@malecko5 еве. Во меѓувреме лежи(не знам дали ти кажа докторката), можеш и магнезиум да пиеш. Многу трудници со скратен цервикс, со лежење стигнаа до 9 месец
Мене до сега ниту еднаш ме ми мереле цевикс. Неќни кога отидов да затворам боледување, Др. Бошковски ми кажа да одам за две недели да мериме цевикс. Баш се зачудив, а гледам тука на сите мами им мерат дури и порано. Таман ќе бидам 30 недела и ќе одам. Дали тоа всушност може да покаже когат следува пораѓањето, дали порано или покасно да се породиш??
Никогаш не ми мереле цервикс, ни со прво ни со второ дете. Ако немаш ризична бременост не се оптеретувај со непотребни прашања. Ако сам рекол докторот да мери, нека мери.
Ни мене не ми мереле цервикс до сега а дури докторкава не ми рече ни за цтг ни ниш само контрола на 15.10 а мене термин ми е 16.10
Мерат цервикс докторите, барем еднаш во бременоста сигурно, само не ви го спомнуваат при прегледот ако е ок, па можеби не ни знаете. Нема шанси цела бременост да не измерат, сепак е битен фактор. Како и да е, не се преоптоварувајте со тоа освен ако не ви е ризична бременоста. Мене на последниот преглед ми мереше докторката, 45 мм. Сега сум 18 недела, а ќе ми мери и таму некаде после 28-ма. Исто вака беше и првата бременост.
Не би да ширам паники,ама скратен цервикс не е наивна работа. Само тој што поминал низ тоа знае како е. Од скратен цервикс ризикот е предвремено породување. Јас немав ризична бременост се додека на преглед случајно не побарав мерење цервикс. Од тогаш ми стана ризично. Доколку не се трерира соодветно се знае на каде води таа ситуација. Само што не знам што им е тешко на докториве минутка работа е,ни да спомнат ни да измерат ако ти не си побараш. Јас од форумов се информирав и дознав што е тоа цервикс...
Уште не се породив мала има става не излага ко сакам ја Епа знам дека ви досадив ама не мпжам веќе да дишам,не можам да јадам,сабајле у 5 станав и не спиев,ме боли одвнатре се, колкови,грчеви селои два дена ...
Јас мислам уште ти остана пред мене...ајде не можам веќе да те чекам И јас сум катастрофа цела,денес цел ден киселини...
Да,точна мерка само вагинално. Иако некои членки кажуваат дека и абдоменално се гледа, ама не е сигурно тоа, пример еднаш др ме гледа на стомак и вика ми се чини дека е скратен,кога измери вагинално вика ааа не не ок си е.
Епа мене не ме гледаат никогаш вагинално, само преку ехо. Ме гледале 3 различни доктори и никогаш не ми спомнале за цевиксот каков е.. Затоа ми дојде чудно...
И мене ми кажаа дека после 18та недела се мери со вагинална сонда.. Јас сум со скратен цервикс и дефинитивно ке морам да мерам за да знам што понатака, некој што ставал серклаж да каже искуство ?
Ананас не се препорачува за да не дојде до спонтан абортус, за ова знаев пред да правам инвитро и воопшто немам пробано откако почнав, а за круша првпат слушам дека не се препорачува. Како што е сеа сезона на круши јас дневно по 2 си каснувам
Мене секој преглед докторката ми мери цервикс за да се знае нормално оти тоа може да се промени.. а и мислам дека подобро се гледа и плацентата со сонда..
^Исто и мене, на секој преглед ми мере докторот. Уште од сам старт. Сметам дека е многу важно да се следи редовно.
фала ти. Да ми рече да мирувам јас не чувствувам ништо сега ми рече за 2 недели пак ќе ми мери..Да пијам магнезиум и фемибион 2
Здраво, и извини вака што ти досаѓам, видов пред некоја година имавте прашано за кумбс тест, па сакав да ве прашам вас пошто сте активна членка дали знаете некој што поминал супер при позитивен кумбс тест. Бидејќи јас сум 22 недела со позитивен тест, па ме интересира, како поминале жените, кој терапии ги примале и слично. Фала ти многу и убава вечер