Ќе си шеткам сега низ дома, скали имам за качување-симнување барем два пати во денот. Па ќе видиме кога ќе реши госпоѓицава да тргне
Јас осеќам притисок при станување, и станувам на страна овие неколку денови. Друго што забележувам е дека ми се поткочува едната нога. Ми кажаа дека притиска на некој нерв и затоа се случувало, не е ништо страшно. Инаку другото си е се во ред. И од прегледот сабајле до сега си седам/лежам со раката на стомак за да бидам свесна ако се згрчи, зашто инаку не осеќам. И до сега се згрчи баш убаво на неколку пати ама па престанува. После пола саат/саат пак ќе се згрчи два три пати на размак од 3-4 мин, па пак го нема саат време. Ако не престане до вечер, ќе си одам пак до болница
Денес се чувствувам многу подобро. Сама се средив, се истуширав. Имам апетит. Пијам многу јогурт, чоколадно млеко, вода. Млеко уште ми нема дојдено. Дента пред да се породам ми течеа градите и толку. Маж дојде да донесе пелени и влажни. Му дозволија да ги виде. Тоа беше момент.... Сите четворица, заедно... Инаку дишат самостојно, цевчињата од вчера ги немаа на нив, али кислородна поддршка си примаат внатре. И двајцата какале, мочкале и "јаделе" декстроза. Терапија си примаат. Добри се. Молам Бога да си ги прибериме за брзо дома. Колку се само убави, најубави на свет... Јас сум добра, може и ќе ме пуштат деновиве. Како ќе поднесам да ги оставам тука-незнам. Галите мешиња мајки, јас не му се израдував доволно на моето. Не си го ни изнагледав во огледало бидејќи броев колку пати сум станала од кревет за до тоалет. Ама па сега ќе се радувам на тие два пара очиња кои ме погледнаа прегеска и ме стопија. Ве гушкам драга поддршко
пиеш нешо за тоа? слушнав за домашен сок кој доста помагал како за крвна слика така и за намалена плодова вода.. рендано цвекло и морков ..
Маче,ја месецот кога забременив фатив ешерихија и добив напад на бубрег. Тогаш инфузија и цитерал ми помогнаа и многу увин чај кој впрочем цела бременост го пиев. Мој совет е да идеш на клиника да те видат,во вторник е докторката во амбуланта.Мислам Весна се викаше,она ме оправи мене.Ама не играј си со ова.Ја качив 40 температура
Не не пијам ништо само примиц Флостерон инекции за зреење во случај да пукне водењак а за крвта ништо не ми помага освен трансфузија
Ајде за брзо ќе бидете заедно Умни бебенца се, се ќе биде добро. Ние што имаме некои проблеми во бременост после сфаќаме дека не сме обрнувале внимание на битните и убави нешта во бременост. Ама посилно е од нас. Сега ќе надокнадиш со галење и гушкање, за сето време што не си можела да го галиш стомакот. Ќе помине брзо времето. Јас луѓе, за никаде. Многу ми е мачно. Температура имав 37.5, се напив парацетамол и спуштив. Кашлам, нос ми тече. Се чув со гинекологот, рече утре да идам да ме слушнат да не треба антибиотик. Од сабајле паника ме фати, прво, не го осеќав бебуш. Јадев чоколадо, мрдаше 3-4 пати и толку. Се лапнав кисели краставички и се размрда. Друга паника, што ме нервира е што ме боли странично стомакот ко истегнати мускули и на двете страни. И не знам како да опишам ко стврднато ми е таму. Докторката рече од напор што шмркам и кашлам. Се надевам дека е од тоа. Не можам веќе да се влечам по болници. Се уморив психички. Го уморив бебето. Колку страв и нервоза претрпе уште во стомак. Не знам дали ќе помине, да не паничам, ама ако продолжи, се знае - пак на лекар. Едвај чекам да се породам. Само да не чува Господ, да поседи бебе во меше уште малку. Се надевам да биде се добро.
Мислам дека е нормално не се паничи и онака си при крај .Јас прашав бидејки сум 28 недела и со намалена плодова вода па мислев имаш некое искуство околу тоа .
Рачунај дека уринокултурата после цефалексин секако ќе е стерилна, или дај пред да испиеш капсула или чекај откако ќе ја завршиш дозата па уште 5дена најмалку. Сум имала такви маки со уринарни инфекции и така ми кажувале, а крвта сигурно те извади од памет ама знам дека не е ретко да се случи на трудница, може и бебе има натиснато нешто па смета на работата на уринарен тракт
Нека се живи и здрави!Најсреќни да сте!Се ќе биде добро!Имаш добра причина за убави мисли!Кој те породи?Царски беше?
Притисок при станување осеќам од минатата недела,или при вртење во кревет ноќеска. Последните 3-4 дена осеќам и притисок додека седам стојам или одам. Мислам дека од ноќеска и позади почнав посилно да осеќам како да имам огромни гасови, а не излегува ништо. Ќе се гушкаме ли наскоро
@bela.m Нека ти се здрави и живи големи да растат.Која недела се породи? Не се секирај и јас со првото така душа ми се кинеше кога го оставав вболница,беше во инкубатор 10 дена после ја пуштија. @flower30 со каков проблем си ти ? Извини така што прашувам,о јас имам проблем и со вторава бременост лежам поради скратен цервикас од 28 нед а сега сум 31.Читам во темава како се породиле и предвреме и после термин,и како во ред поминало се па некако ми дава утеха дека и со мене ке биде се во ред,да поседи бебе уште некоја недела внатре,да крене на килажа,да дише само,да излезам и јас од болница со него,оти и со првото исто така беше само што касно сетивме дека се скратил цервикс па 33 одма на пораѓај заминав.
Не сум од ск валјда може нз.. можеш и на приватно доколку сакаш... јас на државна во мојот град проверив..