@Sofi.ja те читав предходно за скратеното грло ептен ми е мило дека си изгура до крај еве. И кај мене беше во дилема докторката за серклаж поради мојата предходна конизација, ама сега за сега се испостави дека е добро со оглед на тоа дека цело време лежам па се надевам вака ке терам-ти си ми утеха во ситуацијава. Инаку да со сонда се мери цервикс и еве секој преглед кога сака да ми ја види плацентата како е што е,дали е поткрената обавезно со сонда вика дека најдобро се гледа.. Додека ме гледаше на ехо вика не ми личи на поткрената и после со сонда виде дека уствари е поткрената и фала богу беше ок. Браво @flower30 сега во шопинг за бебе најубавото чувство..
@bela.m трај, еднаш и јас да пишам позитивен пост Дури да се зачудиш За цервиксот пишував, во рок од 2 недели 3 различни докторки ми мереа. Кај двете беше 35 мм, а кај другата 5 мм Ама да, сите викаат зависи како се мери. @Miss.N се надевам дека ќе почнам да купувам и ќе бидам поопуштена сега
Примала ли некоја од вас инфузија за покачување на хемоглобин, железо? Каде се прима тоа? Сабајлево бев прв пат до болница. Крвната слика очајна. Во понеделникот хемоглобинот ми беше 90, денес веќе 85 докторката што ме води кажа со тотхема ампули да почнам, па ако не ги поднесувам (а желудников ми е за никаде), ќе одиме со инфузија. А цтг-то рекоа добро било, до 50ка рипна на неколку пати, ама бебка ептен активна сабајлево, па најверојатно од тоа е.
Втор пат си го сонувам бебето,ама никако фацата да му ја видам Сум добила болки,ме однеле во болница,ме примиле и следно на што се сеќавам во сонот е како се будам и не знам што се случило. Не се сеќавам како сум се породила, се гледам доле дали сум шиена,уф не сум супер,ама како е можно да не ме исекле? После се наоѓам дома(ама кај мајка ми) ми го даваат бебето облечени во други алишта. Почнувам да се карам зошто не е облечено во тие што планирав,кој ми го облекол И така нервозна се разбудив со огромна желба за благо. Да помине еутироксов па да јадам благ корнфлекс и да се пуштам до продавница да набавам залихи,дома нема ништо Ништо од мојата контрола денес,утре е др во амбуланта...утре ми се гледа како цела вечност,нека помине побрзо денов
За таква инфузија не сум слушнала да има да не мислеле на плазма можеби ? Треба да ти дадат упат за на хематологија да те види хематолог па тој ќе одлули понатаму што и како. Јас редовно на 3 недели одам на хематологија јас си примам крв т.е. филтрирани еритроцити ама јас имам многу високо железо а многу низок хемоглобин. Јас одам кај др. Марица Пафковиќ ама нр верувам дека има термини нека ти даде матичната прериоритетен
Ја жено секоја ноќ се пораѓам,па ми го.земаат бебето,па.го заборавам абе хаос у пм хаха Психата на велико ми работи
Како сте со времето денес?Притисокот ми е нормализиран!100со70,115со80.Сабајле беше 130со80.Ама сам се спушти.Срцево ми прерипува по малку до 100 ми е пулсот.Мислам се од времето!
Можеби и на тоа да мислеше, ептен набрзина на телефон се слушнавме. Ќе проверам со општата матична. Кај мене и двете се ниски, серумското не мрда од 3.4, а хемоглобинов многу нагло некако паѓа
Леле ќе полудам до утре мислам, место не ме фаќа уште сега а кај е 12,1 вечер да си легнеме Едвај чекам да дојде мм од работа,да ручаме,да одмори и ќе го терам на шетња или негде по гости да не мислам на утре...уфф уште колкууууу
Со времето никако, и јас сеуште мерам притисок по три пати денот во различен период и супер е, дури низок, цело време се двожи 100-110 со 60-50, главата ме наболува, гледам и рацете ми отекуваат, ама ќе издржиме, од утре заладува конечно. А ти мајка само опуштено, притисокот ти е супер и плус си под терапија, немаш гајле, а и во безбедна зона си, така да не се секирај
Ништо посебно рекоа уредо е и никакви посебни испитувања не ми правеа. Си одев нормално на контрола и потоа на цтг во 9 месец почесто. Ја надносив 9 дена. Со провокација се породив.
Денес бев на клиника (мислам последен пат) за продолжување на боледувањето, малку фалеше да си ја земам книшката и да си одам дома со плачење ова де си поплакав таму.... отидов од савајле бидејќи бев со итен или приоритетен незнам точно (24 часа траел) бидејќи немаше термин. Како најпрво ми требаа 30-40 мин за да најдам каде точно треба, ме праќаа од една на друга врата, ужас.... кога конечно најдов каде треба оставив книшка и си чекам, гужва, жешко помина еден саат, помина саат и пол јас почнав да отекувам во рацете, тешко ми стана, се изморив веќе... влегов и ја замилив сестрата да ме примат побрзо зошто сум за продолжување за боледување, зошто ми е лошо, зошто ако сум можела на работа ќе одев и ќе седев а не по болници за боледување, лелее жени кога ми се развика, не може така, ќе си ги чекаш сите па после ти, јас со плачење надвор, значи малку фалеше да се онесвестам, зедов ѕвонев во систина дали може од таму да ми дадат таков документ, ми потврдија дека може, готово се решив да си ја зрмам книшката, арно ама јас додека се јавував се смилувале и ме повикаа мене за да влезам. Докторката беше многу фина, ме виде на ехо, супер се бебињата, се е ок, но јас дефинитивно не сум за на работа, па ми даде мислење за продолжување на боледувањето. Ете такво беше моето патешествие на клиника, уште еднаш се што можам да завршам на приватно дефинитивно таму ќе одам, луѓе па нели е грев жена бремена да чека три саати, стварно не е хумано. Среќа што на крајот сепак завршив работа и плус пресреќна што принцезите ми се добри, одлично напредуваат утре правам скрининг во систина, па ќе ги видиме поубаво, се надевам дека се ќе биде во ред
Душичке и јас еднаш отидов со приоритетен и се начекав 2ипол саати,на почеток на бременост со лошење со се..како ние од мерак да одиме таму. Ама сега за следниот пат ако одиш пак можеш порано да си земеш упат со саат и така нема да чекаш многу.
Јас незнам какви се овие глупави процедури, на жена што и е потребно боледување не и е местото по ходници со саати, таа сигурно има некој проблем, и не ми е јасно зошто ова да се повторува кога сум бремена со близнаци, јас во 6ти месец не можам да одам а не па во 7ми, 8ми, мене не ќе ми се намалат тегобите понатака...
Утре сме 3ти, мене термин на 9ти,ако не излезе утре ке ја викам ај на мамараб политичарката бидејки само ме залажува со болки некои шо немаат благе везе
Душо, ако ми веруваш вчера јас поминав низ истото..ама баш истото ! Дајте викам, од Велес чекам 3 саати, а немаше многу жени, плус од пауза наместо да дојдат во 11 и 30 дојдоа во 13 саат. Тој ми вика, ама не можам ја тебе преку ред, тука жените што имаат закажано можат да ме тужат, сакав да му речам а да ве тужам ја вас шо доктори идат по саат и пол од пауза, и на повик со врски влегуваат жени, ама ај си поќутев..се имам да им кажам, ама не сум таква. Мајка ми ме учеше да ќутам..ете така !
Чим не ти рекле ништо покрај позитивен кумбс тест, тогаш ја да не препаѓам по дома а ? Резултатите уште не биле готови демек..во 17 саат ќе можела пријателкава да ги земе, ако и тогаш бидат готови, со кој си фанав работа. Ах ,пусти државни болници..
Процедурата е преоптеретувачка за бремена жена што треба да лежи и да одмара, ама тоа е тоа и кога државата не мисли за трудниците ние нема што да правиме освен да слушаме и да се малтретираме. Секој месец одам и јас,среќа барем докторите фини се погаѓаат