Понекогаш и чувбствувам како пулсирање или кркорење можеби е тоа. Докторот вика ауу види колку е немирно ми бега Мереше главче, чукање на срценцето, бурната коска но ете за полот рече не се гледа надолу е свртено со главчето свиткано, рече ајде нареден преглед ќе си дознаете. По цел ден сум на работа седечка положба така што кога ќе отидам дома ќе го пробам ова
Знаев дека има таква постапка, и дека може да има последици, ама не знаев дека се вика така. Затоа и погоре прашав, да не е една од тие Нифти или Верифи. Фала на објаснување
Точно 15+0 бев вчера. Дали може да ми кажете дали ова значи полни 14 или полни 15 недели? Не успеа да го види полот свиткано беше со ножињата и не виде ништо Ма какво и да е само здраво и живо да е. Сопругот имал претчувство дека е синче и цело време си го вика лавче...
Ако е константно пулсирање тогаш е стварно пулсот, иначе и во седечка можеш да го сетиш. Така шо благо ќе се наклониш накај маса, колку да има мал притисок на меше, концентрирај се, и ударите се таму Нежни, како што кажав како грчеви, во пределот на бешика, немој да ги чекаш на стомак, прво се доле..Иначе мајките седат испружени на столче, затоа што ако седат како да лупат ајварски чушки, бебето одма почнува да мава затоа што нема простор да се шири
Бев на цтг кај матичниот слаби болки ми рече пошо сум треторотка да идам у болница ама ке почекам уште малку ми е страв ижод брцање рака у пм
Ајде со лесно. Мојов мали ве чека вас па да фатиме место во болница ние а може и тетка Лара да ни се придружи или да не претрка ако добро запамтив на 10ти е на контрола @Larahappy и јас сум тогаш па ќе видиме со кај сме. Ух што е убаво времево,уживанција ми е,макар седела дома со отворена балконска врата. Да се надеваме дека и отоците ќе спласнат. Се накркавме солено,благо ај сега нешто да поработиме
За чудо и јас успеав да се наспијам синоќа само со едно будење кај 3 Ама еве денес веќе 4та ампула тотхема пијам сабајлево, и додека ја пијам и кратко после тоа осеќам како некој притисок на белите дробови, и малку ми е отежнато дишењето, кое и така не е сјајно со влагава надвор и астмата што си ја имам....
Мислам дека се полни 15 сега одиш накај 16та. Јас сум 16+5 и еднаш го осетив во 15та ептен така нежно кога се напив кока кола и легнав и еве од тогаш чекам пак ама слабо некако како поспанко е, а и не сум пиела кока кола од тогаш..
Ај да ви се придружам веќе, што велите? Срценце слушнавме, денес сум 6+4, засега сè е во ред, снегулчето мое си расте. Маки имам со спиењето, се будам и толку од спиењето, среќа денес во 5 се разбудив, а не во 2. Апетит немам ич, но сосила каснувам бидејќи знам дека мора. Силата ми е во минус, се уморувам од дневна до вц Убаво ми е на душава
Како што веќе то пишале дека Приска е статистика, односно со резултати како твоите (мерки и хормоноте што ги мерат од крв) едно на колку бебиња се раѓа со даунов синдром. Иако е статистика воопшто не е за занемарување, меѓутоа не е ни за паника затоа што има иследувања кои ќе отфрлат постоење на аномалија. Амниосинтеза е инвазивна метода но многу користена и безбедна, ризикот од неа поточно ќе ти го каже гинекологот ама е мал. Пренаталните тестови се благодет во денешно време, скапи многу да, ама сосем безбедни и точни. Со опција да се плати на рати.
Можеее Добредојде, Оли Многу ми е мило, тоа слушање срценце ни беше една од најстресните и најубавите работи во бременоста - сигурна сум дека ти олеснило многу. Сега биди мирна малку, бар до прв скрининг, знам дека толку трае мирот Уживај во секој момент иако, да, на почеток е тешко со симптомите: гадење, задишување после пет чекори, напливи на емоции и ред други. Лапај витамини и протеини за да расте бебе и мисли си на убави работи. Знам дека сега 9 месеци ти се чинат вечност, јас се чудев како ли ќе пројдат, но верувај поминуваат брзо и нема назад -само еднаш во животот си трудна со прво дете - уживај во секоја секунда
Ме расплака со ова, колку убаво го кажа Да ти кажам право, многу ми олесна, но пак малку ми е страв, сакам да е сè во ред. Од симптоми имам како некоја тежина во желудник, сè ми смрди, одбивност кон речиси секаков вид храна, замор. Лапкам витамини, а сосила јадам протеини, овошје, зеленчук, ограничено млечни производи, јаткасти, манџички со месо, јајца. Кај што ги набројувам ми се одјадува Сè ќе издржам, само тоа да си пливка и да расте Добро ве најдов сите, убаво да си се дружиме.
Ајде само со лесно и без грижи, такво е првото тромесечие, малку чудно но ќе пројде додека трепнеш! Најбитно е што ти е убаво на душата Еве јас во првите месеци јадев само глупости, тестенини, смоки, грицки зеленчук неможев да смислам, па богами ни овошје... но среќа после третиот месец се вратив во колосек и среќа се е супер до сега
Јас три месеци бев на чипс и 7days кроасани. Докторката тогаш рече подобро да терам така, отколку да повраќам се друго. Секако си примав плус витамини
Нифти тестот е 41500 ден. Цената е овој период намалена од 750 евра. Јас ќе го правам следната недела... За мир во душата.. Можело да се плаќа и на рати
Јас прескокнав се!И приска и ехо.Направив хармони слично ко нифти.На рати го платив.Раат.Од десетта недела сум раат.
Едно големо и топло добредојде од мене @Оли, многу ми е мило што се начекавме во оваа тема! Времето во бременоста лета, тоа што сега ќе го доживееш ќе те направи духовно најбогатата жена. Многу убаво пишала @EvieBabe, првата бременост е нешто што нема реприза, уживај во секој момент. Секоја болка во телото нека не те плаши туку нека те потсетува дека во тебе расте нов живот, а тоа богами не е така едноставна работа. Школска и уредна бременост да си имаш, ти стоиме на располагање за сите труднички дилеми