Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Malataa@

    Malataa@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Бремена сум 21 недела со близнаци правев микробиолошки брисеви излезе дека имам кандида матичната ми даде гино-дактарин вагинални од 200мг а утрогестан ставав само на вечер сега ми рече да ги земам орално а овие да ги ставам навечер вагинално? Што мислите за вагиналните
     
    На lejlla му/ѝ се допаѓа ова.
  2. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.894
    Допаѓања:
    142.296
    Ако, мирување строго. Јас немам скратен цервикс, ама имам контракции и 2 месеци веќе сум на строго мирување. Сега сум 29та недела. Пиј си тоа што треба, консултирај се да не треба и утрогестан и мирувај. Ќе биде се добро:hug:

    Инаку и мене цервикс цела бременост ми мерат. Освен сега претходната недела кога бев матичната не ми измери, не морало. А се сложувам дека треба да се провери. И докторите кажуваат дека без никакви симптоми нели, кога мерат испаѓа скратен цервикс а во почетните месеци. Па затоа, боље спречити, него лечити:)
     
    Последна измена: 1 октомври 2019
    На Vanessa9li, Sofi.ja, Ann.loves.you и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Кумбс тест ,најчесто се прави кога мајката е со негативна крвна група, а таткото е со позитивна, а најверојатно и бебето со позитивна. Кога бебето има негативна крвна група е супер, ама кога е позитивно, кај мајката доаѓа до создавање на антитела кој што можат да му штетат на бебето. Со секоја наредна бременост бројот на антитела расте.Јас сум моментално бремена со второ, 22 недела, со првото немав мака, си примив инекција во текот на бременоста, и по пораѓај. Е сега финтата е што со и со примена инекција, нема да има некаков ефект. Затоа сакав да слушнам мислења од жени кој што биле позитивни на кумбс тест,како го поминале сето тоа. :)
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    18.644
    Од почеток до кај 12та недела ме гледаа вагинално. После од 20та кога побарав мерење цервикс на секои две недели мереа вагинално со сондата.
    Доколку имаш контракции не се препорачува серклаж. Затоа што може да предизвика уште поголеми и да дојде со беља. Исто така ставањето на серклаж може да предизвика инфекција и да дојде до пукање на водењакот. Нож со две острици..колку е добар, толку е лош.
    Ова не го пишувам од памет,туку во консултација со 3 доктори.
    Пријателка со претходно правена конизација и прва бременост предвремено породена во 7 месец стави серклаж ама едвај издржа со вторава бременост до почеток на 8ми месец со константно мирување.
    Јас имам пишано и претходно побарај ги мислењата,со скратено грло бев под граници на нормала и два месеци не мрднав од кревет. На крај се нормализираше и еве сега 38ма недела бебе уште ужива во меше.

    За ананас и јас знам дека не е препорачливо, знам на крај дека пишувале трудници дека помага за побрзо отварање ако не грешам.
    Сондата кога се мери цервикс не се става ни до пола. Сосем малку на почетокот ајде да речеме 5-6 сантима. Така да не знам дали од толку далеку се гледа плацентата.
    Освен ако не е плацента превиа:?:
     
    На Sexybaby86 и flower30 им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.972
    Добро утро труднички,
    Почна октомври да се чисти, ми иде ред и мене да си го видам синко што уште нема име. :$

    Мислам дека сме спремни, имаме душече, креветче, коритче, количка со транспортер, подлога за преслекување, постелина, 2 цуцли, 1 шишенце, тетри, боди и шпихозни (мислам дека претерав и дека имаме повеќе од што треба), чорапчиња, капчиња, бањарчиња, ќебенца, мустела за бањање и крема бепантен за газето.
    Неделава ќе докупиме и чешелче, грицкалка и аспираторче за носе. Има нешто друго битно што ни фали?

    Сакав да ги прашам поискусните мајки:
    - какви пелени користеле на почеток?
    - дали од почеток бебе ставале да спие во врекичка?
    - релаксатор од колку месеци се користи? Некако не би ставила новороденче да се ниша, ама не знам...

    Убав ден на сите.
     
    На koritsaki, Sesil, ddevojce и 5 други им се допаѓа ова.
  6. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Пелени со првите двајца користев памперс,и бекутан ама ми пропуштаа и ми мирисаа,после се префрлив на кан бебе,сега за малава имам земено минис од рамстор,2ка ама се преубави,малиот кој има 2 ипол години тие ги користи.
    Ќе видиш на бебе кои ке му одговараат.
    Двајцата се родени зимно време,фебруари и декември,во врекичка од 2~3 недели ги ставав.
    Релаксатор од одма имаш нели и 0+ но онака за нишкање сум користела после 2 месеци.

    Иначе немам болки гарант ке ја надносам. Синока се утепа од тегнење дури болка осеќав на стомакот,сабајлево пак,душа мала, :D:D8)
     
    На *malenavolena*87, Sesil, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  7. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Скратен цервикс не се дијагностицира така лесно како сега што му е пракса на докториве. Денес може да ти измери 3цм, утре 4. Зависи од аголот под кој си застаната, сондата како е поставена. Затоа и има драстични разлики во мерењето кај различни доктори. Мојата докторка за првата бременост викаше и друг доктор да мери цервикс, па споредуваа. Со 3 цм просечно ја истерав до 42 недела до последно на работа и со пешачење и чистење. Не е важно само колку е долго, туку и колку е затворено и цврсто грлото . Без непотребни стресови и мирувања кои само ќе ве плашат. За скратен цервикс никогаш не се потпирајте само на мерењето од еден доктор. Да, на интернет можеби ги има мерките за цервиксот во одредена недела, но во корелација со други параметри за кои само гинеколозите се стручни да кажат дали е сериозно или не .
     
    На do-re-mi, Kaetana, Sesil и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Каде беше за скриен шеќер и колку порано ти рекоа, треба деновиве да проверам а морам да организирам и чување на поголемото па да не утнам еден ден
     
  9. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право!
     
    На lejlla и flower30 им се допаѓа ова.
  10. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, плус се гледа и историјата (претходни спонтани, конизација и сл.) и поставеноста на амниотската обвивка околу цервиксот. Мирувањето не е за плашење и сметам дека е добра превенција ама стресови дека ќе дојде до предвремен пораѓај не треба туку така да се прават, затоа и околу 12та недела се прави проценка за серклаж, ако немало потреба а после одма се крева паника дека цервиксот се крати малку ми е непрофесионално од докторите
     
    На do-re-mi, Kaetana, Sesil и 2 други им се допаѓа ова.
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.972
    СинЛаб работи во сабота и таму може за викенд да провериш скриен шеќер. Околу 2 ипол саата е целиот процес.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    @bela.m Од искуство со првата бременост, затоа сум упатена. Од буквално ќе речам нестручност на една докторка додека мојата беше на одмор која изгледа не знаеше толку да мери, а беше самоуверена, си откажав платен одмор на море и поминав една солидна недела во плачење и тресење што ќе биде со бебето во 6 ти месец со грло наводно 2.5 цм. По една недела се врати мојата, одам цела стресена, мери 3 и нешто, го вика газдата на болницата, ја објаснува работата мери и тој пак 3.5 ( и овие различни). Па ме викнаа во сала за спстаноци, ми објаснуваа со видеа за цервиксот, оти мојот револт беше голем. Оттогаш обавезно по двајца мереја. Никогаш не ми измерија повеќе од 3.5, а се породив едвај со провокација и баш грлото никако не омекнуваше.
    Затоа сакам да кажам не е само да речиме како бе толку кратко, па мирувај, треси се...Тоа веројатно треба на докторот да се препушти.
     
    На Girl-Rabbit, Sesil, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Еве денеска го правам.. од 7 наутро на гладно знаеш тоа.. го правев во градска болница само гликоза си купив 250ден. со упат од матичен гинек.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Здраво женски јас вака пд сабајле нешто расположена, ми дојде бабицата денес дома, се запознавме раскажавме што како за прва и за оваа бременост. Добро е, не дека се има некоја потреба ама сакав да имам бабица. Само што слободни термини кај неа за јога нема, треба на др место да одам. Цел ден врне ладно облаци, уште малку на работа ќе врвам.

    Круши јадам, а ананас на почетокот на бременоста јадев неколку пати, не мислам да ствара проблеми.

    Јас не сум правела никаков тест. А- сум. Во мк примав во 7 месец anti D а се породив во германија и овде по пораѓај примив уште една бидејќи + е ќерками. Сега во втората бременост примив во 13 недела бидејќи ми се појави кафен секрет ( кој и денес го идам одвреме навреме) као за секој случај (се стават истите инекции да не дојде до спонтам) Ќе примам во 7 ми месец пак. По пораѓај пак ако е бебето +, а и да биде негатив можно е да примам пак, нема никаква штета. Тоа е за секоја наредна бременост како сигурност. Никаков тест не правам. 22 + 3
     
    На lejlla, butterfly.mk, Sesil и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Јас со првото си примив се како што треба, ама со второво ништо не ми кажа матичната, сем да испитам кумбс тест, кој беше закажан ма 30.09. Вчера ги земав резултатите и се шокирав, испадна позитивен, ајде одма во болница вп Велес, од таму не можат ништо..ме праќаат за Скопје, во Скопје, во државна, преглед на бебето..ми дадоа упат за трансфузиологија за уште еднаш да се испита, и еве чекам резултати. Зарем за втора бременост порано се испитува кумбс ? И порано се прима инекцијата ? Јас сум 22 + 2
     
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Леле чекај баш на бабица ги дадов мајчините книшки да ги виде и сега ги разгледав. Вака:
    прва бременост: само испитување крвна група А- и си примив во 7 месец инекција. И се преселив во Германија. Тука ме испитаа уште еднаш. Значи у исти ден ми земаа крв и на тој тестот ( кумбс) на германски е antikörper-suchtest излезено е дека сум позитив, ама не примив тогаш ништо. И дури по пораѓај примив уште една инекција. Бебето беше позитив.

    Втора бременост: во 13 недела ја примив истата инекција Anti D за крвната група заради кафениот секрет ( некоја стара крв од матката) таа инекција се става кога има сомневање за спонтан. Мене ми ја стави како сигурност да не направи крвната грипампроблеми. Истата ќе ја примам повторно во 7ми и по пораѓај ако е бебето позитив. Дури и негатив да биде можно е да ја примам пак за трета бременост. Ќе ти сликнам сега од првата бременост да видеш.
    83A3D9E6-8D18-425E-81B1-7042DD734327.jpeg
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.894
    Допаѓања:
    142.296
    Добро утро,
    Чекам да си ги земам резултатите од ЕМГ, да ми каже докторката како е. Многу сум изненадена колку се фини и сестрата и докторката. Трет пат доаѓам и освен љубезност друго не видов. Ајде сега и да видиме што ќе кажат. Нешто неделава ко за големо чудо имам некое оптимистичко чувство(освен во моменти кога имам големи болки кои ми се познати и кога се мислам дали е се во ред).

    Кога ве читам како сте изнакупиле за бебушите, паника ме фаќа. Дека ми е второ и дека лежам цело време, до сега немаме купено ништо. Ама време е.

    Ова го пишав прееска, па остана.

    Нема контракции:party::party::party:Докторката 5 пати рече браво, супер е. Презадоволна беше.
    Ми рече сепак пак да внимавам, особено зошто болки и понекогаш стврднувања имам уште. Прозорите, се смее, уште нема бришење:DВикам "а може да одам да си купувам за бебето"?! Можеш ми вика, ама помалку и штом осетиш болка, носи си магнезиум и пиј.
    Малку на мисла ми е шо матичната претходната недела не ми измери цервикс, ама ајде ок е.

    Значи, позитивното чувство се постави ко точно:party:

    Така, сеа одам да пијам кафе на раат. Повелете:coffee:
     
    Последна измена: 2 октомври 2019
    На Girl-Rabbit, duffi, Vanessa9li и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Супер опушти си ја душичката сеа и раат купувај си за бебчето :)
     
    На lejlla, ddevojce, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Мами како сте?
    Јас денес некако станав омалаксана, грло гребе, ме тера се на спиење...се надевам дека мм не ми ја остаи настинката во наследство...
    Сега ќе станам идам до продавница, само да не залегнам:?:
    Немам желба ни за кафе..:emo:

    @flower30 браво, сега прави список за бебе!

    @EvieBabe како сте со бебе? Некој краток извештај, се снаоѓате? Сигорно веќе се мириса на бебе
     
    На EvieBabe, lejlla, butterfly.mk и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски

    Што ти рекоа во Германија поради позитивен кумбс тест ? Мене тука ми рекоа дека треба да имам редовни прегледи до крај на бременост. Фала ти многу за информацијата, јас после ќе те известам чим стигнат резултатите од Скопје. Со лесно мајче :*
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.