Лелееее мила најмилааа да ти се здрави и живи, големи да растат баткивците.... абе знаев дека ти си силна женска, искрено ме расплака, нека ве чува Господ, од срце ти честитам иако не те познавам
@bela.m респект, со две и природно! Браво за тебе! Нека би се живи и здрави бебињата! Големи да растат!
@KuklickaSk да, да наплаќаат. И јас по читањава овде отидов да направам испитување на крв и мокрача кај матичната и очекував да биде бесплатно, а ми наплати 300 ден. Потенцирам, не беше уринокултура, само мокрача. А јас како што знам има договор со фондот. Ја менувам наредната година for sure.
Многу ме боли од левата страна слабината, неиздржливо ми е, на работа сум не можам да издржам... Што да се напијам?
Честитки храбра мајко! Нека ви се живи и здрави, да ве прават среќни секогаш. Каков хајлајт на денов си ми, немаш појма Браво! Гушки еден тон
@bela.m , честитки, живи и здрави да се Природен пораѓај, секоја чест, храбра мајко Побрзо закрепнување
Како што читам тука има многу што им даваат упат и одат во Авицена, а сигурна сум дека мојава не би ми дала оти има своја лабараторија... ама и онака веќе некое време не сум задоволна од комуникацијата и односот со докторката и тие на рецепција...па ова само ми ја прели чашата.
Исто и јас кај мојата матична првите 2 месеци правев крвна слика и ми наплаќаше 500 ден, но братучетка ми инаку е медицинска сестра ми кажа дека со упат од матичен гинеколог во Авицена е бесплатно и сега јас си барам упат и они ми даваат. Исто за скриен шеќер си земав упат од мојот општ матичен лекар и ми спомнаа дека 35 денари се плаќа во Авицена. Сега во понеделник ќе правам па ќе ве известам како поминав