Добро утро. Од сабајле со некои слаби менструални болки, и мисла дека стварно имам бебе во стомак и кај и да е ќе излегува На цтг сум во понеделник, па ќе видиме до каде сме. Ваљда нормално е малку да паничам што како ќе биде нели?
Да, срамната коска. Сигурно од тоа е. Фала @KuklickaSk не се секирај, терај си. Треба да си среќна шо се ближи моментот. Ние со ќерками мислиме имиња. Таа е на Л, сега и сестричката ќе биде исто на Л. Денес ќе ги вадиме бебешките рубички од нес да ги разгледаме ❤️
Нема потреба да паничиш и јас синоќа со некоја мала тапа болка бев, а во понеделник на преглед да видиме водата и постелката до кај се, инаку 38ма терам. Нормално е да си размислуваш што и како ќе биде, ама без паники
Женски,утрово и вчера,значи во два наврати,на бришење забележав ептен бледо зеленкаст исцедок колку зрно ориз од прилика,без никаков мирис.Печење и чешање немам,остатокот од времето ми е продзирен и воденкаст.Веш носам најчесто памучен бел,за да приметам ако има нешто. Лекарските наоди пред 2 недели ми беа супер. Сте имале ли вакво чудо,знам дека обоен иседок е абнормален,но дали одма да реагирам и да барам лекар
Јас вчера исто спомнав во болница на преглед дека имам такви болки, заминав пошо имав кафен исцедок ми рекоја е нормално,јас сум 39+3 Едвај чекам. Сабајле пак темно кафен исцедок но сигурно е од вчера прегледот. Со лесно на сите
Ми се случило и мене неколку пати. Брисеви чисти. Урина и уринокултура исто. Немало нешто загрижувачко после тоа. Нормално е матката да лачи повеќе секрети. Според моето искуство, не било проблем.
Почекај некој ден и види дали ќе се повтори. Не ми звучи како инфекција, во тој случај би бил баш зелен или жолт исцедокот, а и брисевите . Можеби нешто заостанато било. Ако се повтори и стане пообилен, тогаш барај лекар. И мене ми се случило два три пати, па се’ излезе чисто на брисеви
Мила немам искуство,но знам дека држат различни брендови,нека ти препорачаат,а и прашај во темата “Количка”,ке ти споделат искуство верувам.
Јас искрено многу сум ограничена со изборот бидејќи барам за близнаци и единствено таму ми се допаднаа на bebeto мислам дека беа, ќе пишам и во другиве теми, а ќе одам сигурно и до таму да ги видаме како изгледаат во живо
Здраво, здраво мешиња големи и мали Јас еве трет ден кај моите, трет ден добивам цвеќе од внук ми со задолжение да го носам цел ден на уво Примени двете дози Флостерон, 24 саати по примањето на втората доза, образите ми се вратија во нормала. Црвени-калинка ми беа. Јаки главоболки, благи тахикардии, црвенило по лице, потење и помрзливи движења на плодовите се нус појавите кои се јавија кај мене. Информирам за да знаат другите што би ги примале. Се чувствувам добро, во хоризонтала јадам и пијам. Свеки денес испрала се од алишта за бебињата. Мм го чекаме на ручек. Ми доаѓа во посета секој ден. Може ќе го убедиме вечер да преспие и тој овде И да не сака, 10км не му е многу возење од дома 1 до дома 2. Надвор времето преубаво, ние со мешко затворени дома. Не дојде ред да го прошетам мешево мое. А па кога движев, едно шетање што му правев.... Ми идеше во вреќа да шетам, оти нели сите во мојот стомак зјапаат оти немаат друга работа. Ај, ќе надокнадиме шетање со количката, само нека се родат здрави и живи. И моите и на сите!!!
Мене чувството ми е обратно од твоето, Баш ми е убаво кога луѓето ме гледаат во стомак. Теткиците на работа од постара генерација редовно ми кажуваат како им е интересно што не го кријам стомакот, за разлика од нивно време кога се облекувале во широки фустани. Е сега, не сите случајни минуваши-зјапачи реагираат убаво на виденото меше. Некои ќе се насмеат убаво, а некои знаат да направат безвезе фаца. На вториве ми иде да им се исплазам и да си поминам, ама пуста домашна култура не ми дозволува. Затоа само ги погледнувам поостро, па симнуваат поглед. Со некои влегувам во staring contest. Како и да е, ова ми е еден од забавните ефекти од бременоста. Баш ме интересираат мислењата на другите мешиња на темава. Може и да сме ја начнувале неколку пати, ама еве сега "официјално" ве прашувам.
Јас исто ко тебе обожавав да се “прчам” со стомакот Си носев тесни маички и кошула пример врз неа врзана над стомак. Или тесен фустан па тексас елече врз него. Кејфови беше, баш ми фали стомакот
Хахаха цела бременост на грб ја преспав, не можев поинаку, само така ми беше најдобро и најзгодно...и хорор филмови глеав редовно, го обожавам тој жанр... родив две прекрасни принцези кои ги шетам со еден чорап наопаку за да не ми ги урочат хехехе
Оли е бремена????? аааааааааааа Честитоооооо...леле колку сум окезена, прекрасна вест, не можам да ја тагнам од мобилен дека изгледа...Оли со лесно мила...оф, колку прекрасна мајка ќе бидеш...се израдував до небо!!!
Дааааа! Денес 6+5 Знам зошто не ти успеало да ме тагнеш, ников ми е со нула Ве гушкам сите, ме топите и се мрсулавам на секој пост Не бев ваква плачка Неизмерно ви благодарам за топлото добредојде во темава! Денес се расплакав во кола бидејќи пред да свртам накај Систина, имаше огромна колона со возила што одеа право и еден ми застана за да поминам. Си се изнаплакав за гестот Ноќеска конечно си поспав. Легнав вчера во 21, се разбудив во 4:30, но околу 6 си призаспав до 8. Конечно да поспијам.
@0ли секоја ситница ќе те расплакува исто и мене сеуште ми е така (никако да помине) од гест на луѓето за ситница ми иде да рикам А за спиењето мислам дека допрва доаѓа сонот јас бев кома цело време до 12 недела, а сеа како вампир 24недела не се спие дури ни на пладне не преспивам
Здраво здраво мешиња Денес му се удрив на чистење....натака навака цел ден и стомакот го осеќам како балон (мислам ќе пукне) ајдее може бебе ќе реши да излезе Се надевам пола ве излажа сонцево и ги прошетавте мешињата, мило ми е ако е така Јас сега се туширам и идам малце коса да шишам затоа што после незнам колку ќе дозволи време (бебе). Ве гушкам