Bidejki mi rekoa mi spiela hemostazata pa ne razbiram so znaci hemostaza i na sto mislea koa rekoa spie
А сега ми текна нешто, една колешка од Хрватска знам кажуваше дека се мачкала таму доле со маслиново масло, е само не знам дали пред пораѓај или после. Некако повеќе ми иде дека пред пораѓај си се мачкала и као демек малку конци и лесно поминала...тогаш уште не ми беше до раѓање и сето тоа ми звучеше непотребно и некако чудно Има нешто смисла од ова? И мора ли секогаш да има сечења и шиења Не може сама некако вагината да се отвори?
Единствена логика што ја гледам во ова е дека се мачкала за да ја оддржува кожата доле мрсна и еластична, исто како мачкање на стомак да не испукаш и да се појават стрии.
Хахаххахахаххаааа се изнасмеав да ти кажам Има жени шо минат без пукање и конци, па се прашам они шо вагина имаат А има жени шо не можат да се доотворат па ѓи сечат повеќе од што треба..ама тоа е сеа, прво се препорачува природно, никој на лепе очи не те зима на царски
Кое бројче од шпихозните за излегување од болница го зема, 0-3 месеци беше најмалото што го видов ама за бебе околу 50-51cm тоа е големо, а едни ептен ми се допаднаа
Сите кои се спремате за после породувањето јас ви препорачувам да се спремите на тема доење - доколку сакате да доите. Еве линк од сајт на една од најпознатите советнички за доење. Читнете во слободно време. http://www.nancymohrbacher.com/
Имам читано за ова, ја омекнувало кожата и спречувало пукање. Побарај си perineal massage и прочитај.
Да се пријавам од патолошка со мирно цтг сега во 5:00. Синоќа контракции до плафон. Сега добро е. Пред да ме разбуди сестрата за цтг бев во полусон. Ме разбудија криците на две трудници со болки. Е така се станувало мајка. Како викат старите, затоа се мили. Вчера се сетив дека во новчаникот носам едно медаљонче од брат ми, ќе ми послужи како амајлија. Толку многу се молам нашава средба со палавите палчовци да се одолговлечи. Мм вчера беше жива вода. Се избезуми и тој и покрај тоа што се правеше многу храбар. Не умее вешто да крие емоции. Не е лесно воопшто ама се друго ми е безначајно кога ќе ми дојде слика во глава од нашите бебенца, јас и мм.
Добро утро, Тмурно утро, тмурна глава и кафе Вчера мм толку ме изнервира, па и гости имавме и вечерта измерив притисок скоро 130/80. За мене тоа многу е. Полежав малку, после 120/80. Ноќеска и малата не спиеше, и се затна носето. Сега си викам да не не фати некој вирус, уште тоа ни треба @bela.m мила која недела си ти? Те мислев и ноќеска и сабајле. Ќе биде се добро, ќе видиш. Мака ќе ти е што си таму, слушаш трудници на пораѓај и ти ствара нервоза. Ама па добро е што си таму. Знам дека ќе биде добро @Kaetana како сте вие? Почна малиот да цица? Си фативте ли некој ред? Имајте убав ден, иако ладен и тмурен. Повелете на кафе
@flower30 32+3 сум. Среќа што примав зреење пред некој ден. Се надевам дека се ќе се заврши во најдобар ред. Сега имавме визита, докторката рече денес пак вагинално да ме виде во случај на евентуална промена. Незнам дали ме праша @BirMelek, Утрогестан само што ставам. После денешниот преглед ќе сме виделе што-како да се прави. Најважно ми е што докторката ми е тука и не ме остава во други раце. Ќе ве известам секако за ситуацијата од денес. Уште еднаш бескрајно благодарам за поддршката ваша!
Се ќе биде во ред!Не се грижете!Во болница сте,во сигурни раце сте!И покрај сите муабети за ГАК,гледам дека грижата за пациенти и стручноста на докторите е на високо ниво!
@maticka премногу е рано да донесам било каков заклучок, ама сега за сега немам од што да се пожалам. На секои 5 часа не следат на цтг. Терапија ординирана. Тоа ми е најбитно. Не ми е битно колку ми се смешкале или љубезно обратиле сестрите. Има и фини и помалку фини. А што ми значи тоа? Најважно е што сум под контрола. Само се да се заврши добро, а колку ме тапшале по рамо, не ми е приоритет да гледам. Повеќе од јасно е каде е поубаво ама во вакви моменти најважно ти е да дочекаш happy end!
Вчерашниот ден катастрофа. Шеќерот не можев да го средам цел ден, па излегоа кетони + во урина (не примам доволно јаглехидрати знам), па излегувам од работа се смрзнав. Конечно се прибравме со мм на вечера му се слоши почна да му се врти и да гледа двојно, од памет ме извади. Значи еден ден мир да немаш. А да и мајсторот го нема жив да се јави а требаше да направи последни мерења во саботата за да почнеме со реновирање. тоа мислам најмногу ме извади од колосек. Нема да почнеме, не пак да завршиме пред да се роди буци. Се нема време, буквално ништо не сум купила за буци зошто реално немам кај да ги сместам. Јас велам дај да си ја средиме собата (зошто во заедница една соба е наша) да си донесеме креветче да си направам генералка, да си нарачам шкафче за алиштата на буци, да почнам да си купувам, сакам нова завеса ново килимче, значи ако не успееме со спратот има решение до пролет ќе издржиме ама пак треба да се средам. Многу сум се брзала што ќе средуваме соба, кога спратот ќе биде готов. Цврцки! На оваа време, и како што мајсторите не зезат ништо нема да се заврши. Туку за кетоните ми кажаа повеќе течности, не знам која е поврзаноста кога реално ова ми е од што јадам само протеини и многу многу малце јаглехидрати. И така се обидувам да останам позитивна, зошто со грижи ништо не правам, ама сепак...
Тоа ми е муабетот не будеа за цтг.За терапија.Ќе биде се ок.И сестра ми со близнаците полежа малку.Ја истераа до 36та и ја породија.Но,вие сте примиле флостерон.Така да и да се случи порано,бебињата се спремни.
@bela.m тоа е веќе 33та недела. Најбитно е што си примила Флостерон. Ќе биде се добро, од срце верувам и ти посакувам. Пишувај ни почесто
И мене доктор ми има кажано дека кетоните се поврзани со дехидратација. Внесувај повеќе течности и ќе се среди @bela.m ела ваму да те гушнам и да ти посакам многу среќа ќе биде се во ред, веќе си 8ми месец,верувам ќе го фатите и 9ти колкави се бебушките,ги гледаат на ехо? Јас и @Larahappy од денес 39та И апликацијава упорно ме зеза Ај уште денес и утре ќе издржиме,четврток е ден за контрола Вчера отворив извештаите од ехо прва дата за раѓање била 08.10, па има 10.10, 11.10, 16.10....којзнае која ќе ја фати синко..или ќе си остана на 15.10