Така ништо не се докажува. Дури и да имаш бактерија, со уринокултура треба да идентификуваш која е за да ја лечиш.
Не се сеќавам претходниот пат дали и колку кафе пиев во бременост ама мислам дека не ми се ни пиеше. Изминатиов месец си пиев дневно по едно, често ладен нес, ама не знаев за бременоста. Вчера несвесно пак испив ладен нес. Сега пак ми се пие ама ќе гледам да истрпам. Пиете ли вие кафе? Додека сум тука да прашам дали важи уште онаа мерка за бремените да не плаќаат за испитувања и прегледи?
Прво честитки за бременоста. Јас кафе пијам по едно на ден цела бременост. Мисла 1-2кафиња не прават проблем. За бесплатни прегледи - јас кога одам кај матичната секогаш ми зема пари и не ми дава фискална. Некогаш 300,500 дури и 700 ден. ми има земено. А еве на Клиника (Трансфузиологија и др. Оддели) не земаат пари
Фала за честитките. Знам дека матичните зимаат ама мојата дава фискална. За на државно ме интересираше. Порано крвни слики и други прегледи поврзани со бременоста не ги наплаќаа на трудници. Знам и на ендокринологија не плаќав. Не знам на гастро како е.
Мислам дека уште важи некаде, пред некој ден на Трансфузиологија ништо не платив. На други места не сум била засега, но не верувам дека матичниот не би ми зел пари Кафе пиев само два дена по трансферот, ептен слабо по едно на ден. Три недели кафе се немам напиено, не ми фали, не ми се пие. А претходно барем едно обавезно пиев.
На Трансфузиологија дефинитивно не се плаќа, еве јас правев и ЕМГ на Клиника(на Институт за Физиологија) не ми земаа. А сега ме потсети, оваа бременост на ендокринолог и упат за лабораторија за тироидни хормони и крвна слика и платив(ама во 8ми Септември). Ама јас седев, свекрва ми плаќаше и и наплатија. Сега за 1 месец сум пак на контрола и ќе видам дали ќе ми наплатат.
Јас досега никаде ништо немам платено, ниту кај матична, ниту крвна слика, мокрача, брисеви... ништо, секаде ми велат дека трудниците се ослободени од плаќање
Ретко коментирам во групава ама секој ден ве читам и веќе се осеќам како да ве знам Баш ми е мило дека има многу активни тука и со лесно на сите. Јас сум 9+4, со мачнини од сам почеток и повраќање од пред 4 дена ама искрено се навикнав. Дури ако станам сабајле и не ми е лошо како нешто да не е ок...Бог да чува На прв скрининг сум за 3 недели и веќе немам трпение да го видам сонцето во мене Одамна како тинејџерка ги имав истите резултати и матичната ми рече дека ова се случува ако не се измиеш вечерта или сабајлето пред мокрење во чаша и тогаш исто на уринокултура немав ништо. Иначе, ваљда знаеш дека и првиот млаз се пушта, после 2-3 секунди мокриш во чаша.
Мене со 4.6 железо ми дадоа Тотхема ампули. За 20 дена се качи на 9. И мене матичната секој преглед по 300 ми го наплаќаше. Не се плаќа се што е поврзано со бременоста, крвна слика со упат од матичен гинеколог не се плаќа,како и сите испитувања на трансфузиологија,скринизи во државна клиника и микробиолошки брисеви. Јас одев на нуклеарна медицина за тиоридната, таму си плаќав затоа што не беше поврзано со бременост. Креветчево ми се појави на фб,искористете попуст на кој му треба
Не треба да видат меше за да не наплатат На упатот треба шифра да има дека си бремена,ама тироидните хормони не се поврзани со бебето и бременоста и затоа се плаќа.
Кај матичната плаќам редовно, кај општ матичен ми рекоа ако носам упат за крвна слика без пари е, ама па во обратен правец ми се, и си плаќам редовно. А на клиника иако одам со назначено следење астма во бременост, цело време си плаќам. Кога прашав на тбц дали е бесплатно за трудници, добив одговор дека треба да имам потврда од гинекологија дека стварно сум трудна...
Не сум имала, ама знам дека треба да се лечи. Правеше ли уринокултура?! Ќе ти дадат соодветен антибиотик, ќе се излечи
ми рекоа резултати во понеделник правев по втор пат ...мојава матична ми рече може и вагинален исцедок да е али ке видиме...
@Jana06 првин честито за бременоста! Прва ли ти е? Види насабајле не се оставај гладна,може така ќе ти биде полесно на стомакот. Фала за советот, така некако направив, не првиот млаз. А пробав да се измијам сабајлето, ама тешко беше )) кога слушаш вода автоматски иде мокрачата, па признавам не се измив баш детално. Може од тоа покажало.
Да, прва. И премногу се потресував на почеток и сфатив дека не можам така 9 месеци, па сеа како сум си опуштена... Насабајле и да сакам не можам да сум гладна, само што ќе отворам очи ми се јаде. А можно ли е да ми се лоши пошто прво јадење ми е овошје? Пробав 2 дена за доручек леб, лиснато тесто и добра бев ама па покасно не ми се јадеше овошје. Само јадењето ми е проблем, од тие теста веќе сум здебелена 4 кила пошо имам интолеранција на инсулин.
Можно е, јаболко или нешто кисело мислам дека е тешко за желудникот на гладно. И пробај лупи ги,можно е да се полни со оррови од прскање. Овошјето како десерт, после главниото јадење јади го. Пробај замени го белиот леб со тонус леб, без брашно. Јас во првите 3 месеци исто имав мн апетит и се здебелив. И исто ако јадеш цвекло варено или мед со коприва припазувај пред и после тоа да не внесуваш млеко и млечни производи, не се примало железото. Тоа го научив сега во бременоста од форумот.