Мислев да се воздржам, ама не можам, морам да прашам. Денес бев на преглед, 17+2 сум, па испадна како цел ехо скрининг да му се направи на бебето, иако нели од 18 недела се прави. На почетокот ми рече "овде кај главчето има како две цисти, од двете страни или кај мозочето", не знам од страв и дали добро слушнав. И потоа рече "ама не се плаши тие се губат до 8ми месец, ти си направи и хармони тест". Останатите органи се во ред, инаку. Дали знаете сте слушнале за нешто вакво?? Иако рече биди мирна ок е, сеа како да сум мирна до нареден преглед? Фала вии
Пишувале многупати членки со истиов “проблем” на форумов, ич не ми текнува на некоја конкретно да ја тагнам да ти сподели искуство. Битно кај сите било во ред откако се породиле. Честа појава се такви цисти кои се губат до крајот на бременоста, се’ ќе биде во ред Прочачкај низ темиве во категорија Бременост, може ќе најдеш нечие мислење околу ова. Во секој случај, сум чула и јас дека исчезнуваат до крајот на бременоста, така што верувај му на докторот и биди мирна.
На моја другарка и рекле не ми текнува во кој месец дека бебето има циста на главчето, рекле дека со тек на време ќе се изгуби и дека не е страшно. Малото се роди потполно здраво си убаво си напредува. Инаку она живее во странство.
На прегледот во 18та недела и моето имаше цисти, на двете страни на мозочето, и тоа беа повеќе. Тогаш направив амнио, иако буквално немаше ништо да ми смени резултатот. Чисто колку да си бидам спремна и да не се изненадам. Резултатите излегоа негативни, а веќе во 32ра скоро и да ги немаше. Така ми беше кажано и од докторката, дека до тогаш ќе ги снема. Сега сум веќе 39та недела и одам често на прегледи, цистите веќе ги нема. Ако нешто друго те интересира, слободно пиши тука или во порака
@Sofi.ja здрав и жив синко да ви е Сакав да прашам зошто се чувствувам како премногу да ми се оди во тоалет по мала потреба,а кога одам воопшто не ми се ни мокрело.Како некоj притисок да имам?
Смири се. Тоа не се цисти. Така ги викаат. Тоа е празен простор каде што уште нема крвни садови и така го викаат. И мене на вториот скрининг Петрова ми ги спомна со 100% тврдење дека после 28 недела ќе биде веќе пополнет тој простор. Вика сега да му се отвори глава на бебе не постои циста. Често се јавува и потоа со тек на време се пополнува и толку. Не е за загрижување
Мене уште во болница ми донесе мм на Медела, имаат S и М величина. Бебе одма фати таму уште на празно влечеше, сега веќе е 17 дена успешно си цицаме со тие.
Нормално било притиска на бешика како што расти.. и кај мене е така сеуште чуствувам како кизне колку да имам потреба, а само 2 капки и тоа е
Мешиња, парацетамол смеам да пијам така? 31 недела сум. И кажувајте лек за грло. Настинав и јас Овие 3 дена ми се ужас. Дете болно, повраќа сирупи, качува до 40 тт, а сега и јас. Викендот може да почне Докторката ми кажа кога имам таков притисок ко за мокрење, да лежам на страна, малку лево, малку десно. За да не се врши дополнителен притисок на матката
Да не ти се мешам ја, ама ај пробај дур си болница барем и така.таму му даваат да јаде, да цица без силиконски,може коа ти го донеле бил најаден и нејкел да фане, почекај го малце..