Некако брзи бебињава на сите, м? Ги размазивме од галење по меше, дајте да ги искараме малку да седат внатре во меше... Денес на цтг пак контракции, втор ден сум без клексан. Цел ден примам инфузија со магнезиум и плус нешто. Некако како да го голтнав стравот, незнам... Посета еден куп имав денес. Мм и свеки дојдоа. Па брат ми. Додржав солзи. Мајка носела пациент од работа, ме изненади на врата. Е тука не издржав. Си поплакав кај неа. После избришавме солзи, смисливме најубаво сценарио, ме пресоблече, ми среди работи, како некогаш ми собра коса и за брзо шоферот и се јави дека треба да одат. Убаво на душа ми дојде. Стискам заби да издржам барем уште 10дена, стискајте за мене и вие. Нема да ви останам должна ветувам
Денеска правев крвна слика се што не треба е покачено.. холестерол, седиментација, триглицериди 2.1, леукоцити 13.5.. железо 6.5, само крвта е ок 113 .. а во последно време стварно внимавам и благо не јадам повеке сум на овошје и обилни салати.. како се држите вие?
Не се испитува холестерол, триглицериди и седиментација во бременост зошто кај сите се покачени, нормално е да бидат покачени.
оо стварно? овие па тука секој месец и тоа ми испитуваат.. фала ти душа ми дојде.. уште за леукоцитиве утре да ми кажат..
И јас се комплет испитувам, пред два месеци холестеролот убаво си беше покачен 7.09 а нормално е 5.2, од тогаш избегнувам сирење, кашкавал, пржени работи, павлаки, сувомеснато, хамбургери, пици, секаков облик тестенини, сосови ... се ова го сонувам, ама за еден месец верувај холестеролот се врати во нормала... не ми паѓа на памет сега нешто од горенаведеново да каснам....
гледам бебињава на сите се брзаат, ајде нека поседат уште малку внатре, имат време за излегување. Јас нешто со главоболка ама арно е, се држам. Сосема малку кафен секрет, денеска пак натаму наваму термини, дома, па на работа и така. Морам да одамарам повеќе. Првите месеци многу одмарав сега нешто послабо нонстоп сум у покрет. Почнав многу да јадам благо, дури претерано, држев контрола ама сега ептен се испуштив, можно ли е да е штетно. Др недела имам контрола за скриен шеќер. Во првата бременост немав проблеми. Општо јадам многу благо, на почеток се контролирав ама сега не можам. Јас двапати одев на инфузија оти ми беше 80/50 мене ми паѓа многу и го осеќам веднаш кога ми падне. Јас не сум обожавател на кафе можам со месеци и години да не пијам. Само за друштво на некого да правам. Ама сега пијам по едно или две дневно и стварно ми доаѓа добро. Сега два дена не сум пиела насабајле дека тато се врати за мк и немам друштво одма ме фифна главата. Газирано и повеќе течности особено вода. Кога јас непијач- почнав да пијам кафе ради притисок, пиј и ти. Нема штета.
Холестерол, триглицериди, седиментација, леукоцити не се испитуваат во бременост, зошто вредностите се покачуваат во ваква состојба и резултатот не е реален. Битно е железото, хемоглобинот, шеќерот и урината да се во ред, секако, ама за сите овие работи за среќа има чаре, се дава терапија ако треба Исто, нормално е железото и хемоглобинот да слабеат како што бебето расте и зема резерви од мајката @Miss.N
Миличка и јас си каснував, и тоа после третиот месец откако поминаа мачнините од се сакав да си каснам не е толку страшно кај тебе, не се секирај воопшто, инаку јас исхратана не ја сменив само поради покачениот холестерол, како прво сум со две, и ако јас ги јадам секојдневно тие мрсни храни ќе качувам на килажа како луда, прво за мене штетно и тешко па и за нив и ред други работи.... сега можам да кажам дека премногу посветувам внимание на исхраната, секој ден си имам мени и мислам дека голем дел од денот го поминувам во кујна
Мила во секое време сме тука за дружба кога ни треба во најтешки моменти. Сите викаат дека се се заборава кога ќе ги земеме во раце тие мали најмили. Биди силна
Добро вечер мамички Читам има нови мешенца,да си имате лесна бременост.На некои бебенца им се брза,но знам дека се силни и к'е си поседат уште малку во меше. Денес сме 22+3,но бебка моjа некако мрзлива,не jа почувствував денес...Малку сум загрижена ама се надевам нема ништо лошо.Нормално ли е? Матичниот оваа недела бил на одмор па ме закажаа за вторник.Одваj чекам да си ja видам принцезата. Инаку дома по цели денови сум,мм на работа втора смена и деновите ми минуваат со домашни обврски. Одам да каснам нешто,имаjте убава вечер.
Немој за тоа да се секираш, еве кај мене викендов никаде ги немаше, мм ми вика оставиги нека одмараат викенд е и за нив инаку тука сме и двете, од утре полна 22
Добро вечер и од мене. Јас едвај го издржав денот на работа, по досаден ден не сум имала. Денес дојде главниот шеф и му кажав дека здравје на работа ќе бидам до 01.12. И зимскиот одмор да го земам до 09 па од 10.12 породилно, рече нема проблем. Него од денес пролив бе мајку му, и грчеви во стомак. Да несум фатила некој вирус. Него да ве прашам како стоите со пуштање голупчиња? Јас овие денови веќе претерав
Некако како да фати да ме боли заб... Незнам дали е од мисла или стварно ме боли. Некако се потресов денеска кога слушнав за плодовата вода дека почнала да се намалува. Докторот беше доста релаксиран ама јас се упрпав.
Кај мене беше намалена од 35та недела некаде. Нормално е да почнува да се намалува и не е никаков знак за предвремено. 35та е малтене крајот. Мене никој не ми спомна зреење, ниту примив нешто. Одев редовно на контроли, еднаш неделно, и терав до 39+. Ме породија царски на крај. Да чекавме природно може и уште ќе терав.
Вирус е мајка кај мајками сите се со пролив грчеви повраќање требаше да одам на гости но си останав дома да не налепам и јас ото еднаш го поминав тоа со триста сили чај пијај и бисквити грицкај
Која недела си? Мене ме караат сите околу дека едвај пијам вода од мачниниве. Ме плашат дека нема да имам доволно плодова вода. Предходно си бев водна жаба ама сега неможам ми се гади...... а жедна сум, си сакам вода