од денес . Оваа недела сум на редовен преглед (ехо) да видиме буци што прави. Ама некако ми е страв, да не е зголемен многу, да не ми е зголемена плодова вода, ме тепат разни мисли. Ме поисплашија со коментарите дека многу сум била голема за 6 месец, сега паники ќе ме фаќаат. Наредна недела за Скопје уште еден скрининг да видеме со шеќерот до кај сме (ич не ми се патува искрено, ама тоа е) Друго, изгледа ќе почнеме со надградба кај и да е. Баш во најлудите месеци јас со мајстори по дома ќе сум, ама сакам буци да се роди во ново, не сакам сите да сме на купче, ко до сега. Ајде здравје само и јас да издржам до крај, ако буци порано не излезе. п.с Абе многу почна да мрда од пред една недела, се надевам нормално е. Посебно кога сум на работа и седам и работам нешто, абе ко фудбал да игра.