Пород не мора да значи, иако сте веќе во термин. Може да значи дека носите преголема тежина за вашето тело, кое по пораѓајот ќе се смири, арно ама ќе почнат други болки..така шо крај нема Не барајте знаци за пород, секоја жена различно ѓи има, ја ѓи барав пд 37 ма недела и се отепав од барање до 41 , опушти се уживај, и одмори додека можеш.
Кратко траеше што знам во едно место ми се стврдна стомакот ептен дали бебе се разместуваше внатре ама уште е мало не е да нема простор. Пред саат време едвај се вратив од фризер ушите ми зујат ми се врти ми се темни, доаѓам дома мерам притидок што ќе видам 70 со 50 ептен блиску ајде кока кола и сега лежам комирена сум
Ауу жени кажувајте спас од киселини оти ќе умрам. Ноќеска око не склопив како вампир седев и шетав по дома мислам ќе се загушев останав без воздух. Ишмукав еден Гастро Гард ништо сабајле ишмукав и бомбон ми ги донесе тетка ми од Канада и тој не помогна еве уште ги имам се напив и.малку сода НИШТО ќе полудам неможам да издржам веќе
Пробај наеднаш да исшмукаш две таблети Рупурут или напиј се лажичка сода бикарбона растворена во малку кисела вода.
Пробај со ладно млеко од фрижидер. Сум чула и да се голтне семка од маслинка, демек помагало, ама никогаш не сум пробала и не можам да тврдам. Крај краева, две Гастрогард земи (ако Рупурут не поднесуваш).
Пробај со бисквити, двопек, пуканки. Мене пуканките ми се спас сега при крај. И два гастро гард како што ти пишаа погоре, пред спиење обавезно грицкам
Мене многу ми се случуваше грчеви да имам и уште ми се случува поготово кога ќе ги истегнам во спиење.
Денеска бевме на преглед, од утре сме 26 полни во 27ма по последна менс., а по нивно сме 27+3 и сме 1035гр. се е супер .. деновиве имав болки во долниот дел повторно почнав со дабростон, грло 35мм мислам беше.. бебчето си е супер и си напредува само што е карлично свртено па се надевам до крај ке се сврти како што треба со главчето надоле.. направивме и брисеви се надевам ке ја нема досадната стрептокока.. повторно д - димери и хемостаза да направиме и крвна слика за 2 недели.. иначе имаме и ние стврдувања во горниот дел на мешето ке се сттврдни па ке се опушти по некое време мислам ке ми излезе со главчето одозгора..
Едно прашање-вие што работите во канцеларија пред компјутер, не ви пречи стомакот? Јас осеќам дека ми е стиснат цело време Не е до толку голем, не сум на крај на бременост, 13+0 сум Покомотно е кога малку ќе ги подигнам нозете, ама немам нешто да ставам за да бидат подигнати цело време. Нормално ли е секој божји ден да ме боли глава? Од ова паника ме фаќа, да не не е од бременоста И болките во кичма и препони почнаа Продуктивно работам првите 4 саати, после ми е ненормално мачење Си се пожалив јас
Јас немав таков проблем на почеток не ми сметаше, тек почна после 30 недела па се вртев на страма. Искачај на воздух почесто. И кревај си ги нозете поготово за да не ти отекуваат.
Уште да можев на воздух да излезам, со таа шефица што ја имам нема да се случи Имам обврски на тон, рокот е секогаш за вчера. Добро е што јадеме барем
Кажи дека имаш препорака од доктор јас така правев, сам ако не се заштитиш никој тоа нема да го направи.
Мајка ти беше со близнаците ако не се лажам, мој совет е да си одиш на боледување, јас направив грешка што дури сега земав т.е. од 20 недала го отворив боледувањето, се измачував првите недели со мачнини, па цело лето неподносливи жештини, болки во кичма, отечени нозе....кога ќе си дојдев дома не бев способна масата да ја поставам за ручек, а да не збориме за друго... ти си знаеш каква ти е ситуацијата, но можам да ти кажам за близначка бременост која сама по себе е ризична веднаш се добива боледување, барем кај мене беше така. Сега сум дома, си ги извршувам поголемиот дел од работите, правам кратки прошетки, читам, си го организирам времето така да не се жалам воопшто од досада
Тоа се тие лажни контракции, а бебе и не е баш така мало, сега има околу 500гр. можеби и повеќе, одмарајси и не се секирај, во меѓувреме додека ти пишувам баш имам таква контракција во долниов дел на стомаков како да знаат дека за тоа пишувам
Што пиете за анемичност? Јас пробав со капсули, ама падна железото под граница, имам страшна вртоглавица. Сега зедов ампула тотхема ама малку имам мачнини од нив. Некој бабин лек? Некој совет?