Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Силни мами!!! Се ќе биде во ред!!
    Гледам сите се поткаравте со мажињата, време е да го подберам и јас мојот :D.
    Вчера на контрола, буци си расте, 27+4 некаде над килце е (ми стана тешко, зошто знам од шеќерот е, дур го стабилизирам изминатиот месец) ама па читам овде во големина на плод, имало бебуши со иста килажа во 27 недела па малце ми олесни. Инаку си се развива како што треба рбет, бели дробови, крвни садови итн. Е сега големко, е епа големко е, нека биде живо и здраво.
    Единствено што ми рече докторот е да внимавам на исхрана како до сега, да си примам инсулин, за да не го збуциме уште повеќе, оти за пораѓај ќе ми било тешко. Запнал природно да е, а мене ми е сеедно, може и царски повеќе да ми одговара да не ризикуваме со вака големко бебо.
    Ми беше страв за постелката, зошто читав дека кај бремени со скриен шеќер побрзо се развива и се одделува, ама докторот ми кажа супер ти е, нема никаков аларм.
    И така мами, денес сум да ме ѕирне и матичната, зошто на 2 лекари сум уште од почеток (едниот специјалист, другиот матичната)
    И сок ми се пие ми се плаче, ама не смеам ни да помислам не да се напијам, ај ќе си истрпам уште 3 месеци.
     
    На Scorpio87, dunika, koritsaki и 7 други им се допаѓа ова.
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Читам неколку мајки примат флостерон. За што е таа инекција, баш ве читам ама не сум у тек. За зреење на плучата на плодот ако се има знаци од предвремен пораѓај?? Најчесто кај близнаци или? @bela.m

    @Dikinzi се е у реду гледаш! @flower30 заштитено е не му е ништо. У 3 литра вода плива ништо не осеќа, освен нервозата и стресот кај мајката. Опушти се!
     
    На Girl-Rabbit, dunika и flower30 им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.803
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја што спиела ноќеска и не се скарала со мажот? :D
    Ноќта била таква изгледа. Одамна не сум (не)спиела полошо.
     
    На ddevojce и vekickaang им се допаѓа ова.
  4. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.979
    Допаѓања:
    143.666
    @ddevojce фала ти. Ама јас не сум јас, ако не испаничам:D. Оо бебево мое здравје кога ќе се роди ќе ми наплати за сите стресови што му ги предизвикувам:)
    @Jana06 тешко на мажите ноќеска :) секаде имало бунт на хормоните:D
     
    На green.eyes, ddevojce, Andonia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    @ddevojce Флостерон инекциите се даваат за зреење на феталното белодробие. Се дава кога има кај пациентката индикации за предвремено породување. Почесто се дава кај близначка бременост бидејќи близначињата се раѓаат порано, но не секогаш.
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    1.483
    Пол:
    Женски
    Бремена сум 14 недела. Имам 36 год и правев приска. На ехо е се супер но на приската ми излезе дека биохемискиот сооднос е во ризик. Доктор ме советува да правам нифти тест. Дали има некоја со слично искуство и со совет што да очекувам од тој тест. Ви благодарам. Инаку нова сум на форумот...
     
  7. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Оо тешка ноќ мајки сме имале сите, како што напишав и вчера, таква е оваа состојба, страв, радост, нервоза.... од се по нешто.
    Јас се разбудив околу 4 часот со болка во стомакот, како менструална, не многу јака но доволно да ме вознемири да неможам да спијам. Будна бев до 7 часот, се напив магнезиум па ми помина. Сега станав и осеќам уште слаба болка, дури незнам дали од страв или реална е (facepalm) се прашувам од што може вака, дали уште се шири матката (21 недела) или па можеби од прегледот вчера, искрено докторот како да ме стискаше со сондата, а и после првиот скрининг ги имав истиве болки.....незнам од што може да биде:?: но знам дека вчера се беше во ред на прегледот така да ми преодтанува да си лежам денес и да се опуштам малку :lol:
     
    На bela.m, dunika, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Добредојде на форумот и со лесно бременоста :)

    Иначе и кај мене беше истото на приската, бев на три мислења кај различни доктори.. пошо едната кај шо го правев и тоа во приватна болница ми се запна за пренатален, а потоа демек мораш амниоцинтеза ако не го правиш пренаталниот.. ме испаничи скрос.. и затоа побарав и др мислења и дури и два скрининзи направив..
    се беше во ред со мерења со се, и за приската во приватна болница ми рекоја дека е само статистика шо не е толку веродостојна, а тоа за нифти тест е вика по избор, но немаш потреба, а амниоцинтеза во тие недели ни под разно и ништо не направив искрено се е во ред засега 25 недела сме.. побарај си и второ мислење..
     
    На Ann.loves.you и MikicaBt им се допаѓа ова.
  9. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Приската е математичка калкулација врз основа на внесените параметри - не е воопшто прецизна и базирана на фактичка состојба. Додека пак Нифти или Верифи (јас го правев тој тест), даваат категоричен и прецизен резултат Да или Не за сите тестирани аномалии со 99% точност. Ако можеш да си дозволиш финансиски, јас би направила тестирање - не се оптоварувај со Приска. Ако не, терај си напред со позитивна мисла.
     
    На bela.m, Sexybaby86, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски

    Не се секирај ништо не му е :D Мене ќерка ми на неколку пати додека и менувам пелени ме има со нозете удрено по стомак, не сака ни под разно да и се менуваат. И ја се плашам ..ама господ нека ѓи чува :)
     
    На bela.m, dunika, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Нифти и Верифи на кој начин се извршуваат ? Баш ме интересира :)
     
  12. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.979
    Допаѓања:
    143.666
    И мене пред некое време така ќерка ми ме потчукна по стонак инпак шубе ми беше и одма прашував тука:)
    не можеме да се допазиме. Господ нека ги чува бебенцата

    Инаку Нифти, односно сите пренатални тестови се прават преку крв од вена. 2 минути работа без стрес и ризик по мајката и бебето. Се прават од 10-24 недела.
    Е сега едино ризик по финансиите има:D
    700 евра. Резултати за 2 недели
     
    На bela.m, dunika, koritsaki и 7 други им се допаѓа ова.
  13. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Преку крв, пет минути работа.

    Едит: Сега видов дека Цветче пишала :)
     
    На Dikinzi и flower30 им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Добар ден :hai:

    Да се пријавам во тие што добро спиеле ноќеска, ако има такви :D Уште ми е рано за неспиење, 13 недела сум.
    Прегледите за оваа фаза завршени. Приската покажа низок ризик за двете, оставив крв денес за тироидната, крвна слика, и за заразни болести. Ги правев последните и за првата бременост, мислев не треба пак, ама морало и сега да се прават :| Окапав во лабораторија денес, на два пати се враќав :devil: Сега на работа, ако ништо друго барем на столче ќе одморам :D

    Мене за пренаталните тестови поинаку ми кажаа овде. Ми препорачаа амниоцинтеза како многу попрецизна кога се работи за близначка бременост. Според нив, на тестот преку крв доколку не дај Боже се покаже аномалија, многу тешко се утврдува кај кој плод е аномалијата. Па за да се избегне голем трошок, се препорачува амниоцинтеза. Иако докторката ми рече, според неа лично немало потреба од амниоцинтеза, ама јас сакам да направам чисто за себе, пред се’ заради возраста.

    Ми се јаде, ауууу ретко кога сум толку гладна како сега :$
     
    На Bozica1980, Miss.N, Nora.A и 5 други им се допаѓа ова.
  15. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    1.290
    Пол:
    Женски
    Девојки
    Вчера имав болки цел ден така не толку силни но се испаничив малку и отидов на преглед. Бебенцето е добро.
    Абре девојки кога го видов како претка со ножињата и рачињата ми надојдоа солзи од среќа. Неопишливо чувство било :inlove:
    Не успеа да го види полот не беше свртено како треба, големината одговара на 15та недела а и беше многу активно цело време мрдаше иако јас не го чувствувам уште... Рачето цело време до главата го држи :inlove::l::l:
     
    На rainbowmama, Nora.A, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    12.372
    Пол:
    Женски
    @srce-9 , а која недела сте? И јас во 15та кога бев, нешто слично на твојов опис, со рачето до главче, со разлика шо кај мене се виде полот, дека напрчено беше .:):lol: Можеби кај тебе е женско хмм. Најважно е да се здрави прави радосни:l:
     
    На dunika, Vanessa9li, bela.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски

    Ааа соленко троа :D А јас си мислев, нели има некоја постапка каде што земаат директно пример од стомакот на мајката ? Чим е венска е супер, него стварно многу скапо.. :D
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски

    Супер, него ми кажа ептен скапо е така..ама ако со тоа добиваш точен резултат, и да не му ја мислиш..тогаш супер
     
  19. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Јас и првата бременост, и оваа бременост ѓи сетив во 15 недела. Легни на земја, опушти се,стави ги рацете на меше, и полека со едното прсте тропни на мешко, или малку буцни по мешко. Пред тоа касни блачко нешто. Немој да се плашиш дека буцкаш силно, на доктор три пати повише притискаат по стомак :D Опуштено, чекај го, како грчеви во стомак..за пола саат сигурна сум ќе го сетиш, оти зависи тоа дали спие, или е будно :*
     
  20. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.979
    Допаѓања:
    143.666
    Од стомак се прави амниосинтеза. Со игла земаат примерок од плодовата вода(јас така знам). Сите доктори кажуваат дека постои некој ризик од спонтан после процедурата, ама и кажуваат дека докторите сега веќе се повеќе испраксирани при постапката и ризиците се помали. Ако на пренаталните тестови покаже некој ризик на крај пак се оди на амниосинтеза(се прави на ГАК или по приватниве клиники).
    А за цената- да. Премногу пари се. Ама ете, стравот и советот од гинеколог, и решаваш да направиш.
     
    На Nora.A, dunika, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.