пијај си какао секое утро, мед со семе од коприва и можеш да си ставиш и ситно исечкани бадеми, ореви, лешници што имаш за повкусно.. спанак сеа е излезен и тоа помага доста .. баш планирам и јас да си земам.. свеж во салати убавини
Јас бев со близнаци Планирам и јас патолошка да барам. Мислев да поработам до крај на месец па здравје од Ноември ако може. Последниве неколку дена ми е потешко, претходно супер бев. Искрено, едвај чекам да останам малку дома, почнувам да осеќам потреба за одмор, и физички а богами и психички, да пуштам мозок на пасење Фала на совет
Јас сум недела дена со тотема, сабајле и навечер. Растварај во сок. Прво ги пиев со портокал, ама од саботата со цеден сок од цвекло, јаболка, морков, лимон и портокал. Чај од коприва со доручек една чаша. Попладне една чаша какао. А во меѓувреме чај од шипка со пола лимон цеден. Од 3.4, на 8 се качи железото за точно една недела.
Ferrofect 2х1 природно нешто ако сакаш цеди сокови и додавај аронија што повеќе, јас во секој сок си ја ставам, или ако можеш јади ја https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/исхрана-што-може-да-ја-победи-анемијат/
Два пати на ден треба да се пие ампулата? Јас само една наутро. Баш ќе пробам со советиве што ги дадовте. А малтофер дали земала некоја од вас?
кисело јаболко, кисела вода, кока кола, ама немој по многу притисокот да не ти се качи, исто солени крекери мене тие работи ми помагаат посебно кисела вода со вкус на лимон Исто да не ве плашам ама вчера кажаа на вести рупурут ќе го повлекуваат од продажба не бил добар
Консултирај си се со твојот доктор. Јас зашто од утре 39та недела почнувам да раситнувам, мора брзо да го покачам. Ако имаш време, може и по една да ти кажат
Со уште еден член од семејството Фемина се сретнавме. @лукајана со стомак до заби се доклацка во мојата соба. Како човек да не ве сака?
Мами можеби глупаво прашање.. Дали чепот кога испаѓа е секогаш со крв? Нели денови / недели пред големиот ден исцедокот со бела/жолтеникава боја е од размекнување на грлото ? Дали кај повеќето со паѓање на чепот пукнаа и водите?
3 прста отворена ,размекнато грло...ме задржаа во предродилна Доаѓајте сама сум овде,сите ги породиле
Гледам правите журка во Гак, а не викате? Со лесно нека ви е на сите. За киселини мене само Књаз Милош кисела вода ми помага.
Кај мене неколку дена паѓаше жолто како желе. Од денес почна да менува боја кремасто накај кафеаво. Лежам и чекам за саат време ќе ми прават цтг,рекоа на 2 саати го проверувале срцето на бебето. Па следеле провокации,пукање водењак... Да прашам едно незгодно прашање,ми ставија чепче бев во вц ама се осеќам како уште да има,дали ќе ме протера пак или да дремам на шоља? Болки имам менструални не многу силни
Би требало да те протера пак, мене така од клизмата ми се случи, двапати бев. Ваљда е исто и со чепче. Ајде со лесно, чекаме вести
Девојки фала ви на сите се напив кисела вода ишмукав 2 гастро гард малку ми се подсмирија ама ќе.водоме до кога. Туку ми се појави некоја болка во препони и кичмата позади дали е од тежина на бебето незнам ама многу ме боли
Пробај грицни неколку бадеми непечени. Јас се живо пробав, јаболка, маслинки, млеко, ориз абе се, ама ништо не помага. Вода само газирана пијам и лижам едни амерички за киселини. Ќе се издржи, нема друго