Девојки имам некое чудно чувство осеќам како некој притисок од време на време менструална болка не многу силна и стврднување на стомакот и постојана потреба за мокрење 35 недела сум од денеска незнам дали се тоа контракции или не
Јас сум 25та недела и уште ми нема матичната дадено упут за да проверам скриен шеќер. Да ја потсетам или?
Потребата за мокрење е поради притисокот од главата. Инаку контракции веќе во 35та недела мислам дека се нормални . Лажните контракции се неповторувачки и се смируваат ако смениш положба на тело. Вистинските стануваат почести и не слабеат. Ако грешам нека ме поправат
Баш вчера пишував за истово. Од 35 исто почна да ме буди навечер тапа менструална болка, а вчера мислам дека 2 саата ме болеше. Ја прашав докторката, ми кажа дека е нормално затоа што бебето притиска и се спушта надолу. Ако е болката појака и се повторува на редовни интервали да одам во болница. Мене еве, вчера ме болеше, денес ништо. Овој 9 месец стварно 1 година трае и многу е непријатен.
Јас се плашам и дека имав и намалена плодова вода инаку не се појавуваат на редовни интервали ама ги има
Сите земат пари, само на болница ако правиш некои прегледи е тогаш не земат ништо, а матичниве гинеколози не дерат скроз. @Miss.N
Помогнете ми,ве молам! На работа добив напад на бубрегот,многу ме болеше, пиев увин чај. И при мочање осетив пецкање, ваљда песок било тоа, ама зошто има крв? На гаќите неколку локви крв имам.. Ве молам кажете што да правам. Бебуш го чувствувам да мрда.
Оди одма на болница не чекај и немој да пиеш увин чај мислам дека не се препорачува , чај од брусница пијај и јади сува брусница корисно е многу за уринарните патишта ...
Кога почнува да се намалува плодовата вода? Јас од утре 39та седмица и сеуште има доволно. Дали ако има доволно може да остане и 40+?
Јас сум 39+3 и да ти кажам деновиве ми се како вечност .понеделник сум на контрола и баш мене ме чуди дали има доволно од водата ,
Ако има некоја будна да ми каже што да се напијам, мерев температура 37 е, знам дека ништо страшно ама многу малаксано се осеќам. И во случај да качам тем. ноќеска што смеам да пијам од лекарства. Фала
Во ред ако менуваш ради понашање, а ако менуваш ради пари немој, сите наплаќаат. И во Велес е така, минатата матична ај беше некако фер, еден месец наплаќаше еден не, ама сега кај оваа новава секој преглед ми го наплаќа. Шо да и речам? Да се карам ? Да ја пријавам..џабе е се!
Плодовата вода не мора да се намали за да дојде до раѓање. Знам дека ви е веќе мачно и тешко во 9-ти месец, и мене ми беше така..(се породив 41) , ама верујте, секој ден во мешко на мама е благослов. Не го брзајте бебето, тоа само знае кога да испадне. Кај нас чекаат до 41 евентуално 42 недела, и даваат провокација, во Шведска тераат и фазла..
Тој е најдозволен во бременост Те боли глава -парацетамол, температура -парацетамол, те болат мускули - парацетамол