Кумовите ни се во Шведска, познаници имаат таму, ако било се во ред, со плацента, плодова вода..ги оставале и фазла од 42 недела. Кај нас многу претпазливи се
Кај мене мамички почнаа и несоници, пред 5 часот се будам, никако не можам да презаспијам, а не дека имам некои мисли или нешто да ме боли, онака не ми се спие, чаре некое
Исто и јас станувам во вц во 04:45 како со аларм сум и толку спиење а намерно легнувам подоцна ама ништо. Се знае младите невести треба да се будат рано пред да станат свекрвите
Добро утро, Ме разбуди мм за кафе, а ми се спие уште. Оваа настинкава колку ми отежнува дишење, многу ми е мака. Па и вчера бев повеќе во движење и од вчера ме заболе стомак пак. И мускулите ме болат, дека цело време лежев. Се надевам дека не сум направила некој проблем. Гледам јас дека здравје барем до 36та недела ќе си лежам пак цело време. А вчера па и бебето толку силно маваше долу, ме исплаши. А од сабајлето 3 пати јадев чоколадо да го размрдам Претходната недела ми беше хаос, се надевам оваа ќе биде добра. Сакав да почнам да излегувам по малку за купување, ама ќе праќам маж и пак купувањето ќе ми биде преку вибер тоа е. @Starlič што направи, беше ли на лекар?
Добро утро мешки Благодарам од срце за честитките, ве гушкам Вчера денот си пројде во шетање, ручек сами со мм за последен пат. Следната година поубаво, поголем состав Моето бебе уште не искача од денес 39+6 а си имам мен.болки што се трпат поготово вчера пред спиење (малце почна да ме плаши ситуацијатаама ајде утре сум пак на цтг) @bela.m мило ми е што се заврши како што треба, да сте здрави и живи сите тројца @Starlič како си? @Sofi.ja се прибравте ли дома со малото човече?
Мене 2 - 3 недели пред пораѓај ми почнаа такви болки кои последната недела траеа подолго (2,3 пати по цела ноќ) а беа и појаки. Одговор добив дека бебе се спушта т.е се мести во канал. На третио пат со вакви целовечерни болки ми пукна водењакот. Се породив 40+4
Да се пријавам јас после цтг болки ми регистрира по една на 10мин, последната прилично јака, а јас ништо не осеќам. Бебка е наместена таман со главчето скроз доле и отворена сум веќе 1прст. Така да наскоро ќе се гушкаме
Подобра сум.. ме боли ама не толку многу. Пиев увин чај и чај од ајдучка трева. Нон стоп сум во вц. Сабајле имав крв на тоалетната. Се слушнав синоќе со матичната, ми кажа да пијам многу увин чај, и да купам Цефалексин. Бев сабајле до аптека купив. И сега сум на вода и чаеви. Утре идам да земам упат за уринокултура да направам. Ова ми е од стрес.. Многу срања ми се издешаваа.. Се трудев да не се замарам ама не сум се потрудила.. И малечкото синоќе го вознемирив како лудо мрдаше низ мешко.. На работа сум, едно идење дома легнувам да одмарам, синоќе не се дишеше..
Јас мислам да ги ставиш сите на игнор, да одмараш, и научиш да не ти биде гајле за тие шо изводат и се без душа према трудна жена. Уживај во бременоста, и сама знаеш не се убави стресовите
Чим уште не ги сеќаваш болките така и нека биде, ти посакувам со најлесно да си го родиш, болка да не сетиш и мака да не видиш За отварањето да ти биде пи брзо, шеткај низ ходник, после прави клекни стани, ако можеш и клекната да поседиш и да се клатиш лево десно со смирени длабоки дишења
@bela.m честитки мами!!! Да се живи и здрави момците и големи да растат. @Starlič боже жено од памет ме извади кога прочитав. Ајде нека мине со лесно, циститче да не е? Пиј увин и течности, ќе помине. Јас утре за Скопје на контрола. Самичка изгледа ќе патувам, мм малце проблеми на работа па не може да отсуствува (го разбирам и не замерувам, цела недела не знаеше како да ми каже зошто за мене и за буци се работи, ама што е тука е, ни треба таа работа и таа плата, тешки времиња ) Не сакам да ја земам мајка ми зошто повеќе тензии и нервози ми прави отколку што ми помага искрено. Знам 7ми сум и не се пуштало сама, ама јас верувам во себе и се ќе биде во ред. Утре ќе си прошетам и низ Рамстор и Веро, убав ден ме чека. Буци се поинтензивно мрда, клоци почнав да добивам. @Cherry333 И јас последната недела болки во колковите дур спијам, треба да пробам со тие трудничките перници или прво обична перница меѓу нозе.