Јас ме внимавам на храна воопшто. Се што ќе ми се пријаде јадам. И благо јадам, душичкава ми бара. А понекогаш и намерно јадам благо за да го глеткам бебуш како мрда Денес се мерев сум качила 6 кг до сега.
Jas si jadam blago Edno kafe vo 2 dena smetamss ne skodi Do 5ti mi se gadese od kafe ii blago Kako vlegov 6ti od nisto ne mise gadi samo gledam da ne preteram
и јас внесував секое утро па и преку денот доста овошје ама не чинело и тоа пишо има шеќери.. и јас не јадам мн количински ама повеќе јадам јаглехидрати.. тестенини секакви секој ден мислам можам.. тоа најмногу ми праи кеиф др се ми е онака како да не ни влегува во мене.. )
28+ Инаку тестенини и јас обожавам, се давам во нив Денес ме изедоа киселини, испив два Гастро Гард и немаат абер да прекинат. Си викам ајдее расте косааа Сакам да има многу косааа Да ја изнесам со кикици од болница (се шалам)
хехе ее супер си ти јас 24+4 ) се плашам да не кренам 20кг+ ) а како што сум тргнала натаму одам.. хехе ке има косе таман за шеткање јас до душа немам осетено киселини до сеа ) имам како тегоби на желудник ама не баш киселини шознам..
Не сме многу разлика Е јас тегоби немам, само киселини. И мене ми е страв да не качам многу на килажа, тешко симнувам после. Се си викам леле којзнае дали ќе ми остане голем стомак.
Јас се трудам многу околу храната, меѓутоа сакам да си каснам и малку фаст фуд Редовно пишувам во темата дневно мени за трудници како се хранам. Благце за разлика од пред да останам трудна сега јадам многу малку, па почнав да паѓам во хипогликемија и сега мм ме тера со сила да јадам Вчера за прв пат осетив јаки киселини и земав и јас една таблета па малку се подсмири. Денес јадам помалку за да не се појават пак
Јас внимавам што јадам,одамна,ама сега во бременост сум екстра претпазлива.Неќам да се здебелам премногу,ке му штети на бебето а и мене.Не сум од оние среќни што можат да јадат се и да не им се “фаќа”. Овошје внесувам секој ден но не премногу,сега ми се пријаде чоколадо,скршив две коцки и се заситив,доволно ми е. Навечер обвезно вечерам јогурт со семки и малку овес,ми го забрзува метаболизмот,па немам проблеми со запек ко на почетокот. Гледам да внесувам повеќе проетини,оти со месото сум скарана,ама лосос јадам мин еднаш неделно. Без леб не можам,но не бел,р’жан или спелтин јадам збогатен со семки. Ме фаќа стрв и за џанк фуд,м.м завчера јадеше Аргета па му земав едно залче,ептен убаво ми замириса.
хаха оох камо ли мене да ме тераат да јадам благо хахха со двете раце мислам ке јадам хаха и јас ептен сум фан на фаст фуд затоа денес си каснав хаха само со тоа да се хранам фаст фуд, благо и тестенини ке нема посрекна од мене хахах
киселините не ги сметајте баш за меродавни за количината на косичка, знам жени што немаа воопшто киселини па родија бебиња со ,,перики'' и обратно
^Година дена пред да забременам сменив скроз начин на исхрана (по препорака на доктор). Јадам само безглутенска исхрана, редуцирано внесувам шеќер (природен). Сувомеснати производи и индустриски преработена храна никако. Затоа само пршута некогаш знам да каснам и тоа не секоја. Сега, откако сум во одмината бременост си дозволувам да лапнам нешто што не смеам ама во многу мала количина, колку стрвост да ми помине. Во бременоста два пати ми се случи очајно да сакам паштета. И си каснав. Да јадев во бременоста обично тесто (бел леб, тестенини) ќе бев огромна. Јас количински јадам сега многу, ама многу, а на мене не се познава. Најубавите безглутенски лепчиња и тестенини ги праве свеки дома, а од неодамна и мама влезе во шема. Едно време во село наше не носеа ниту леб, ниту брашно. Тоа беше страшно за мене. Тогаш ми правеа мафини од пченкарно брашно, а леб ми донесоа од Бугарија. Среќа кратко траеше тој период. Сега има и брашно и леб во секое време. Факт е дека многу е важно што внесува мајката за време на бременоста.
@Vanessa9li аааа значи не сум сама, исти маки имаме Јас сум 29+3,еуфорија има, се има, мајстори почнаа со работа.Се надевам ќе се стигне до декември,. И ние почнавме со надградба, турбо е периодов, се собра многу работа, ама му викам на мм за убаво ќе е, со ново во ново! Дај боже сите да исчекаме, барем по едно! Инаку добри сме, боли кичма, трнат прсти, чат пат грчеви на десна нога, нон стоп киселини, слаб хемоглобин појачав втора доза Флорадикс, ама не се жалам, стоички се поднесувам, ептен сум искулирана трудницаРедовни прегледи и тоа е тоа, се надевам се ќе биде ок За исхраната, секогаш сум јадела исто количински, претежно здраво, па затоа можеби и не сум поправена многу а и тоа што сум ми оди во мешенце. Е сеа др рече повеќе месо- ми треба екстра протеини;не сум месар ама се трудам преку друго да внесувам па ќе видиме. Убава сум вака, само се гледам по излози ко се враќам од работаМерак ми е Поздрав мешенциња, со лесно на сите!
Секако и пред бременоста не сум љубител на турско кафе, а мене нонстоп ме фаќа криза за благо и си јадам без никаква грижа на совест Апнувај си ич да не се мислиш и уживај
Се породиив, имам ќерка, 3400кг по природен пат. Повеќе за некое време, ова така набрзина дури не ми ја донеле крофната мамина