@Sofi.ja честитки да вибе живо и здраво синчето само радостинда ви носи . @Miss.N машала вие над 1000 грама браво мојата бубамара 750 грама е тоа кило којзнае кога ќе дојде се си мислам многу малечка ќе се роди
@Sofi.ja честито мајка! Октомври се празни полека, ја ќе дојдам на ред... А ко вчера да беше кога дознав дека сум трудна. Јас и денес сум многу анксиозна и не знам како да се смирам веќе, а се секирам дека овој стрес му влијае на бебето. Имам стврднувања на стомак се почесто, од време на време тапа болка во стомак, не можам многу да се движам зошто се заморувам, дома сама, досадно ми е... Научена сум да сум 100 на саат, да шетам, да искачам, да работам, и така цела бременост ја поминав, сега не се трпам сама себеси. Ај си викам ваљда бебе нема да чека краен термин. Се испожалив утрински, ама ај смеам и ја некогаш да се пожалам.
И мене мн ме нервира тоа што веќе неможам ништо да си завршам раб без да се изморам , по скалите се симнувам сум се задишала мислиш маратон сум трчала ,башка ни дење ни ноќе не спијам ,киселини ме изедоа и највеќе ми е криво коа ќе ми речат лесно ти е ти дома си Мене терминот ми е 16.10 белки и кај мене нема да чека до тогаш Хаха морав да си кажам што ми лежи на душава, огромна подршка сте сите
И јас почнав да го осеќам од пред некој ден се почесто и уште сум во шок како сега да сфатив дека во стомак имам живот и на секое мрдање ми се плаче.. ( малку хормоните плафон) Се восхитувам на сите идни МАМИ и на сите веќе остварени како МАЈКИ. Мене ова чудо во стомак ми го смени животот со првото мрдање.
И јас со извештај од денес цтг мирно на девојчето многу му се седи кај мама Во понеделник пак Ако не се породам до термин 15 окт уште колку држат?
2 недели макс, под услов да имаш доволно плодова вода и постелката да не е презреана. @Sofi.ja честитки, нека е жив и здрав бебуш, голем да расте и да ве радува
Честитки за новите мамиии, да си уживате со бебчињата, а тие да напредуваат. Со среќа и со Господ напред на идните мајки. Имам едно кратко прашање: од која недела се смета петтиот месец во бременост? Сега читам на англиски, од 17та до 20та пишува, така е?
Како сте денес со притисок?Посебно оние со висок?Цел ден ми е околу 140со90,140со 100.Знам дека над овој не смее.Два пати лежев на патолошка.Има ли некоја ко мене.Освен лукче и терапија,што да земам?
Ви благодарам на сите,да се враќа дупло со убавини. Јас уште не осетив што е мајка, иако породена ноќеска во 3,а префрлена на оддел кај родилки во 8ипол сабајле,бебето уште не е со мене Среќа татко му го сликна па цел ден си го гледам... Од една страна доаѓа персонал ме прашува каде е,од друга страна ме лажат цел ден сега ќе го донесеме(и покрај врските што ги имам). Смогнав сили отидов кај бебињата да прашам,барем да го видам, а ти сега си породена-не ноќеска и цел ден чекам, врти листите добар е,сега ќе го донесеме. Полудев
Пред празнично на патолошка Цгт-то мирно, скратување повеќе нема, грлото омекнато и затоа ќе си лежам тука. Клексанот вратен од денес пак. Тоа е добар знак. Паника ми створи што ми го укинаа, значи имаше варијанта за пораѓај. Макар што никогаш не се знае ама пуста психа ете, мир ми дава таа боцка. Се чувствувам добро важно. Многу подобро од денот кога ме примија. Стравот е тука цело време да, ама искрено се надевам и верувам дека моиве бебенца ќе ме послушаат и ќе се стрпат уште малку барем. Тоа е од мене мешиња, се надевам само добри извештаи ќе поднесувам.
@Sofi.ja и мене исто ми направија. 24 часа, ако не и повеќе не ми ја донесоа. Кога прашав зошто- де антибиотик прима, де почекај. И жената што лежеше со мене ми рече да одам барем да и речам да ми дадат да ја видам. И фини беа, ме пуштија и таму ми рекоа не ми ја носеле оти многу бљуцкала па да ја пратат. Не знам точно кое беше правилно, ама после ми ја донесоа па ги "молев" малку да ја земат кога многу плачеше
Душо, знам како ти е ..и мене 18 саати не ми ја донесоа,прашував доктори, сестри..една смена друга смена, они и гужва моево не го носат. За жал ја ненав таа храброст да отидам кан бебињата од страв полошо да не направам и така си седев во соба и си плачев. А когами ја донесоа..е тоа беше чувство невидено, уживајте најмногу кога ќе се видите