Ти благодарам за споделеното искуство. Никој не кажува како треба да се негуваме после пораѓај. Дали ова е совет за царски пораѓај? Доколку е, некоја мама нека каже како оди негата за природно пораѓање.
Не, ова е за природно. Изненадена сум од негата што сте ја добиле , а и прв пат слушам за Плодност во Битола. Мислам ја знам болницата, ама не сум знаела.дека.имаат одлична нега. Како е персоналот таму ? Само пофални зборови имате ?
Девојчиња, имам едно прашање за тие шо се породиле во Систина, дали ја користевте козметиката за бебуш што ја даваат од Систина гратис со пакетот (претпоставувам дека е Бекутан) или си купивте друга?
И мене ме интересира за царскиов, ама од друга страна и ми фуфка и затоа до сега ништо не сум прогуглала
Ми фуфка за двете. Ама колку толку да бидам спремна. Не знам каков пороѓај ќе имам. Без разлика, да знам да се снајдам во ситуацијата. Ама битно сите ќутат од познаници што имам што се породиле, ни една не кажува за нега. Ние пустите што ни е прв пат само кај бебеуши ни е паметот.. Мислиме ќе родиме, ќе боли што ќе боли и толку.. Тоа да ти имало уште маки
Јас искрено би сакала да се породам природно, но мислам дека желбата нема да ми се исполни, мразам царски (не дека знам како е) и целосна анестезија а уште повеќа спинална... но како треба така ќе биде, само здрави и живи да се бебчињата, јас се ќе издржам и се што е до мене ќе дадам, само господ да не чува сите и баш како што напиша нас само во бебушите ни е паметот, јас само за тоа зборам и туку ќе се сетам си викам абе луѓево што не се засегнати и не ги занима оваа тема а менее цееел свет сега ми се врти околу тоа друго апсолутно ништо не ме интетесира
И јас сакам природно. Ама не е се до нас... Како треба да биде нека биде. Ќе бидеме јаки и вака и така.
@Dikinzi Да, јас во најобична соба се породив, чинам кујна беше Со работна маса и водник. Во таа соба ме задржаа во саботата дека со провокација се роди, ми ставија чеп требаше 24 часа во мене да е да почнат болки и да се отварам и цел ден си преседев таму мм си отиде вечерта викам оди си нема уште ела сабајле. Па ме фатија болките, доручкував со болки ми сменија само кревет како бокс да се раширам и 45 мин раѓав. Вода испив 3 литра, плацента излезе ме шиеја и ки донесоа ручек и тоа телешко со пире јогурти овошја чуда. јас си велев леле којзнае какви сали има за раѓање разни чуда, кога јас во кујна завршив работа и мажот ми беше присутен ме држеше за рака додека раѓав
Да ве прашам кога почнавте да ги перете алиштата на бебето, да средувате... Јас сум 24+2 и сум со план неделава да ги исперам и испеглам алиштата ама се мислам да не е рано.
Јас мислам дека е сеуште рано... Јас веќе 29 недела сум, и рано ми е.. Ќе чекам докај 35,36 недела и се ќе исперам и испеглам.. Од една страна уште немам ништо купено ни шкав ни креветче па ќе немам каде да ги ставам, до тогаш уште 3 пати прашина ќе ми фатат. Одвреме навреме ги земам, ги разгледувам, ги гушкам..
Хахахахаа, интересно си поминала, кај мене другарка ми, многу се фали од Германијата, долго време се таму, таму и се породи, ама само пофални зборови слушнав, т.е. секаде од Европскиве земји само пофалби слушам, чиста соба, удобни кревети, јадење милина, а персонал исто фантазија,штета кај нас не е така. Тоа е..
Е ..има И ја мислев родив готово, више е лесно, ама коа помина топлото..видов Ја во 36 почнав, до 37 бев готова. После тек тук нешто шо остана. 41 се породив
Јас за првото природно се породив. Откако излезе бебето, ми ставија анестезија (локална) и ме сошија. После не оставија тројцата во соба 2 саати. Дојдоа донесоа доручек и нешто за пиење и за мене и за сопругот. После ме натераа да станам, сама да одам до тоалет и да се истуширам. Ми кажа сестрата дека додека мочам ќе биде пред врата за секој случај, да не ми се слоши, да не има обилно крварење исл.... и кажав дека се помина ок, рече те оставам да се истушираш со млака вода и да се вратиш сама во соба. Пола саат после тоа не сместија во делот кај што ги носат мајките и бебињата кои се ок и нема потреба од дополнителни интервенции. За нега дома, ми препорачаа туширање со млака вода, првите 6-7 дена без нагли покрети, внимателно движење и седење. И ме предупредија дека првото одење по голема нема да се случи брзо, и дека ќе боли Се извинувам за информацијата, ама да не ми кажеа дека така е нормално ќе кренев паника уште вториот ден, мислам пожелно е да се знае Брзо ми зарасна раната, имаше неколку дена чешаше дека заздравува нели Тој момент ужасен ми беше. Клизма не ми ставија
Тоа ти е за природен пораѓај.. за царски не треба јод за премивка.. бидејќи немаш рана долу само ќе крвариш исто како по природен пат да си раѓала.. ќе си се одмиваш со млака вода и ќе си ставаш влошки.. крварењето трае скоро 40 дена (барем кај мене) и пошо бев со голема рана (18 конци) јас се прскав само надворешно со еден спреј за побргу да ми заздрави... крварев 40 дена, поради раната имав и болки при секое напнување во вц... но сето поминува кога ќе видиш какво ангелче си родила.. Јас пак по голема нужда отидов одма следниот ден од пораѓајот.. се плашев многу да завршам работа пошо конци имав до чмарот (извинете на израз) но не се држи во себе, морав да исфрлам се од мене...
I jas imam zemeno farmerki, helanki,pantaloni, kosula... I plus imam od predhodno tuniki od likra za se ke se snajdam ama jakna na pamet ne mi pagja kakva i od kade.... A bev vo waikiki sabotata lugjevo kako kucinja mislis gratisi delat i nemozam da se snajdam vo toj haos ishejtav i si zaminav Zdravje cetvrtok petok ke odam do ramstor vo toa waikiki tamu po labavi mi izgledaat moz ke si najdam nesto