Сакав да ве прашам некоја од вас ако пиела капсули хеферол на алкалоид што се за железо,требаше да почнам од вчера испив една,многу ми беше тешко на желудникот се помачив 2-3 саати и повратив. Денес сакам да пробам пак малку ми е страв,ако имате некој совет како сте ги пиеле би ми бил од помош.
Пробај после јадење ама избегнувај млечни производи кога треба да го испиеш апчето. Кафе чсј кока кола исто пред и после. Иако немам искуство so tie, vo prvata bremenost piev edni drugi i taka jade.v mlecni proizvodi i odma se napiv apce me skina zeludnik. Mlecnite go isfrlaat zelezoto od krvta. So sok od portkal ili nekoj drug multivitamin ili povekje Vota
Немој да ги пиеш ма гладно, многу се јаки за желудник. Јас ги пијам еден саат после ручек со многу вода и ок сум.
Само еднаш бев на клиника за боледување и докторот рече ок е бременоста нема потреба од боледување, а јас имав крварење во 5 и 7 недела и од тогаш одам во систина за конзилијарно мислење за на комисија, без проблем ми даваат. Искрено мојата работа е 8 саати на нозе и кревање тешко и доколку не успеав да земам паталошка јас ќе си напуштев бидејќи бебето ми е поважно од се. Така да ако несакаш да се нервираш мој совет од систина земи си, еве и онака утре правиш скрининг си можела од кај нив за да не се нервираш. Утре ќе ти биде убав ден претпоставувам 2 скрининг ќе правиш ќе си ги видиш бебушите поубаво и подетално. Поздрав
@ddevojce да да прочитав во упатството саат пред и после не треба млечни производи и јајца @KuklickaSk така планирам сега да пробам после ручек со многу вода и евентуално некој сок па ке видам како ке поминам. Фала ви
Здраво убави мешиња Јас ве читам додека дојам обично ама сега бебе спие па викам ај да ви пишам. Ние сме супер, СУПЕР! Малата цица, спие, обожава да миеме газе ужива со вода, се гушкаме, надоместуваме за секоја секунда од нашето четири години задоцнето запознавање. Мажево исто така супер се снаоѓа, ја држи, ја думка, ми помага за миење, за спремање млекце за дохрана. Јас имам млеко, ми дојде веднаш иако сум со царски, но уште не е толку количински за да цица по 60мл на секои два часа како што ми рекоа и се дохрануваме за да не страда нејзиното напредување дур надојде повеќе млеко. Во меѓувреме купив пумпа одма и одмолзувам за да стимулирам повеќе млеко. @KuklickaSk ние почнавме со Памперс премиум 1 и задоволна сум генерално ама добивме за мекици и други 2-3 бренда па ќе ги пробам баш и ќе пишам кои ми се најдобри. Релаксатор не купивме одма зашто се потрошил тој што го сакав и чекам да ми јават од Бебе Хоум кога ќе стигне, но со оглед на тоа дека моево кифле е 2200, а и не плаче без причина, не би ја ставила одма во релаксатор. Затоа корпата за која толку се думав ми е полн погодок - си ја ставам да си спие во дневна, на гарнитура или ја ставам на рамот од количката и си ја доближувам до биро да ја гледам дур подработувам. Вреќичка уште не пробав, а за ќебињата толку страв овде зборевме, сидс глупости, но нема врска - сега си користам едно убаво плетено ќебенце од Ваикики - си ја покривам до гради и нема гајле, нит го влече нит го мрда, сосема е безбедно. Денес падна и папочето - ќе се подмочав од радост Плус полниме пелени со мочки и каки па се радувам зашто знам дека тоа е знак дека добро е најадена. Во петок сме на контрола и едвај чекам да чујам што ќе ни кажат. Сабајле беше патронажната и вика, Топ сте, јас немам што да ви кажам плус, очигледно е дека одлично сте се уходале Само една дилема имам сега иако знам дека е рано да мислам на килажа ама да ги прашам тие што веќе имаат родено претходно. Откако сум вратена од болница немам некој посебен аптетит, се врткам околу бебево, возбудена сум, гледам да потсредам дур спие, да заперам нешто, мејл ова она и не мислам толку на храна - особено кога ќе се видам на огледало со мешево како 5 месец, бетер ми се одјадува. Од друга страна, страв ми е ако не јадам 2-3 оброци ко што треба, да не зезнам работа со млекото - не би ризикувала. Какви искуства имате - дали користевте “гужва” да симнете некое кило или јадевте на сила за млеко?
Јас почнав од вчера и немам тегоби, во упатството пишува за тие што имаат да ги пијат заедно со оброк, пробај така и секако со многу вода зашто предизвикувале опстипација
Ај пак ќе ти кажам, браво бе мајка, пример си за тоа како се ужива со бебе. Околу јадењето, немав апетит првите две недели и симнав килажа, патронажната ме напраи лом, после повеќе читање видов дека нема врска ништо од тоа, млекото ќе си има стандарден квалитет само што ќе ги трошиш твоите залихи. Течности гледај редовно да внесуваш, на еден саат барем чаша вода (совет од педијатар) во почетокот кога се стимулира уште млекото. Само напред, очигледно одлично ви оди
Јогурт,јајца и мевце, за по мрсно млекце. Оброци редовни само без леб, слатки работи никако, и сама ќе падне килажата. Мешето ќе го снема со текоѕ на времето. Уживајте
Да мила, јас тука направив грешка, можело утре докторот што ќе ми го прави скринингот да ми даде и мислење за боледување, ама ајде помина тоа, ќе знам за друг пат, инаку втор скрининг ќе правам, па искрено се надевам дека се ќе биде во ред со бебчињата
Ги пробав и јас, едно испив и толку беше. Консултирај се дали можеш да пиеш сидерал фолик, прашак е и малку е поскап, ама не смета на желудникот.
@EvieBabe многу ми е мило што те читам вака среќна со бебче. Плус и умно ќерче си имашВреди чекањето Само така, секогаш да сте вака среќни. Јас не доев, ама знам дека на почеток е потребно добро да се храниш, не заради млеко туку да имаш сила. За диета има време. Иако јас обратна сумсите после пораѓај слабеат, јас се здебелив Ама ништо не е толку важно како тие слатки души кои ни го прават секој ден најсреќен. Уживајте
Јас во претходната бременост пиев Хеферол и немав мака. Сега пијам капсули Сидерал и првата кога ја испив имав многу гадење и нагон за повраќање. И во аптека ми кажаа по јадење да ги пијам. И немам мака сега од нив. Пробајте обавезно по јадење.
@EvieBabe браво мајче, одлично се снаоѓате. Само така продолжете За исхраната, во принцип гледај исто како во бременост да ти е - значи повеќе протеини и свежо овошје и зеленчук. Месо со салата обавезно бар еднаш дневно, и супи и течности, за млекцето. Батали килажа, сега ти следи период кога можеш да јадеш многу количински и пак ќе ослабнеш, заради калориите што ги трошиш додека бебе цица. Доењето е права ствар за губење кг, не храната. Само избегнувај сега грав, леќа, грашак и храна што ствара грчеви, друго се’ да си јадеш слободно
@EvieBabe баш ми е мило , секогаш така да си терате со бебка јас би ти препорачала многу течности да пиеш , сокови , чаеви , вода. Земи си специјален чај за доилки - јас моментално го пијам тој на Бејбилов и сум многу задоволна. Млеко ќе ти дојде , ставај ја беба често на града. Јас кога сме кај јадењето воопшто не ми текна дека не треба да се јаде зелка , грав , грашак , ете баш прееска јадев воопшто не внимавам што јадам , а се вратив во првобитната состојба веднаш по породувањето , можеби има некаква врска и доењето За тоа што не ти текнува воопшто на храна - истата бев со првото бебе , само во него гледав , воопшто немав апетит
@Yowannty те читав едно време за килажата после пораѓај, и кај мене се е во бутови и газ отидено. ништо не ме собира во бутовите освен хеланки. Ти како си од тогаш? Има надеж или да си купувам нови фармерки
Здраво. После 3 години конечно и кај мене се случи. Денеска 6 недели и 4 дена. Но од вчера почна една болка во десната страна, мислам дека е јајникот. При седнување и станување а понекогаш и кога мирувам боли. Не многу ама ме загрижува. И апетитот ми е мноогу мал. Јадам дури помалце од пола од тоа што го јадев пред да забременам. Можеби е поради гадењето. Некој совет. Каква храна да избегнувам а каква не...
Најпрво честитки Со лесно и со добра мисла да си ја износиш бременоста. За болката не се секирај, скоро сите трудници со првото ја имаат до душа и со второто ја имаш ама ја игнорираш оти немаш време со првото да мислиш на неа, и си мине за 15 секунди Доколку е загрижувачка веднаш кај матичен јави се, и консултирај се. Јас кога останав трудна со првото, така се ме болеше ме пецкаше, и читав по форуми, статии..и наидов на интересен одговор пд една членка кој звучеше вака : " Кога ќе останеш трудна, се до пораѓање па и по пораѓање се ќе те боли Само опуштено, и уживај. За јадењето не се секирај, апетитот ќе се врати во нормала, додека е така, труди се да примаш витамини, овошје и зеленчук пред се. Уште еднаш со лесно