Јас почнав многу да се плашам каков пораѓај ќе имам, дали ќе знам да се снајдам во целата таа приказна.. Дали ќе знам што треба да правам?!
Не се грижи воопшто,во болница ке си под медицински надзор,соработувај колку можеш со нив и бебче ке гушкаш секако,нема кај да оди Сериозно ова за зјапањево во стомак А што има чудно или невообичаено во труднички стомак?Јас се топам секогаш кога ке видам трудница,и во себе и ги посакувам најмагичните моменти на светот Меше уште немам Насабајле е рамно,после се подува од храна се разбира,ај може ке му текне да порасне овој месец Се изморив денес,несакајќи си отворив работа,барајќи некое памучно џемперче,извадив се од зимска гардероба,а си кренав летно.Ги складирам под брачниот кревет инаку,ептен практично ми е. Сега машини вртат,битно ке имам помалце за пеглање
Леле @dunika , блазе си ти И мене во првата бременост слабо ми се познаваше, мислам 14 недела веќе почна по малку да се приметува. А за оваа бременост од старт ми се познаваше. Јас веќе не можам да се наведнувам нанапред да врзувам патики, а 13 недела сум Ме фаќа паника во 28-30 недела како ќе биде И до кога ќе можам да ги носам, да не тргнат прерано да излегуваат Од што ме мачат овие мисли не можам да уживам во бременоста и преостанатиот период како трочлено семејство Некој го спомна какаото....знам дека за железото е добро. Мене хемоглобинот ми е точно на горна граница. Смеам какао да пијам, да не си направам дополнителен проблем?
И мене ме нервира зјапање во стомак без усул. Кога бев трудна со малава, дека сум слаба, буквално цела само стомак бев. Имав многу плодова вода и крупно бебе носев, па ме зјапаа ептен, дури и со погледи на сожалување Сега уште имам мало меше, ама ако не ме загледа човек, не се ни познава. Ми пркна таму на почеток на 4-ти и сега споро расте. После во 7-ми пак нагло ќе порасне. Бар мислам, исто беше и првата бременост, на двапати забележав онака баш нагло да ми порасне, и не само јас, туку и другите околу мене. Се надевам овојпат нема да ги добивам истите погледи Мене ми е па незгодно кога ќе видам трудница да ја погледнам во стомак, а не па да се зазјапам. Некултурно ми е, општо зјапање по други луѓе. И затоа нејќам ни мене да ме зјапаат, се осеќам ко да сум центар пажња, а ич нејќам да сум (жив интроверт сум и ми е срам ). Инаку денес шетавме со мм, шопинг за детево за есен/зима и за градинка. Сега лежам, некако за првпат осетив тежина (мала болка) кај раната од царскиот. Изгледа претерав малку, шпартав со саати без да седнам. Не пијам сеуште редовно магнезиум, зошто немам некои болки во лигаменти (веќе еднаш растегнати дека се изгледа) Ама ќе си почнам од денес редовно да го пијам. Сега кафе и колаче, машина врти, а малава е кај баба и’ денес и ќе остане и на спиење. Колку значи кога имаш баба што живее под тебе и може да ти причува дете кога и да посакаш Па после туш на раат, па филмче со мм. Ех одамна сум немала ваква вечер
Какаото е супер за железото, јас секој ден го пијам во замена за кафе и плус јадам по едно зрно сирово какао исто и тоа секој ден , сега сум 21 недела со близнаци и крвта до сега ми е супер, не земам никакви дополнителни суплементи па ќе видиме понатака.... Меше мислам дека уште првите недели почна да ми се познава и онака бев исплашена да не не е нешто во ред, а тоа две бебиња ми ти биле еве на почеток на 6ти месец сум а стомак како за 8ми ми е @green.eyes и ти си со две бебчиња??
Да, две се И мене ме зачуди големиот стомак од старт, ама дека втора бременост, викаат побрзо се познавала па мислев тоа е Ама имало и друго, затоа голем Пред да влезам во 6-ти месец кога бев бремена со син ми ми беше толкав стомакот колку што ми е сега на крај на 3-ти А уште колку има..... Бебиња добро се развиваат, одговараат точно на неделите Се надевам до крај ќе биде во ред и дека ќе издржам
Мене ми е многу убаво кога ќе видам трудница со мешенце, не ја зјапам, само така краток поглед упатувам во неа и се смешкам, затоа што ми е мило кога ќе видам мешко. А мене не би ме нервирало да ме погледнат, ама ако ме зјапаат без осет ќе ми биде непријатно. Убаво ми е кога ќе ми застане кола на пешачки, и ми се деси во автобус девојче некаде околу 13,14 години и жена околу 50 години да ми станат да седнам. Додека другите само зјапаа. Не дека не можев да стојам, ама глупо им беше гледањето. Туку да прашам: Пред две недели од лева страна на стомакот ме болеше многу, како пецкање, како некој грч и не можев да мрднам, тоа траеше некаде 15 минути. Сега исто така само десна страна, неиздржливо е. Нормално ли е така?
И јас минатата недела примав две дози флостерон!И образите жар ми беа.Неколку дена Значи и од тоа можело.И сабајле малку ми беа.Минимално.А после една недела од примање.
Ај супер, нека е со лесно, мора да биде во ред, само позитивна мисла и повеќе внимавање, ќе ги носиме до крај!
@Starlič мислам дека се работи за истегнување на лигаментите,нормално е си расте меше,а притоа е притиснатнекој нерв па затоа не си можела да мрдниш. @green.eyes шо блазеси ти,почнав да се плашам дали расте црвчево Па каква бидала сум,на Инста пребарав хаштаг #14weekspregnant и сите имаа меше Плус висока сум 176,па тоа дополнително ме крие. Кај тебе нормално е да е големо меше,двечки се,плус втора бременост... Битно е да се здрави Какао пиј си,супер здраво е,покрај железото и магнезиум има. Прееска дознав дека овде кај мене трудниците примале железо преку витаминска инфузија,не знам точно кога.Баш практично,читав дека гаднички биле прашоците.
Еххее, машала, машала... Големи сте вие веќе. Ептен сте си безбедни. Ама ако, колку повеќе седе во меше, толку подобро
Здраво девојки, мала консултација ќе може? Дури во четврток имам закажано, а денеа направив анализа на мокрача. Ми покажа мал број бактерии (само така без бројка) и свежи еритроцити 30-50 (до 30 било нормално). Како што видов на интернет тој мал бр бактерии вообичаено се толерира, ама кај бремена жена не и дека ќе требало антибиотици да се пие. Вие што мислите? Другото е се во ред, а и брисевите ми беа ок, освен ph на вагина 4.5 а би требало 4.3 или пониско. Може има некоја мала инфекција, а?! Инаку, 4 месец бременост
А уринокултура направи? За бактерии во урина последниве 3 месеци ми покажува, а на уринокултура 2 пати ништо немам. Сега пак ќе треба да правам
Здраво девојчиња. Денес правев крвна слика, железото од 10 ми паднало на 4.7 за еден месец . И хемоглобинот 101. Некоја искуство? Најверојатно апчиња некои ќе си заработам. Дали на волку ниско железо даваат инекции, викаат многу болеле страв ми е
Ахаа, значи и така може да биде Не, денес направив обично испитување на мокрача. Ова ми е второ испитување мокрача,првото изгледа беше ок, докторката не ми рече ништо дополнително да правам. Ај ќе видиме и со уринокултурата што ќе покаже.