Мамички дали имате проблем со забите јас бремена сум 22+5 со блузнаци почнав да чуствувам болки на неколку заби дали смее да се поправаат во бременост
Смееш,и непцата се многу осетливи од хормоните.Јас мијам агресивно со четка па уште толку иритирам,повеќе крв од паста плукам.Забоболка немој да трпиш.
34+3 јас пијам течности по 2 3 литри секако. Ќе ти каже дојторот доколку има таква работа. Јас демес примив 1 доза зреење и утре уште една па ќе видиме како ќе биде
Јас дежурам ноќеска. Малата ми настина, има некоја безвеза температура.Овие дигиталниве топломери се ужас, не знае човек колку точно е тт. И прееска цела вечер плачеше. Сега заспа, ама мора да следам. Прееска мрдаше повеќе бебето и долу кај коската така силно ме пресече, ме преплаши. Сум заспала и помина. Утре сабајле сум на гинеколог. Не знам дали беше ова нормално, ама ми беше многу језиво. А и плус нервозна, мм ми скока по нерви овие месеци, па и со малата што е настината - едвај чекам да се раздени. @Starlič ми кажаа дека има стомачен вирус. Напиј се пробиотик обавезно, полесна храна. Јас пред 1,5месец имав таква мака, се чув со гинекологот и ме прати кај општиот матичен, ми препишаа Ентерофурил(се пијат само 3 дена, така мене ми кажаа). Така да, ако продолжи и утре консултирај се со докторот
Добро утро. Вчера околу 15ч. осетив силна болка во карлица од лева страна позади што до сега не се случило Си легнав вечерва накај 1, во спиење осетив две помали менструални болки ама ги занемарив. Третата беше посилна,ме разбуди и го ѕирнав саатот 3:41. Божем ќе мерев на колку време се појавуваат сум заспала. После имав уште една,па во 5:27 уште една и еве сега 34мин нема ништо Дали има шанси за лажни болки или тргна бебе
Се' може да е. Затоа 9-ти месец е најдолг. Ама ако се вистински болки, многу се оддалечени и мислам дека нема место за паника. Сепак, најубаво е да си отидеш до болница. Што и да ти каже тука некој, најмногу смирува стручно мислење.
@Sofi.ja @Larahappy ајде женски , вие сте на ред според списокот за термини тука негде требаше и јас да бидам со терминот, заедно да чекаме , ама моја бебка се избрза Софи.ја тркни до болница нека те ѕирнат да си бидеш мирна со лесно нека е на сите што ст ево исчекување. Морам да напоменам дека ми недостига темава , ама ве следам , ве читам сите да знаете
Добро утро, уствари мене веќе ден ми е. Ме полуде малата. Ноќеска дали 2 саати сум спиена, со температура, со плачење, НИКАКВА соработка, не дава туширање, не пие течности. Пробавме да дадеме сируп, се одра од плачење и пола го истури. И цело време плаче, дури и во сон. Го замолив мм да остане денес дома, рече ќе прашам, ама изгледа ќе мора да одам. Мене стомак ме боли, а и дека од вчера навака повеќе активна. Денес сум на контрола и се плашам што ќе ми кажат. Аууу ги мразам ваквите денови. 7 месеци раат не видов. Извинете за постот, ама нема на кој друг да се пожалам. @bela.m како си? Каква е ситуацијата?! @Sofi.ja и јас би ти рекла ако можеш да отидеш да те видат. Не губиш ништо.
Не знам зошто постојано ми ги испитуваат да ме паничат само ама и јас се чуствувам ок баш си реков на ова валјда ке ми биде нешо ке чуствувам ) фала ти мн мила
Може да се видиме ако сакаш. Јас не движам, ако можиш дојди ти. Во соба 44 сум. Кревет 2. Ај што убавооо
@flower30 фала ти многу што ме мислиш. Денес сме подобро. Цтг мирно. Добро се осеќам. Од вчера сум на инфузија. Си ја заврши работата. За секоја промена ќе ве известам секако. Засега под контрола е работата Ќе се средиме сите по ред, тоа му велам на мм, едвај чекам да се вратиме во нормала.
Јас досадна може сум што те прашувам на секое, ама стварно ве осеќам блиски и сакам да знам како е ситуацијата. Ајде ќе терате добро до крај
@bela.m уживај во друштвото сега, а јас уште се надевам дека ќе тераш уште неколку недели и ќе бидеме цимерки. @Sofi.ja што направи, беше ли на преглед?
Како досадна?? Тука сите сме едни за други. Ние најдобро се разбираме. Кој друг поубаво би не разбрал??
И мене ми фалите и цело време ве читам да видам до каде сте. И чат пат така ви пишувам инфо за после породување како ми е. Ви посакувам со лесно да поминете. Без стресови. И да напишете после прекрасни породилни приказни!
Ќе заврши се во најдобар ред, тадури на крајот ќе си речеш за шо се тресев толку Опуштено, ја верувам дека уште 4 недели ќе си ги носиш во мешко
Кој спомна реновирање женски? Од денес и ние почнавме ..мразам реновирање, мразам гужва и несреденост, уште повеќе лом да ми е дома..троа сум чистотница