Сега пред малку ме викнаа за преглед кај докторката. Цервиксот ист. Нема уште скратување. Малку е поотворено грлото. Не брзај за дома ми вика, сакам да те задржам повеќе. Од една во друга амбуланта дојде за мене за да не движам. За кратко пак цтг. Ако нема контракции се враќам на клексани. Вчера не примав ради болките. Сега пред малку ми уклучија и инфузија, магнезиум со плус нешто. Полесно ми е. Ќе репортирам после следното цтг. Гушки драги мои виртуелни најдобри пријателки
@flower30 тераме мислам во вистински правец. Цица супер сега.. се надевам и со килажата ќе се среди работата. Повеќе е буден. Полни пелени, сѐ е супер, млеко се чини имам многу. Веќе би требало да е ок. Не се сите деца исти и по норма, нели. Се надевам ќе го поминеме шкакљивиот старт...
@Kaetana битно сте фатиле ред, си цица. Веќе сте го поминале тој период. Јас читајќи сфатив дека треба добро да бидеш подготвена за доење уште пред пораѓај, ми делува толку збунувачки тој дел, искрено. Со првата бременост, од оваа гледна точка, сфаќам дека сум се откажала пребрзо од доењето и криво ми е заради тоа. Ама никој не ме упати, немав млеко ни кога се измолзував. Сега, се надевам дека ќе биде поинаку
На нашиот малечок изгледа му се брза. Денес бев на преглед во Плодност бебето си е во ред 2400 е тешко ама плодовата вода почнала да се намалува. Ми дадоа 2 дози Флостерон една денес една утре за да биде безбедно бебето ако се роди. За пораѓај дефинитивно таму се договоривме за крв и сега ќе чекаме. Ме праша да не ми има потечено вода ама реков не немам приметено незнам како изгледа
@Adams ти си 35та недела нели?! Леле кога читам вака, многу страв ме фаќа. Што се случува што толку порано решаваат да излезат бебушите?! Ем внимаваме на се, ем вака. Јас утре сум на преглед, се надевам дека ќе е добро се. Рано ми е уште, во Петок влегувам во 8ми месец. Инаку, ќерка ми сабајле со растечено носе, а јас веќе почнувам да осеќам некоја малаксаност. Што ми требаше ова сега
Пиј повеќе вода .. и мене пред пораѓај ме примија со намалена плодова вода а до вечерта на следно ехо се зголемила водата.. пред тоа ми рекоа да пијам повеќе течности.. и навистина јас така ја повратив водата.. после тоа следеа цело време на ехо и на крај ме породуа дури вечерта следниот ден...
Не 34+3 за 3 дена 35. Рече докторот бебето е добро и на килажа е во ред. Вика да не ризикуваме ќе дадиме зреење. А пред 1 недела бев кај матичната па како се било во ред и нејзе а прашав за зреење ми рече па шо ќе ти се. Докторот ми зема брис и за стрептокока не ни знаев дека требало тој да се прави јас некња бев ми ги земаа четирите бриса а сругарка ми рече не мене 1 само ми земаа. Го прашав сега и докторот тој се насмеа само. Незнам шо ќе се прави со матичните Дај боже да биде се вонред на прегледот. На малечката побрзо оздравување на малото носе И времето не чини и јас така се осеќам како згазена со некој воз
Фала тиТебе со лесно, кога и да реши да искача бебуш. Докториве колку помагаат, толку и одмагаат. За брисеви, јас пред 2 недели правев пак оние брисеви што ги прават во 12та недела и на докторката и викам "толку со брисеви сега, нели". Ми рече не, тие во 9ти се други. Јас имав заборавено од претходната бременост. Така да, докторот си знае штом ти земал брис сега. По телефон пред некој ден кога се консултирав со гинеколог за терапијата, ми рече - да истераме до 34та недела, после е друго. Така да, не е веќе толку страшно.
Исто ми ги земаа тиа како во 12 недела. И едниот тој на приватно дека го немаше еве уште чекам резултат. Незнам веќе шо да кажам Господ на помош на сите да ни е
Мамички денес конечно решив да купам нешто за бебињата, сама отидов до веро џамбо, едвај искрено, влегов во carters, убави памучни работи, ама што и да ми фатеше око или бројче немаа или пак само едно последно парче, а јас сакам исто да ги облекувам и на крајот не зедов ништо... туку кажете ми од каде да видам убави пелени (ќебенца) онака подебелки, мекани.... ќе земам едни од окаиди ама сакам и подебелки
Дали некој од вас се соочил со висок шеќер во бременоста , само што ми јавија од кај докторот не ги знам точно параметрите ама еве се испаничив до утре треба да чекам додека да појдам на преглед
Кажете чаре за низок притисок 17та недела сум и до сега избегнував кафе да пијам и кога ке ми падне ке се напијам кока кола и ми помага ама несакам често да ја пијам. Се мислам сега да почнам кафе да пијам може подобро??
Мене ми излезе скриениот малку покачен, па сама почнав да припазувам на јадењето малку. Матичниот вика не е страшно. Инаку во принцип, мислам дека зависи се од тоа колку ти е покачен. Консултација со ендокринолог ќе треба и диета во секој случај, а може и терапија. Најлошо нешто е шеќеров, коа ти се јаде се што не смееш да јадеш, трудна
Со чаевите внимавајте, не се толку наивни иако се природни лекови. Мој совет, за секој чај консултирајте се со гинеколог.
Седи мирна додека е низок.....подобро низок него висок, мене пред две недели ми се покачи и се избезумив, еве секој ден го мерам, следам и само се молам низок да е... кога ќе видам 100 со 60 мирна ми е душата