dobro utro Ve molam da mi kazete za rezultatot koj znae shto znaci vcera mi zemaa krv i mi kaZaa mora kaj ginekolog da mi dade terapija Ve Molam inaku bremena sum 19 ta nedela
Се ќе биде добро девојче, не се плаши. И менување стан и се ќе се среди, само добра организација и без паничење. А за носот мала инхалација да си правиш, над чаша чај. Ја затнуваш здравата ноздра и провуваш со затнатата да дишеш. Чај од нане на пример. Има и некакво масло од диво оригано, немам пробано,не знам со него дали може некои инхалации да се прави. Мене сега грлото ме фаќа нз дали да одам на болница...таму па бактерии други луѓе уште поболни, па си викам да не фатам нешто поозбилно. Ќе терам со гаргара со јаболков оцет уште некој ден, па после ќе видиме
Мм ми се јави од аптека ми кажа за медела ама пошо не знаев кој број да ми земе ми купи од Томи типи универзални. И со нив и без нив исто влечеше,за разлика од сабајле кај што без силиконска загриза убаво. Доаѓа сестра ме стиска вика ти немаш млеко. Ја прашувам што да правиме за да ми дојде ,вика ништо дохрана! Се убив од пиење течности баш ради млекото,ако сега немам кога ќе ми дојде? Пробав и со пумпа да стимулирам,ништо само се вцрвенија
Не ги слушај таму тие идиотки! Млеко мене ми дојде дури четвртиот ден, а во меѓувреме ја ставав бебка на града неколку пати дневно и влечеше во празно, па после ја дохрануваа. Така се развива рефлекс, само нека седи бебе и нека тегне, тоа ќе го стимулира доаѓањето на млекото. Уште еднаш, не ги слушај молим те. Како бе така зборат, леле се изнервирав! Ќе ти дојде млеко, не се нервирај. Ќе осетиш како температура и жештина во градите, ќе те болат многу, ама тоа е добар знак. Во меѓувреме масирај ги во насока на стрелките на часовникот и обратно. Секоја стимулација е добредојдена, ама од бебе најмногу, нека влече само
Кога се породи? Кај некоја доаѓа уште вториот ден, кај друга третиот, четвртиот, па до недела дена кај некои жени (тие што се со цезареа). Сестри не слушај туку упорно ставај на града бебе да влече и не гледај на саат. Секој пат кога е будно ставај го да цица, па макар на пола саат. Дохрана нека даваат, не е фрка додека да ве испуштат од болница, но штом видиш дека надошло млеко веднаш ќе им кажеш да престанат да му даваат. Значи батали сега пумпа, ставај го бебето да влече. А зошто силиконски, имаш повлечени брадавици? Ме збуни делот каде викаш дека и без силиконски влече исто. Ако влече и без нив тогаш уште подобро. Пишувај во темата доење, секогаш ќе добиеш совети. И жива здрава да е бебушка, да уживаш во мајчинството
Исто и јас ќе те советувам ко умните друшки погоре. Еве ти од мене лично искуство - од раѓање е мали на града. Нон стоп со мене. Му давав кога ќе посакаше. Макар било нон стоп. Батали пумпа - нека те стимулира бебе. Без силиконски пробај. Немаш млеко ама имаш колострум. Пробувај и сама стисни се и би требало да излезат многу мали безбојни капки. Толку. Само капки беа и кај мене. Сто пати прашав сестри - немам уште млеко. Дали се дава дохрана. Му кажаа - не. Две капки колострум дневно му се малтене доста. Со константна стимулација од бебе млекото дојде вториот ден вечерта. До тогаш ништо немаше добиено. И не се случи кај мене како што пиша Сексибејби погоре, затоа што немав простор бебето да не цица па да се наполнат градите. Едноставно на сред цицање почна изненадно многу гласно да голта. И тој пустиот се збуни скроз. Никогаш не ми се стврднаа градите затоа што не го оставам од раѓање да нема цицано подолго од 3.5 саати. И затоа што од раѓање тој диктира темпо. Јас одмолзував само кога спиеше од жолтица и морав да одржам темпо. Не дозволувај да се нервираш за ова. Немањето млеко е сосем нормално и до неколку дена. Но потруди се да го добие колострумот затоа што е многу важен. Кај мене сестрите ми кажаа дека ако е жеден и има потреба од течности ќе кренел температура. И така го контролираа цело време. Само смирено, ставај го цело време на града да стимулира. Стимулирањето е најважно за побрзо надоаѓање на млекото.
Значи не знам што би правела без вас! Давате совет како да сте ми мајки,бескрајно ви благодарам. За односот на вработените кај родилки и бебиња ќе коментирам кога ќе стигнам дома, дај боже да е се во ред и да си одиме утре. Прашуваат дали е прво бебе,а не се најде еден паметен да ми каже што се прави со прво бебе..може не знам да го држам бе? Може не знам да го пресоблечам? Може не знам како изгледа доаѓање млеко и доење? Ах да имаа легитимации јавно ќе ги ругав. Од синојќа ги молам иглата да ми ја извадат што ми ја ставија пред раѓање зошто гледам нема потреба,освен што ме боли и ми смета за бебе баш кај лактот ми е. Инекции ми ставаа во кук,сега за болка од епизитомијата парацетамол ми даде.. Сега дојде една за млекце да му даде,викам ако плука и после повраќа колку толку пие,не е гладен нели? Па ти треба да го држиш исправен после да поврати! Ако е исто поврати и ждригне...еве не знам. Инаку јас мислам дека ми се ок брадавките,овие овде прво рекоа мали,па после сум немала млеко. А на секое нивно стискање и мое кога проверував имаше проѕирни капки како што кажа Каетана,ама бебе не проба. Ќе му нудам во секој момент,па дај боже сам да си заврши работа. Поздрав тетки форумски Едит:се породив средата ноќта 2:40 (или 45)
Добро утро, Денес грло ме боли, нос ми тече. Се лечам со парацетамоли,супи,а еве и овошје. Петок ми е ден за болки Или стомак, или тахикардија или настинка - се во Петок. Затоа денес отидов на црква и многу убаво ми дојде на душата. Па ајде еден круг до пазарче, до продавница за играчки ОБАВЕЗНО и дома. Сега осеќам болки во стомак, ама и мускулите ме болат. Дека 2,5 месеци само лежев и сега ако станам малку повеќе да одам многу ме болат мускулите. Значи колку не се замараат во болница за доењето, тоа е страшно. Немаш млеко е најлесно. Овде може да добиеме 100 пати подобри совети отколку од медицински лица. Ајде убав ден, отидов да јадам овошје.
Земи масирај си ѓи градите, кружни движења, пиј си доста течности, цело време нека биде на града и да се гушкате, чим фанал убаво да цица без силиконска тогаш не ви е ни потребна. За да дојде шо е можно по брзо млекото на мајката, таа треба да биде опуштена и да си го гушка бебето цело време, за да почне телото да го испушта специјалниот хормон, кој е виновен за среќата и за млекото, ако мајката е нервозна покасно ќе стаса. Ако ти се вцрвенија градите те молам почни да ги мачкаш веднаш , за да не ти се направат рагади. Млекото кај мајка природно породена треба да стаса за 3 дена, а кај царски 4-5 дена па ипокасно. Мајка на цице цело време..
Тоа е тоа Софче, проѕирните капки се тоа што го бараш. Колострумот е предвесник дека иде млекцето, давај му на бебуш да го цица тоа. Во моментов тие неколку капки се доволни за него, толку му треба Телото знае и ќе почне да продуцира млеко кога ќе дојде потребата кај бебе. Батали персонал, читни ја темата за доење, ќе најдеш многу корисни совети. Некогаш форумов вреди повеќе од секој стручњак
И јас исто да потврдам. Во болница се трудев многу често да го ставам на гради, иако како што веќе ти пишав влечеше на празно ден 3 кога не пуштија дома уште немав млеко. Дома туш на гради со пожешка вода и ќе пробаш да се молзеш рачно пошто топлото ги отвара каналите. Наредниот ден пак под туш истото, и после осетив жештини мислев температура кревам и си дојде млеко ден 4.
Сеа може ли некој точно да ми објасни како се рачунат неделите-месеците.. Прва бременост па затоа сум со 1000 прашања
4 недели бременост се уствари од прилика 2 недели бременост. Затоа што имаш 1 недела менструација и 1 недела овулација, ова важи кај жени со редовем циклус од 28 дена и овулација на 14 ило 15 дена. Има жени со нередовен циклус, на кој што им иде во рок од 15 до 30 или 60 дена. Докторите ја рачунаат бременоста од последна менструација. За да не се буниш, и да ти биде најлесно кој месец си, можеш да си рачунаш според термин за раѓање. Претпоставувам ти си со термин некаде средина на Јуни месец. Така шо ако 20 ти Јуни ти е термин, рачунај дека секој 20ти влегуваш во нов месец.