Фала многу за советите. Интересно е дека цела година јадам тонус леб ама сега не можам против себе Бел леб ми се јаде и крај. Му викам на дечко ми како ова гравчето да ме контролира шо ќе јадам
За инсулинска резистенција има посебен режим на исхрана, на теста заборави како и на благо. Консултирај се со ендокринолог јас до 13та недела пиев метформин, а потоа редовни проверки на инсулинот и тромесечен шеќер. Не е за занемарување високиот инсулин. А, да и никако овошје за појадок го качува многу инсулинот. Јади протеини, зеленчук, житарки, семиња.
Јас имам едно многу интимно прашање. Како се справувате со сексот дур сте бремени? Јас еве скоро 7ма недела, и не сакам да помислам на секс.. Денеска имавме после 1 месец и кусур ... И плус ме интересира,дали на нешто треба да му се обрне повеќе внимание? Поза,брзина и сл Тенкју грлз
Мешиња, дојде денот, бебе реши да излегува. Од на свадба заминавме побрзо, со болки на 3 мин. Еве веќе 2 сати лежам на болница, го чекаме да се спушти подолу. Да знаев ќе си доседев цела свадба. Важно со фризура сум и нашминкана, бебе да ме види уба Со повеќе информации покасно.
Женски која се жалеше од многу чешање, да каже дали и како се справи со проблемот. Значи надколеници и глава ме чешаат ама до лудило ме доведуваат. Станувам сред ноќ и се туширам само тоа ми е спас. Потоа пак заспивам. Во текот на цел ден не ми е нешто ама навечер почнува ,,журката". Некогаш се смирува за брзо, ама некогаш додека не се истуширам не прекинува. @Marmarin со лесно не се справуваме, тоа шо го нема немаш проблем со него од почеток немав желба и така си остана
Добро утро и од мене, со лесно @Marmarin и @butterfly.mk! Туку да ве прашам останатите, поискусните, ме боли стомак, многу слаби менструални болки, исто и пред два дена ме болеше, друго немам ништо... од што може да биде? Во 21 недела сум, ви се случува ли и вас да ве наболува вака??
да не се лажни контракции?! мислам после 20та недела се јавуваат тие.. нека кажат сепак поискусните..
Јас мислам дека е нормално да имаш менструални болки и јас ги имам од време на време, првиот пат кога ги почуствував ја прашав матичната и ми кажа се додека е издржливо не е страшно и нормално е да има бидејќи матката се шири. Така да не се плаши
Иста бев првата бременост, како крастава се осеќав. Исто и мене само вода ме спасуваше, односно туширање со маслена купка Еуцерин и богато млеко за тело. На Loccitane користев едно со шеа путер, изгор скапо ама не ме чешаше кожата од него. Обичните купки батали ги, многу сушат, а кожата во бременост и онака станува пресува. Само маслена купка (има на Еуцерин, Loccitane, поевтина варијанта на Афродита кои не се лоши) и богато млеко/путер за тело потоа. За жал, како напредува бременоста, се’ полошо станува, ама не е вечно Може да се лажни контракции, веќе си во период кога се јавуваат, и плус со две бебиња. Ако се силни и чести, тогаш на лекар, вака мислам дека е нормално