Јади се. Ама буквално се што сакаш. Ова важи за ако изедеш еден шлепер ананас. Истото го има и во швепс. Ако испиеш 10 литра наеднаш пеким.
Ај да ве поздравам со бебушот од денеска докторкава се изненади а богами и јас колку мрдаше додека го гледавме само кажа машала инаку до понеделник 12-та недела
@0ли добредојде мила И @macufce исто Таман има празни столчиња Јас јадам грозје,првпат слушам дека не смее,шеќер има да,и гликоза,ама е многу здраво,полно со антиоксиданси и полифеноли,плус за столицата е супер. Ананасот содржи бромеалин,ама треба 5 кг да се изедат дневно па да наштети. Треба умереност во се. Арна иначе,само мочањево на 15 мин ме излудува.Сакам да си го видам бебе,тек на 23ти сум на преглед
Зошто не се користи исто како останатите лекарства кои не се користат во бременост содржи состојки кои навлегуваат во плацентата или не е испитано дејството врз плодот. За болки ќе користиш ибобруфен маст и со неа ќе се мачкаш. Исто така ќе земеш и за главоболка ибобруфен. Смееш и парацетомол и тој е за опуштање. Реглан само под надзор на гинеколог. Исто и диазапам под надзор. И толку од лекарства кои се дозволени. Друго е се забрането чак и оние за болки во грло за лижење. Пред било што да користиш провери на нет или во координација со гинеколог. Не е страшно си се намачкала неколку пати нема ништо да се случи. Али избегнувај хемии понатаму. Другото не се користи ниту во бременост ниту за време на доење.
Е да,грозјето обавезно откиснувајте го во вода,многу е прскано и залепените пестициди не се отстрануваат со еден млаз вода. Ако ви е шубе,држете се до јаболки,банани,портокали и мандарини
@dunika , јас го тријам грозд по грозд, демек најтемелно да е измиено . Којзнае колку е така? Па и за јагоди велеа дека можно е да се добие токсоплазма, ако не се добро измиени, ама шо знам... Па се треба да се мие, само колку се измива...
Ај јас ќе си приќутам оти не смеам овошје заради шеќерот. Ама пред да ми го откријат имаше еден период каде секој ден ме тераше на цеден сок од портокал и си пиев, иако некои велеа не било убаво... Значи се што е умерено е во ред, подобро грозје отколку сникерс. Каснејте си што ви душа сака и за мене
Жени да ви кажам мое искуство и мислење: уште малку полни 23. Сум јадела ананас у прво тромесечје,сега не сум купила зошто не ми е текнало а и не побарале дома, кога ќе купам ќе јадам. Круши јадам колко што ми сака душа, грозје колку имам изедено последните 2 месеци, толку немам коса на главата. Јагоди јадев и другите бобинки, сега вече нема, само замрзнати ама не е тој ефектот. банани за доручек ручек вечера обавезно кога ќе станам у 3-4 саат гладна за банани се фаќам пошто ме мрзи да јадам а и ладно ми е. Апетисани кикирики ореви лешници миндели индиски јадете се. Се што што е сезонско овошје и зеленчук јадете и не се оптоварувајте, искористете витамини и минерали. Од лекарства пиев неколку пати парацетамол од 500 мг. Дневно се може до 1000мг или по совет од доктор и повеќе. По 2 на ден сум пиела. @Starlič Инаку денес баш и не сум расположена, јас таткоми и ќерками идеме на прошетка у еден друг град мм ќе одеше на раб со воз вели ајде и вие заедно ќе одиме ќе те фати гужва со кола остај ја овде на паркинг. Ок. Се прошетавме јадев едно индиско чудо тамо со кари леле ме ќине желудник и киселини, грозно. На враќање возот застана 4 станици пред нашиот град некој проблем сите патници излегоа. Врне ветер студено требаше автобус да чекаме 50 минути надвор на станица. Цел воз со народ чекаше и дојде само еден автобус за преку 200 и кусур народ. Среќа се јавив на еден пријател па дојде да не земе у меѓувреме. Катастрофа смрзнавме. Сега у кревет. Утре нов ден нова нафака.
Здраво мешки, Ве читам на рати, ама не ве пропуштам. Немав време за пишување бидејќи се борев со бактерии и вируси на малата, па јас настинав, а згора на се' нон-стоп имам јаки (сл. на ревматски) болки во цела лева страна на телото, само се пефрла од јајник во кичма, па во слабина, па во ребро, па во колено, па препон... Мислам дека бебуш ми притиска на некој нерв. А бебуш рипа, скока и се врти, па бар за неа не се секирам. Ме удира и на психа веќе се', башка што одвај спијам. Од друга страна ме радувате вие. Поздрав до новите мами што супер се снаоѓаат во мајчинството, поздрав и до пресните мешиња, а посебен поздрав за веќе искусните фемински мешки.
Ананасот се препорачува за јачање ендометриум во фаза на забременување, не верувам дека има двоен ефект т.е пред забременување да помага после да штети Јас сум за јадење се во умерена количина, да не се претера со ништо, не верувам во екстремно штетна ниту во екстремно корисна храна. На организмот му треба се, но се што е во прекумерна доза штети.
Се согласувам со Sesil, и трудни и нетрудни најубаво е да се јаде умерено. Само тие како мене со неубави искуства, ние што се вика и на кисело млеко дуваме. Знам дека кафе во одредена количина е сосем ок и голем љубител сум ама не пијам, го заменив со какао. Кај нас тропско овошје има преку целата година ама па не ќе умрам за ананас. Локалниве жени и лубеница не јадат во бременост, fine, сигурно ќе преживеам и без тоа, па има еден куп овошје. Инаку јас последниве два три дена спијам по цела ноќ, претходно имав период не можев два саати да врзам. Ама очигледно и вака не е ок, не осеќам и не станувам и за во вц. Сабајле стомакот камен бешиката преполна дури и ме боли. Не знам како не се будам. Добредојде на сите нови мешиња, ви посакувам убава и лесна бременост.
Добро утро жени, да ве прашам дали осеќате болка во утерус или како се вика коската таму долу?? Ја осеќам како гнила и ме боли дури тешко ми е при движење. Кога ќе легнам да одмарам вечерта се јавува. Веќе неколку дена така. Дали од многу движење не одмарање или?? Убав ден на сите!
Мислиш на срамната коска ? Мене во првата бременост ме болеше во поодминатите месеци, како тежеше бебето..чинам краставица имав заглавено доле. Магнезиум напи се и би требало да биде поопуштено. Мене ме боли на мочање и на она другото раната доле, дали се растега кожата коа седнувам на шоља кој знае..