Хаа епа добро штом така Фала ти за позитивната мисла. Ви посакувам на сите идни мамички убава бременост.
И мене ме интересира од каде купувате. Како што забележувам другите брендови немаат посебни облеки за трудници
Месец и нешто од тогаш ги носам сите фармерки што ми се ликра. Е сега пак се малку поише затегнати од што беа, ама претходно не ме собираа воопшто, или ептен едвај. Исто и едни панталонки кои ми беа омилени, претходно едвај ги натнав еднаш брзо после пораѓај и останавме само на шетање кога ги носев, оти ако седнев негде на кафе гарант ќе експлодираа. Месец од тогаш веќе подобро ми стојат, ги носев пред некој ден. Надеж има. Носам се едно исто засега иначе. Не ми се купува ништо оти сакам уште да намалам. Нека оди бавно, само нека оди.
Мешковци да ве прашам дали знаете до кој месец може да се патува со авион? Ќе се консултирам и со докторот, му реков крајот на месецот дека планирам ми рече не е проблем но сега сакам да одменам за ноември. Инаку 21 недела сум
Глад и потреба за у вц ме разбудија. Колку ми е само мизерно кога треба да станам во никое време за во вц и тоа баш на сред ноќ. Оди заспиј после. И шо да јадам у 2 саат освен малку овошје некоја грисина и малку кашкавал колку да не ми бучат цревата. Инаку денес ме скина пролив. Стомак боли, цревата лом бучат уште тоа ми фалеше а и не сум јадена како шо треба денеска. Осеќам некој притисок доле у јајници денес едвај се движам. До крај на 7 ми, извади потврда од лекар дека имаш уредна бременост и обавезно патничко осигурање со тебе.
Женски, имам како кафен исцедок до сеа 3 пати и страв ме фаќа која од вас имаше вака и се породи,барав наназад и не најдов. Иначе сабајле ко видов дека нема форум викам гарант ќе се деси нешо и ке немам кај да пишам хахаха Страв ме фаќа
Денес многу ми е тежок и нервозен денов. Два дена имам јака тахикардија, денес па и со мм се искарав и за никаде сум. Јадев ореви и после почна да ме гуши малку на врат(вака ми е и кога јадам и зелка) и сега сум сигурна дека ми е од тироидната. Глава ме боли, грб и плешки ме болат. Хаос Вчера се јавив кај гинекологот да ја прашам за терапијата дали уште да пијам и она вика "а не, мора да пиеш сега има поголеми шанси за предвремен пораѓај, пиј ја" И така ми влезе во глава и толку од моето расположение. Капак на се и мојата анксиозност се јави и сега ме молеше мм да идам со нив до маркет-не отидов. Ужасен страв ми се јави(плус што си имам болки и стврднувања). Се на се - денов мизерија А и киселини доста имам и не ми помогна Гастрогард, сега ќе морам со "бабини лекови". @butterfly.mk јас колку што знам чепот е тоа. Јас дека паничар, би отишла да ме прегледаат. Види си, па ако можеш тркни на еден преглед.
Ако одам сега вака со мнооогу слаби болки ке си ги измијат рацете брцкајќи јахах Ќе чекам бешо поконкретно и само да помине се во најдобар ред.
Јас не знам која недела сте вие..ама моето искуство е следново. Недела дена пред да се породам ми испаѓаше полека чепот.Чепот е проѕирен-бел, измеѓу некако, за една ден да испадне цел како мрсул да не го наречам Густ,густ шо да ти кажам, одкога испадна по некоја ден, за време на ноќта, станав во вц со болка, седев на шолја успана и си викам ау шо ме боли вака мене бе..и се бришам к гледам крв, аа бидна викам..малава иде. Легнав едно 20 мин , ј мерев контракции, на 8 мин ми беа..станав пак до вц, сс бришам, и уште крв.Го разбудив мажот ми, се спремивме и тргнавме. Преку цела ден носев влошка, и имав крв, од болки почнати во 3 савајле (може и порано дека спиев) се породив во 9 вечерта.Се на се 18 саати пораѓај. Отиди на доктор, да те проверат, давидат дали си отворена. Ја се породив точно 41 недела. Со лесно
Мене така брцајќи раце ми "помогнаа" да се отворам плус 3 прсти и ме примија и до попладнето се породив. Така да, ништо страшно и тоа Како и да е, со лесно
Срамота трето раѓам а страв ми е со првото чепот ми падна ама прво болки,со второто водењак ми пукна, ова нешо ново трета варијанта.... ох леле
Мерите контракции дома, и видете на шо сте, некој жени немаат големи болки, и се пораѓаат лесно,немојте да чекате јаки болки.
Хахахааааа, слушам после првото работава одела многу лесно Дај боже со сите да е така, само сметам да не ѓи чекате болките, него контракциите да ѓи следите..уште еднаш со лесно
Јас почнав со кан бебе но пропуштаа па ги сменив со виолета. Вреќичка за спиење купив но никогаш не ја искористив ни беше топло во соба и само со нешто тенко го покривав и така додека е мало не се врти и не се открива. Релаксатор користев до 4,5 месеци ретко, кога имав нешто работа, повеќе си лежеше на кревет. Нашиот е на вибрации. Не мисли уште сега. Кога ќе се породиш ќе видиш тогаш ако ти треба и што ти треба ќе си купиш и ќе користиш. Зависи и од детето.
Како го осетивте спуштањето на бебето и која недела? После 35та стомакот ми се спушта, седењето ми е отежнато,и имам некаков бел исцедок последнава недела... имав болки и во долниот дел на половината (пиринеум?) ,ама последните 3-4 дена само ноќе ги имам. Движењата се намалени,само се протегнува... Страв ми е