Здраво на сите пишав и во друга тема, ама гледам тука поактивни сте 37ма недела терам, и во среда имам договорено да одам прв пат на цтг. Ама денес попладнево чувствувам јака болка некаде под плешките. Како со нож да ме боде некој. Прочитав тука кај неколку така започнал пороѓајот, ама не знам дали треба таму да боли или подоле кај кичмата? Да знам дали да си отидам утре сабајлечки, ако не престанува Инаку бебето си е активно денес, дури и повеќе од вообичаено. До сега навечер беше поактивно, денес надокнадува.
Ви жежат ли стапалата во бременост? И минатиот пат и сега... кога ќе почне е неподносливо, денес приметив и дека сосем малку ми се отечени ама вчера бев доста активна па може е последица. Кажете ако има некое решение за жежењево, ме фаќа нерва од тоа. Баш ми е мило што многу теми на муабет се отвараат тука, бременоста секако носи многу нови работи и убаво е што споделуваме. За спиењето, јас сум од тие што и сега во 26та недела налегнува на стомак по малку, се будам и сфаќам дека сум легната на грб, на страна ми е најтешко уствари со две перници меѓу нозе сум зашто тешко ми е на колковите така легната. Не се будам за во тоалет и се на се спијам како топ, иако не сум баш одморена кога ќе станам сабајле. Ај еве и од мене нова тема ако има некој нешто да сподели, што и колку купувавте за второ бебе, различен пол. Поучени од првиот пат помалку? Можеби скоро ништо? Јас сум во недоумица, од една страна имам мерак за доста работи, ама со првото на пример не купував многу пред да се породам, ама затоа после збеснав. Сега си викам обратно да направам за да ми помине меракот.
Јас многу рано ги почувствував првите движења, околу 12 недела, сега сум 21 и лудуваат низ цел стомак, деновиве и клоци почнав да добивам а чуството е неописливо, поубаво нешто до сега сум немала, па можам да замислам каква љубов е таа кога ќе се родат И мене многу ми жежат стапалата, буквално како да ми горат, посебно кога ќе си легнам да спијам.... чаре незнам, под прекривка никако зошто мислам ќе се запалат Туку кај мене и друг проблем се јави, ми се воспалија палците и на двете нозе, ме болат, ништо неможам да облечам, мислев дека е од обувки но вечерва носев баш удобни патики и еве сега ептен ми се воспалени.... ми е страв да не почнат да гнојат некој со ваков проблем?? Слика од вашето меше и која недела сте
Леле пак јас од сабајле Денес бев со намера да правам амализа на крв и мокрача, и успана од сабајле изумив да ја соберам првата мокрача мора да е првата??
За уринокултура нагласуват да биде првата, но јас имам проверувано и со втора/ трета така да мислам дека можеш....
А како сте со движења со бебенцата?Моево од кога сум на метилдопа ко помалку да се движи.Вчера правевме ехо и цтг.Супер е.Ми рекоа три пати днево да се движи бидејќи од Недела 36та сум.Нема толку простор.Еве сабајлево се придвижува. А и се размрдав вчера слабо.
23та недела скратен цервикс, докторката паника јас страв во коски само да дочекам 35-36та недела. Се враќам од цтг сега, 37 веќе терам, момата нема абер. Убаво и е внатре изгледа
@maticka нормално е при крај да се намалат движењата, немаат веќе многу простор. Мене ми рекоа десет движења дневно да пратам. Бев на цтг, мирно е уште од утре полни 38. Пак беше др. Ѓорески ми рече да дојдам во петок пак. Денес му е роденден на големиот ке беше смешки ако родев две деца на иста дата
И мене ми кажаа да следам да не се намалат ептен движењата и ако се намалат одма да одам на доктор. Малку паника прават така кога ќе кажат, сега пред крај.
Мешиња денес бев за скриен шеќер и требало порано.. па кај матичнава на преглед кај неа одам онака за мајчина книшка.. бебчево секоја недела 100гр си става и е напредно и ми вели да не имаш скриен шеќер шо е олку напредно.. не дај боже ако имам шо следува? ме исплаши..
И јас сум од тие со скратен цервикс со ризик за предвремено од 20та недела денес 38ма Дојде ред и апликацијава да ме зеза И јас би сакала да стиснам репорт дека се роди...ама немааа Ми се јавува една роднина, на 16ти октомври ќе слават роденден на детенцето, гостите ќе им биле во два термина па ме прашува кој повеќе ми одговара...а јас со термин до 15 октомври, викам јас искрено се надевам ќе се породам до тогаш па мм сам ќе ти го пратам Вчера пешачевме со мм,и едно време ме здоболе од десна страна стомакот како кога ќе се измориш од одење-трчање само мн посилна болка, ме држеше едно 10мин кои ми се видоа цела вечност. Он одма почна паники,викам ало треба да се како менструални болки и така во спиење под штрек да не има нешто,ама мирна ноќ... Утре ќе одам на контрола, да видиме до кај сме,што се случува внатре...
@RAK91 јас мојата бубамара почнав да ја чувствувам во 17 недела само како скокоткање пријатно чувство знаејќи дека е она, а сега како расте од 23-24 недела повеќе ја осеќам и некако поактивна е со движењата