Ви благодарам мајки за споделените совети, ме интересира и по колку магнезиум земате? Јас пијам два пати по 250мг, дали е доволно? Приметив откако ќе се напијам веднаш ми се смирува стомакот
@butterfly.mk честитки, нека е здрава и жива третата среќичка @lejlla јас пијам еден од 400 мг. На Алкалоод тој што е со Б комплекс.
@butterfly.mk честитки мајка,живо и здраво да бебчето Кога сме кај магнезиум,од кога почнавте да го земате?Има некаква конкретна препорака или..? Јас купив уште на почеток таблети Мг кои се наменети и за трудници,ама пијам по потреба кога ке осетам грчеви и слаби болки,обично кога сум уморна од работење или поактивна.. @macufce за односи кај мене се забранети ради плацента превиа(сега може и качена е).На почеток дур ми се стабилиризаат хормоните сонував глупости поврзани за секс и орагазми,имав и желба поизразена,сега веќе ич.И на м.м му е шубе,ке видиме натака.Мене за него ми е жал,јас немам потреба од секс,доволно ми е гушкање и мазење,вероватно потсвесно заштитнички се однесувам.
@dunika магнезиум првата бременост почнав некаде после 20-та недела да пијам. Оваа бременост - од вчера 19-та недела сум сега. Ти немаш уште потреба од редовно пиење. Во втор триместар почнуваат грчевите на мускулите, баш се непријатни За секс, ние имаме. До 12 недела ни беше забрането, сега веќе не. Сепак е ретко и понежно.
Можеш да го земаш по потреба, а можеш и секој ден. Никако не е штета или грешка. Немаш никаква штета од него, само придобивки. @butterfly.mk честитки, да е живо и здраво!
Иако сум на почеток, магнезиум пијам 2×1 од 250. Докторот ми рече да пијам и навистина ми ги смирува менструалните болки. За секс не ми оди памет Оргазмот што го имав во спиење ме држи
Почни си по три пати, ама пак да ти потврди гинекологот. Со две бебенца матката е дупло оптеретена. Исто и јас пиев така, 2х250мг на Jamieson ама после 24-25 некаде на моја иницијатива со дозвола од докторот зголемив на 3 таблети дневно. Немаш штета од мг. Инаку, јас го пијам магнезиумот по препорака од докторот уште од 8 недела.
@Sesil чешањето ќе си го трпиме, нема друго Мене навечер особено ми се јавува тоа чувство за неконтролирано чешање и тоа најчесто на нозете, од под колена до зглобовите. После туширање ги мачкам со помрсна крема и се смирува чешањето (привремено).
И јас мачкам млека, лосиони за тела, што ќе ми се најде при рака, привремено се смирува,да, ама коа почнува глава да чеша нема чаре, ко вошки да имам се осеќам
Фаааала му на Господ многу се слаби болките и поминаа, супер се чувствувам, веќе правам план кај да прошетам денес а без форумов и вас мамички незнам што би правела а кога сме кај чешање на кожата, еве од пред некој ден и тоа ме снајде дај препорачајте некој гел крем, нешто на еуцерин секако има попуст денес па да искористиме
Здравоо жении, убави вести, сите расположени, ако за убаво нека е. Хахах намалена брзина, а поза на страна или од доле, куче маче стил и по малку од горе . Поретко де до душа. Честито, и среќно уживајте во радоста ❤️ Почнав и јас од кај крај на трети месец некаде со магнезиум сабајле и вечер.
Некој праша за кекс. Имавме 2 или 3 пати во периодот од 12 до 20та недела,се додека не ми забранија заради цервиксот. Уште првиот пат бевме во преговори со мм дали смеело,а јас читам овде искуства дека е дозволено па го убедував, после кога рекоа никако, вика ете ти реков не требало Сега во исчекување до крајниот термин му викам сега е дозволено за да се отворам,ау како од оган избега, ти дали си нормална сега кога знам бебето дека е таму доле со главчето,нема шанси да ме натераш а хормони си работат..ај здравје таму за нова година Вчера искористивме попуст во Зегин Сити мол,па земавме купка и млеко за тело од Мустела,двете 1033ден фатија, 500ден во заштеда. Ама сакав да прашам што се користи за лицето на бебето? Дали се става од млекото за тело или посебна крема? @Marmarin ај да частиш сега, после мене и Лара си била со термин, не претрка
Фала ти, јас пиев Метформин пред да останам бремена. Сето ова ми е познато ама изгубив контрола. Колку се поправи за цела бременост?
Кекс за Нова година свечено, здравје. Со сите ритуали Јас не слушнав докторот да ни забрани, а не ни прашав. Бев само сконцентрирана на новата, долгоочекувана состојба. Сосема случајно во разговор со мм тој ми вика: Аааа, јас го прашав докторот одма, ми рече да не чепкам таму. Никако. Велам, а каде бев јас, не го слушнав муабетот? Кога сум се средувала после преглед во тоалетот во амбулантата тој се си прашал. А баш ми беше чудно што така мирен си беше, ама ја разјаснивме работата дека под инструкции бил Немам воопшто желба, чат-пат некој сон ќе ме здрма и доволно ми е Најубаво ми е гушкањето и милувањето по меше и тело, нежна масажа на нозе. Некако повеќе ги вреднувам тие работи. Секој начин на споделување на љубов со саканиот има своја убавина. Мора да се прилагодиме на ситуацијата. Инаку, утре имаме преглед на ГАК кај докторката што ќе ме породува здравје. Ќе споделам импресии секако. Убав ден мешиња, ние го чекаме мм на ручек пак. Вчера не успеавме да го "налегниме" да спие тука. Играше на карта дека мора назад во аптеката каде што ми го носат Имприлот, дека денес недела и не работат. Па пустиот, во право беше