Добра вечер мајки. Денес бевме на контрола. 31+, примав во Ремедика прва доза (две ампули) Флостерон и утре во исто време уште една доза т.е. уште две ампули. Ќе се послужам со терминот на @Presrekna само ќе се изразам во машки род. Палчовци мои 1600 и 1500. Им се брза за излегување. Едното бебе скроз до глава во бешика е. Затоа одам во тоалет. Од мочање неможам да спроведам строго мирување. На сето лежење, цервиксот скратен. 2,2 см. Ме фркна главата. Уште ме боле еве. Признавам дека по кола малку и си поплакав. Ми зема и брисеви. Зборевме за породување, му кажавме дека финансиски не сме моќни да поднесиме породување и интензивна нега за бебињата бидејќи цела ивф постапка, замрзнување и терапија не "исцадија" и нас и моите. Ме упати на ГАК кај Данева. Дај кажете некој збор. Како изгубено теле се чувствувам. Нареден преглед кај него ми е за 10 дена, ми рече да истемпирам тогаш да се видам и со неа. Бараме некои релации сега. Абе да знам дека само пораѓај ќе треба да платиме во Ремедика, за 2000 евра ќе стисниме заби, ама што ќе правам со инкубаторите за две бебиња кои се екстремно скапи? Затоа со мм одлучивме ГАК да биде. Ваков ден цела бременост не сум имала. Плачка сум цел ден. Утоп направена од Флостеронот ваљда. Притисокот 120 со 60. Повеќе од 110 не го поднесувам. Срцево не лешник, зрнце песок ми се направи. Потсвесно знам дека ќе издржат уште некоја недела, ама стравот е голем. Кој би бил имун? Ја повикувам @Emma2 да ми каже доколку и дозволи времето која доза Флостерон прими за нејзините близначиња? Грлото тврдо и затворено. Го "окркав" и прстот внатре. Ѕвезди избројав. Среќа беше дел од секунда. Така мешки, јас денес сум во вакво "никакво" расположение...
@bela.m мила, ти си ни тука за секоја од нас со убави зборови и совети. Мака ми е вака кога те читам. Немам нели искуство со близначиња, ама ете сум прочитала милион приказни кои завршиле се добро. И тоа биле бремености со по едно бебенце. За близначиња сите кажуваат дека се раѓаат порано. Ама ти еве, ќе си примиш инекции за зреење, ќе си мируваш. Цервиксот е скратен, ама ти си веќе 8ми месец и не е огромен проблем. Плус викаш затворено грло. Така да, ете денес премногу работи ти се насобрале, си плачела и ок е. Претходната бременост, со иста должина на цервикс на почеток на 8ми бев, па се породив во 39та недела. Ама ти веќе, од утре ќе си ја вратиш насмевката и ќе веруваш дека ќе биде се во ред. Јас цврсто верувам во ова што го пишувам. И знам, знам дека ќе бидат умни машкуданците во стомак И ќе биде се добро, верувај. Те гушкам
@bela.m немаш причина за грижа. Со оглед на тоа што грлото е тврдо и затворено, а цервиксот е супер како за 31+ со близнаци, се’ ќе биде добро. Башка бебушите имаат супер килажа, за недела-две веќе ќе бидат над 2 кг. Инекции си примила, правиш се’ што треба и секогаш си позитивна, така што знам дека се’ ќе биде добро. Денес си имала момент на слабост, ама отсега само храбро и со верба дека ќе стигнеш до крајот
Многу ви благодарам на поддршката!!! @Sexybaby86 и @flower30 и јас се надевам на вашите зборови. Верувам дека ќе имам успешна приказна ама пак ќе кажам, стравот е поголем од мене (а сега сум со плус 14 кила ) Ве гушкам драги
Денеска изгледа на никој не ни е денот. Бев по резултати од брисеви негативни само за уреоплазмата не е уште готов ќе го видиме. Резултати за димери 2012 бев кај матичната вика дозвокени се до 1800 благо се покачени ама јас незнам пто да ти кажам сега на 17 кога ќе одиш на хематологија покажи му ги таму они ќе ти кажат знаат. Па ти шо доктор си ако не знаеш Сега во Вторник сум во Плодност па таму ќе си барам чаре до 17 има охоо колку време. Се осеќам како балон неможам да се движам да седам ни да лежам во ниедна позиција веќе умрев од киселини не сум испадната од вц и половината ме скина имам голема болка како да ме притиска некој и како некоја си блага менструална болка имав сега ама помина
@bela.m ајде да си предиплувваш алишта за машкуданците што еден ден ќе бидат поголеми од тебе и да растргаш грижи под итно. Мислам дека си супер психички спремна,немој сега за малку да паѓаш.Лежи си и уживај,мисли на убаво само. Ке си добијат на килажа уште некоја недела кај тебе,јади повеќе протеинчиња само Се надевам полесно ти е дека си се исплакала,следно плачење од среќа да биде Ајде,за некој месец ве чека новогодишен фамилијарен портрет
Еве ја Пишав сабајле пред да одам,ама нели проблем со форумов па се избришало мислењето. Добро да ве прашам кога одите на клиника кај се паркирате? Со мм влеговме од долниот влез после гинекологија, 20мин во место стоевме не може ни да се движиш ,а камоли место да најдеш да се паркираш. На крај јас се симнав отидов сама он дрмеше и си вртеше кругчиња,едвај излегол од болница Денес во амбуланта по распоред др Ќаев. Одам таму гледам други млади докторки/практикантки. И викам на сестрата докторот каде е, а моментално не е тука. Мм нервозен,картичката за паркинг сум му ја земала во ташна не може да излезе од паркинг,од работа му ѕвони шефот ајде што направи имаме работа, си викам дај ке седнам ќе чекам ред па макар биле и практикантки. Ме прати сестрата да направам цтг,направив го дадов и така нервозна си дремам,гледам 10:30 а од 11 им е пауза, е тек сега го окркав си реков. Кога од нигде никаде долета докторов и се пуштија сите како оси по него. Ме викна сестрата, таа пред мене што беше ја прегледуваа младите,среќа за мене он седна на стол. Прво го виде цтг,рече дека е добро,па уште вика зошто правеше во 38ма недела? Викам па сестрата ми рече. Па се објаснуваа дека од 39та требало немало потреба порано Плодова вода доволно,постелка добра, бебе си ужива и качува на килажа 3400-3500 грама епишува плус,минус 500 грама се надевам не е плус иначе шо ќе прајме уште 12 дена до термин Му викам докторе минатиот пат ми рекоа 2 прста сум отворена ,а ноќеска мали менструални болки осетив, вика ти ако си отворена ќе осеќаш болки,а се друго се подготвителни болки за пораѓај. Го прашав дали е добра позицијата на бебето за раѓање,вика да добра е позиција 2 Б (ако некој знае што значи...) Контрола рече за 10 дена,нормално јас ќе одам следен четврток на 7 дена Му викам прееска на мм само да не се породам на 10,11 продолжен викенд живо пиле ќе нема во болница. И добро не ми е јасно зошто не се во амбуланта кога ги пишува на врата? Кај да го барам јас,кај одат? Минатиот пат го пишуваше Јосиф Ѓорески,две млади докторки беа,од него ни трага ни глас,а на извештајот ми стои он дека ме прегледал. Мм е роден 4кг,јас 3200 па мислев бебе некоја средина ќе фати @Larahappy ја нема денес, колешке како си?
Добровечер мајки. Имам веќе неколку недели проблеми со кивање и течење нос, баш е неподносливо еве и сеа пробувам да заспијам и се зстнав цела. Не сум настината, мислам дека од самата бременост ми се симптомите. Имала некоја слично искуство и што да се преземе?
Ако мислиш на Фервекс и слични лекарства заборави ги. За носот мислам се дозволени капки за деца или капки на база на солена вода. Цеди лимони и пиј,друго чаре нема..
Не ни помислив на фервекс се пазам од лекатства ептен. Ќе пробам со солен раствор, и на гугл така пишуваше лека ноќ на сите
И јас цела бременост избегнував лекарства максимално. А штом ќе се осетев малаксано и дека ќе ме фаќа некоја настинка одма цедев лимони. Тоа ми беше спас. Пробај.
Да, но потенцирам дека не сум настината, ова се вика pregnancy rhinitis Единствено само носот ми тече и многу кивам, но немам настинка
Од утре @bela.m да се вратиш на доброто расположение , навистина нема потреба од грижи како што ти објасниа девојчињава погоре. Секако дека ќе бидат умни палавковците и ќе седат во меше уште неколку недели! А мене па денов убав, преубав... се заљубив во принцезите мои Вториот скрининг помина, докторот е задоволен како напредуваат и двете, ги изнаслика, слики имам за албум да направам па позерки и двете една до друга, како да си шепотеа... докторот ми вика види колку се сакаат уште од сега душата полна само Господ да не чува сите мајки, но таква е оваа состојба, некогаш со страв, некогаш радост... па плачки... но се надевам дека сите ќе си имаме здрави и живи бебчиња
Денес слабо активна пробав неколку пати да се пуштам не функционираше форумот... Иначе денес на гости кај мама, неможеме да се изназбориме Од болки немам ни Б, мм само си предвидува утре ќе биде, задутре.. Како тргна и 15 ќе го пројдеме А синоќа сонував дека сум 4 прста отворена, значи веќе се опседнав @bela.m не се грижи, биди позитивна како и до сега, во безбедна зона си во однос на тежината не се грижи ќе пркнат. И мене ми викаа да истераш 36 па скоро сум до 39 и моето бебе е малечко, слабо напредува (веќе почнав да не обрнувам внимание на тоа, ќе напреднат надвор). А и нели мерките не се 100% точни.
Добро утро на сите. Станата сум уште од 4:30, мм се испотил,па стана да се пресоблече, се растропа и ајде ме раЗбуди и мене. Оди заспиј пак ми се спие ми се плаче ама неможам да заспам. Ми се јаде ми се оде у вц се ми се прави. Надвор ладно ај убав ден на сите @Dikinzi шо бидна со резултатите?
Ни б од болки Ах бе....кога сум родила јас набрзина па сеа Ај само здрава и жива нека е па ке се среди се Иначе спиењево крш ноќеска ,со едно око отворено
Добро утро драга поддршко Морам да признаам дека денес се чувствувам многу подобро. Бројам до 12 часот за втора доза Флостерон. Смирена сум. Сонот прави чуда. Плус и заврна. На метеопатов му олесна на снага. Мене уствари кичма ме боли од промена на времето, а не од палавковци Од нив немам мака, ама здравје Боже ќе го јадат плескањето по дупе кога ќе дојдат на свет за претрпен страв Мрдат така помрзливо. Од зреењето се како подзаспани... Души, колку само ги обожавам. Од вчера од преглед сум кај моите. Не мрдам до следен преглед здравје. И дома ја имам истата нега, се ми е донесено во кревет ама дека мајка и медицинско лице, плус мајка е пустото па таа ќе ме расправа. Тоа е од мене мешиња, ви заблагодарувам на сите за поддршката, неизмерно значи во такви моменти. Без вас потешко се поднесува се
Добро утро, @bela.m  ете таква те знаеме овде. Уживај кај мајка и опушти се @lejlla браво за девојкитетака треба, да се сакаат секогаш, а твоето срце кога ќе го гледа тоа ќе биде исполнето со среќа @Sofi.ja ја мислев те оставија за пораѓај таму на ГАК секогаш е лудница, ама и мене не ми се свиѓа да идеш па да те прегледуваат практиканти. Знам дека треба и они да учат, ама нас ни е страв. И јас кога одев за првата бременост, така по 2 имаше шо се учеа на мене. Битно те прегледал докторот и ти сега удри на движење, качување по скали, топли купки(мислам ако сакаш побрзо да се породиш) Ајде повелете на кафе. Ноќеска до 3ч со мм малку се каравме, малку плачев(оти нема да сум јас ако нњ пуштам некоја солза). Ме погоди со еден муабет, мислење за бременоста за кое сум тотално јас крива а тој има друго размислување. Ама ок, тоа ќе го искажам во друга тема И да прашам, оти нели "дневна доза нервоза" Во кујна да отворам вратичката од кујна долу се закачив малку на стомак со ивицата на вратичката. Не беше силно, ама осетив. И сега страв ме фаќа. Ваљда не е страшно, нели?! Мм вика заштитено е, не е до кожата одмаама дека осетив малку ме здоболе па се исплашив Ајде да допијам кафето