Празник беше. Вечерта на 11 октомври започна мојата породилна приказна. ГАК речиси празна. Многу голема среќа имав што дежурен беше раководителот на одделот за породување па тој ја зема обврската за мене. Верувај 100 пати зјапав во неговата идентификациона картичка ама не успеав да прочитам. 60 и кусур годишен професор. Природно се породив инаку.
@Vanessa9li Јас ноќеска кога станав за тоалет едвај изодев од болка, ама мислам дека најдов решение. Перница си наместив ама не меѓу нозе туку под колкот и дел од мешко да биде потпрен на неа. Пробај така можеби ќе ти помогне. И гледај да менуваш лево десно цело време положба, да не се задржуваш на една страна.
Апдејт од мене Пак сум си на цтг, контракции редовни, рипаат до 100, јас осеќам само дека се грчи стомаков и ништо повеќе. Ми се чудат како сум можела така Бурна ноќ е пред нас
Честитки @bela.m да се живи и здрави јунаците! Ќе ви биде весело по дома. За да надојде млеко, а и да одржувш лактација додека не се со тебе , стимулирај ги градите. Можеш под туш топла вода да се молзиш, со рака, со пумпа, како тебе ти е полесно. Колку повеќе стимулираш, ќе надоаѓа млеко.
Цела бременост ме боли стомакот, а во 20 недела недела ми открија контракции на матката. Цервиксот е добар цело време. Сега сум и јас 31 недела, ми рекоа контракции нема, можам да се придвижувам малку. Сега настинав и цел ден ме болат двете страни од стомакот, по линија на стомакот вертикално. Почнаа и јајниците да ме болат. Не можам ни да се вртам. Цел ден се мислам шо да правам, да одам на Клиника или да чекам.
Дојдов на ГАК. Ми направија цтг, рекоа нема болки. Уште чекам резултатите од цтг па да видам дал ќе ме пратат и на ехо. Сега примија една трудница, гледам, леле коски почнаа да ми се тресат. Дај боже да е добро се, да одам дома да се покријам и да спијам. Едвај стојам.
Ајде со лесно мајка, само позитивно За кратко ќе се гушкате со бебуш @flower30 ништо нема да има Ќе си одиш дома и ќе си се смириш
@lejlla и мене од тоа најмногу ми е страв Јас сум ниска, 160 цм, нема кај да одат многу бебињата @flower30 , се’ ќе биде во ред Смирено само
Ме прегледаа на ехо, ок е. И ме проверија со рака. Се дерев колку ме болеше. Значи мислам дека до желудникот и до кичмата ми брцна со рака. Ја чув дека малку размекнато грло, ама добра должина. После цервикс да мериме. Со првата бременост ме гледаа, ама ни малку не беше вака. Сега ме боцнаа за крв и урина да проверат-не знам дали затоа што сум настината. Ми рекоа да пијам кока кола, да јадам и за 2 саати ЦТГ. Отидов за крв и не знаев кај да оставам урината, госпоѓата сестра онака ко да ќе не тепа со мм - на него му дадов чашата и вика "леле ко прв пат да доаѓате тука". Страв ми е да мислам што е како е. Се надевам ќе е добро се.
@green.eyes и @lejlla друшки по близначиња. Мене да ме видите што човек сум. 160см висока, со 50 кг стартував бременост, ги носев до 32+5 недела. Штом јас успеав, можете и вие сигурно. Не се секирајте. И се осеќа кога нема капацитет телото веќе. Јас ете си осетив.