Ај здраво пак @bela.m кога некој има мака или страв, може не сака цело време зборење за тоа и затоа реков може сум досаднаАма искрено, и од срце прашувам и се интересирам за вас Прееска само што се вратив од лекар, ќерка ми ме пречека со 40 ттПа ајде ставивме чепче и уште чекаме да почне да се симнува. Завршив со прегледот и излегов опуштена. Уште да не беше настината ќерка ми, денов ќе беше супер. Среќа мм остана дома инаку ќе се пријавев доброволно за во лудница. Докторката рече бебче е супер. 1720гр, доволно плодова вода, постелка на преден ѕид(мислам така рече), бебче е со глава долу и мава долу. Димензиите на органчињата одговараат, некои и за помалку од 1 недела се понапред. Рече се е ок. Грлото затворено, ми рече цервикс 42мм. Ама за тоа не ми е сигурно, оти секогаш кога ми мереле и др. доктори кај оваа докторка било највеќе. Ми рече може да се движам, само да не претерувам. Рече супер сме, така да тераме. Утрогестан 1 на ден, Дабростон 2х1 и другата терапија се по ред За стврднувањата и болките. Немам никаква намера да плашам некој, туку да дадам совет.За се што се јавува неколку пати, а смета ило боли, треба да се консултирате со лекар. Јас вон5ти прашував и читав и сите укажуваа дека се Бракстон хикс контракциите. Ама (само овојпат ) фала и на матичната што презеде иницијатива и ме прати да направам ЕМГ. Се покажаа контракции на матката. Препорачаа терапија, строго мирување. Да не беше така може ќе си мислев еве лажни контракции се и не дај боже можеше да биде лошо. Така да, подобро нека ви е незгодно ама јавувајте се и прашувајте, отколку да имате мака(не дај боже). Ајде сега да одам да побарам дозвола од домашниведа си легнам. Ако не, пак ќе удрам на јадење
Да. Одобрение од гинеколог. Анафранил. Не е штетно. Ама само едно не повеќе. Вика кога идете уплашени и испаничени што да ви правиме ние. Наместо инекција напиј се едно апче.
Во понеделникот на цтг толку бев вознемирена, бебето имаше 200 отчукувања на срце. Среќа се смирив некако, инаку ќе ме боцкаа и мене за смирување. Така што, некогаш е подобро да се напиеш ако си многу вознемирена.
Јас пред месец ипол кога имав забрзан пулс и срцебиење ми дадоа бедоксин да се напијам. И не едно туку две,па ако не ми поминеше требаше да одам на ГАК. Видов и во упатството дека не се забранети во бременост.
Затоа однапред се извинив, инаку до сега неколку пати бев на раб на нервен слом ама си реков ако прашам доктор бетер ќе ме искара зашто барам нешто да се смирам, значи сепак постои нешто што може да се напие и трудница. Тие лоши моменти на психа можат многу лошо да направат знам, ама ете бедоксин и чај од камилица пиев
Мене ми рече дека едно до две се дозволени, не секој ден да се претерува. Ова апче ме смири и немам потреба за друго.. Немир имав, се тресев и едноставно не можев да издржам. Морав да се напијам. Бедоксинот е исто така добар ама послаб, кај мене никогаш не реагирал како што треба.. Секако пред да се земе нешто консултација со гинеколог.
Мами, многу ми е мило што читам како се средуваат работите. Само опуштено, се ќе биде во ред. Сакав да си прашам, список правам на тоа што ми треба собирам информации низ различни теми тука, па забележав дека се купува и купка за бебето, а мене ми кажаа новороденче само со вода евентуално со чај од камилица да се бања првите месеци. Ваше искуство? Исто сакам да земам убава торбица за пелени/бебе, ако имате некој предлог споделете. Ви благодарам!
Нема шанси каките да ги извадиш само со чај од камилица Јас бањам со купка Мустела, со таква ја бањаа во Систина, а и самата одбрав Мустела после мн читање на форумов. Камилица чајче само за бришење очиња со тупферче од време на време.
А зема нешто за мачкање после бањање? И јас земав мустела шампонче, ама се мислам што да земам за мачкање (масло, млеко. )
Да, исто Мустела лосион - и тој го користеа во Систина. Плус јекодерм за најсувите делови на шакичките и стапалцата каде што се превиткува кожичето. И павловичева стандард за дуде
Здраво девојки, ве читам и баш ми е мило што овде си се обракате за совети и поддршка, во време кога сите повеќе милуваат да критикуваат. Јас сум нова по форумите и уште некако не сум во шема... Кажете ми, дали речиси константни болки во половината се предвестување дека се ближи породување? 38ма недела сум и сум малку нестрплива...
Дали е нормално често при спиење да ми се здрвува ногата на таа страна што спијам неколку дена по ред? Иначе 20+5 сум
Не, на лице рекоа подоцна мачкање, а имам од Систина во торбицата што ми ја дадоа мали мостри Мустела па има таму и крема за лице, ќе ја пробам пред да купам