Мене ми се случи неколку пати, од едната страна како грч некој, не можеш ни да мрднеш ни ништо додека не те пушти. Еве и сега пак ме фати така, едвај дишам.. Викаат нормално било..
https://play.google.com/store/apps/details?id=androidgecko.com.himommy&hl=en Симни ја апликацијава на мобилен покажува точно која недела и кој ден си ...
Мајки да се пожалам малку и јас.... цел ден си одмарав и излегов по продавници вечерва да купам нешто за бебите, нормално влегов во три продавници и толку, се изморив и се вратив дома... и вечерва почна пак да ме боли стомакот, доле ниско, како менструална болка, се напив магнезиум од 250 мг и не поминува, страв ми е искрено, гледам цело време да бидам позитивна и опуштена но вака со болка искрено тешко ми оди, прашав доктор вика нормално е бидејќи се две се прави простор во матката, си се шири... дај кажете мислење дали стварно е нормална ваква болка во 22 недела
@Dikinzi немам кафен исцедок, добро е сега, немам ништо. Денес слободна малку шетнав. Болката е била моментална само лошо станав. @Starlič фала ти @lejlla нормално е, не се секирај, сите ги имаме сличните ако не и истите болки. Ти носиш две. Мене цело време ме боли срамната коска, тешко се движам како гнила ми е и неможам веќе на грб да лежам, само 5 10 мин. Да се пофалам што добив денес од дм, ја имам апликацијата, и на неа имам купони, пописти, проценти итн. И денес си подигнав шал за доење, еве ви слика како изгледа.
Не паничи, штом и доктор ти рекол сигурно нормално е. И јас денес 1 саат пешачев без одмор побрзо пешачење и мене почна да ме боли ниско стомакот и карлицата уште на почетокот кога тргнав. Ќе ни помине и тоа, не се секирај
Ај кога сум активна дај кажете некој лек ме фифна желудник, многу ме боли, ми се гади и тешко ми е многу, го осеќам издуен, мислам дека ќе експлодирам од непријатно чуство, ме гребе внатре нешто.
Види ја прикачената слика од моите резултати ако ти помогне. Треба нели да гледаш реф.вредности за гликемија. 0 значи на гладно, 1 значи еден саат после јадење, 2 два саати после јадење. Не се секирај, не се доаѓа толку лесно до дијабет. Придржувај се до исхраната, пешачење и стрес на минимум.
Среќен роденден @Larahappy. Следната година со бебенце ќе си славиш. Инаку добро утро женчиња. Јас станувам последниве 2 дена со болки во колкот. Гледам да спијам на лева страна бидејќи во бременоста многу ми е убаво на грб, а веќе фаќам 30 недела и читам дека не е убаво да се спие на грб. И најверојатно од тежината имам болки сега. Дали перница за трудници би ми помогнала, или некоја друга алтернатива?
Труднички се множите ли? За убаво нека е само Ми текна на @bela.m дојдов да ја ѕирнам до кај е? Малите се спремаат ли за новиот свет?
И јас од утре сум веќе влезена во 30 недела. Утрово имав бблаги болки во јајниците како менструални, и позади на срамната коска исто. Спијам и на една страна и на друга, и на грб... Не можам да се одвикнам од таквото спиење. Ако не легнам на грб не можам да преживеам
@Larahappy среќен,најсреќен Ја мислам @bela.m од завчера ја нема,ако има некоја мешка на клиника ја молам да ѕирне,имаше пишано во која соба е