Не се нервирај, мене на 40 степени дотичниот директор по банки ме праќаше (таму луда ме правеа со стомакот до заби) а што да правиш... И колешките малце осет треба да имаат, во одмината бременост си, нека ти помагаат зарем они не биле мајки или допрва нема да се ? разговарај со претпоставен или уште подобро бегај на боледување (и така како што имам читано нема да се враќаш таму).
Даа уште не сме купиле купка. Ќе одиме викендов до Сити мол,ваљда нема да се потрошат залихите Поголеми глупости не сум прочитала. Освен тоа за спиењето на грб,бидејќи навистина не се препорачува. Спијам на страна,но некогаш се будам на грб и без паники си се вртам на страна и продолжувам со спиење..
Па јас и кажав на шефицата она вика па полека не мора да брзаш да наредиш. Колешките не помагаат многу, демек можам, ништо не било тешко.
Многу ми е мило што те најдов во темава мило девојче. Со лесно да ја тераш бременоста. Ќе ти се гади малку може и повеќе али знај дека се преживува само на кока кола и леб и кашкавал. Ништо апсолутно друго и витамини кои одат до бременоста. @Starlič случајно те прочитав дека користиш коњска маст. Таа не се користи во бременост тргни ја настрана. Нозете стави ги на повисоко и масажи нека ти прави некој. И секако многу одмор. За емотивниот колапс има еден лек-плачи. Ако сега не плачеш и никој да не ти замерува нема кога. Плачи колку што ти душа сака.
Сигурно цел ананас не го јадеш наеднаш Јади слободно. Ако така предизвикувал контракции сите ќе се породевме порано немаше до 42 да седиме. Слободно што ти душа сака јади и пиј освен цигари, дрога, лекарства и алкохол. Сега го прочитав ова што го закачиле погоре. И за него истото важи ова што го напишав.
нее до сега ананас немам многу јадено али се зачудив...и за грозјето ми е чудно а баш земав од кај татко ми...ми се пријаде бело крупно...домашно