Се намали интензитетот и ги има некаде на 1 час. Ќе видам како ќе биде во текот на денов ако се посилни ќе отидам,ако не ќе почекам до утре,тогаш знам дека е докторот во амбуланта, не знам денес дали ќе го најдам
Добро утро мешиња Приметивте на темава доаѓаат од еднаш две три бебиња и после некое време е тишина??? @Sofi.ja и мене така ми пројде ноќта, имав болки во кичмата пред спиење ама мислев дека ми е од што шетав и пеглав , потоа имав дијареа и во текот на ноќта 3-4 пати се разбудив од менструални болки. Утрово ништо, мала болка лев јајник, бебе си плива. Неможам да дочекам утре да видам до кај е работата. Иначе 10 часа не сум била уклучена по социјални мрежи, почнале другарки да ми пишуваат со лесно, на мм му вртеле, а јас си спијам како бебе дома @koritsaki може моето и на @Sofi.ja во ист ден ќе стигнат
Полесно е во друштво Уште да бевме цимерки во иста болница Мм се возбуди уште на првата болка ми вика ајде одиме во болница? Јас се смеам,не сум луда таму да дремам,ќе си чекам дома,пушти ми бојлер да си се средам ко ќе станам
Добро утро и од мене. Само што се разбудив после 2 саати спиење, воопшто не сум спиела синоќа, стомакот многу ми се стврднуваше, бебе како да ќе излезе низ кожа ептен језиво и цело време бев на штрек. Дали и на вас ви се случувало така инаку во 22 недела сум.
Ви благодарам на сите за честитките, немав време да пишам порано. Вчера си дојдовме дома, полека ќе се навикниме дека имаме уште едно бебе. Многу ми е мило шо поголемово го прифати бебето и само околу него е. Го гали , го гушка, му вика не плачи бато. Срцево ми е полно, сега сме комплетно семејство. Сношти ко си легнавме си поплачив од радост. Раната на моменти пржи ненормално, маж пак ми надува гума за пливање. Само така можам да седам нормално. Со лесно на сите во октомври, за мене дефинитивно стана најубав месец, двете деца и маж ми се родени тогаш. Ќе ве поздравам пак кога ќе можам.
Јас. Ама нашето не се знае, не зезна фирмата и сега сме во потрага по нова.. Ќе видиме дали некој ќе се нафати да не среди дур се роди буци. Јас исто во тоа време почнав да осеќам болка и крварење на непца. Здрав заб, а боли. Мене ме спаси паста и редновно миење (сабајле и навечер). Пастата што ја користам Парадонтакс Флуорид, малце е гадна, ама ептен ми помага. Ако се мислите за флуоридот (не знам мислам не е штетен во бременост) но има и опција без флуорид. да додадам- ако ептен имаш проблеми најдобро е да одиш на заболекар, зошто моите се прилично здрави, а сепак ме болеа
Не можат да се најдат лесно мајстори ? Нели мислам спомна собата да ја средите барем, дури спратот не е готов? Кај нас денес ги извадија џамовите, еве моментално ѕидот го кршат ( среќа не е многу) , и ќе се мести гипс картон и ламинат на плочките, затоа што ја прошируваме собата кон терасата. Мала е терасата..мислам доволна за да добијам уште доста простор, ама мала е за средување, и ако се запне верувам за брзо ќе биде готова..ама нашиве мајстори знаеш какви се. И после знам шо ме чека, да се напупам наму и да чистам
Аии шо убаво се вратија работите во нормалa. @bela.m мило ми е дека се е во ред ќе издржат машки јуначишта се тоа. @Sofi.ja ајде ќе чекаме бебе да излези од кога видов дека си имала болка цело време проверувам да не стигнало бебе. Јас сега се спремам и одам за втората доза зреење се надевам и моето ќе сака да поседи. Некако влошката ми е мокра а чиста па незнам дали тече водата
Мене ноќеска ме разбуди силно подавање на газ,мислев ќе ми излезе преку стомак се посилно се осеќа притисок надолу известувај во текот на денот Јас во 23та недела имав голема болка во грбот,не спиев цела ноќ и завршив до болница каде од мој страв и возбуда,бебето почнало многу да се движи и да притиска надолу. Цервиксот ми го измерија тогаш 2цм, и освен да мирувам препорака од докторката- да земам магнезиум. Совет: без паника,смирено и без форсирани движења. Јас тогаш пешачев и по 10км на ден неколку дена во неделата.
Кога ќе речам нема да стигнеме со спратот дај соба да средиме, добивам одговор Само креваш тензии (мм). Давам рок до крај на овој месец ако не се почне, после јас ќе си превземам во свои раце Вие сте добри, ние имаме цел спрат од куќа за реновирање од 0, така да кај нас ни кажаа месец и пол секако ќе има работа.
@AnnaPe може и јас вчера пешачев повеќе од што треба, цел ден бев активна и по дома и мора да се одрази на нешто. Ајде денес ќе си одмарам, моментално сум на фризер да се исфенирам и малце да ја скратам косата, па после ќе си излезам на кафе, денес ќе ми биде релакс
Идејата ми е дека бебенцето осеќа се од нас, затоа релакс ☺️ сега сум 38 седмица и во исчекување. Само смирено
Охооо кај вас салам треба да се средува. Да ти кажам и да креваш тензии, ние требаше од септември да реновираме, па видов абер нема мојов,и почнав да досаѓам салам. Плус го сретнав и комшијата лепенки со сме, и он кажа истото ќе го правел ко ние, и така тргна работава
Миличка имаше контракции или само тврд стомак? Знаеш дека тука сме со неделите, мене стомакот цело време ми е тврд и напати како да ми тежи, во текот на денот имам по неколку пати стврднувања-контракции, па дури и обликот на стомаков ми се менува, како газе или главче да се познава, но безболни се и не се опасни...исто кога сменувам положба доста ми се стврднува, доколку лежам и се завртам од една на друга страна... еве пред некој ден имав и слаби менструални болки, па фала богу добра сум сега, доколку те боли и трае подолго консултирајсе со доктор само без непотребни грижи и паники
Лажните контракции се нормални, ама сепак треба да се извести матичниот. Мене ми дозволи да пијам по 1000 мг дневно магнезиум, и мирување. Ако ги имате одма легнете, по можност на лева страна, и би требало да се смират за некое време.
Јавно благодарам до @maticka како свој да видов во соба. Фала за убавите зборови, признавам дека позитивно делуваш.
Јас вчера нема што не ставив во уста. Се прејадов. Втора смена бев и во 10 бев сита, си отидов дома мртва гладна, па морав пак да јадам. И стомакот почна да ми се стврдднува, како бебеуш да се оптегаше внатре. Не треба да паничам нели? Многу нервози имам деновиве.. Бараме стан, сакам да се иселиме од тука.. Не можев синоќе да спијам од немир и се напив едно апче за смирување па сум заспала некако...
Brexton Hicks се стврднувањата, нормални се, се спрема матката. Ако се повеќе од 15 на ден и ако не поминуваат оди на доктор. Исто така, вода повеќе пиј, се намалуваат со хидратација.
Па ова ми се случува мислам втор пат. Првиот пат не траеше толку многу, а синоќе може 15,20 минути ми беше стврднат стомакот. Некако тешко се движев.. Мисчњв дека е од тоа што се прејадов.. Ама ете што било..