Прашање до феминки кои се спремни за бебето:Кој прашок го купивте за перење на новата облека која сте ја купиле за новороденчето???
Duso imas posebna tema za toa kak Bebe tamu ke si procitas se so te interesira i sto sakas ke si peasas...jas go zedov persil sensitiv..procitav deka dosta go falat.. Inaku i gjul i zalosna gi nema aj neka im e so lesno..
se izvinuvam artemidis ne vidov koja nedela si. jas mislev pred poragaj si kako mene inace jas zedov duel so detski sapun prasak a po preporaka na site ne zedov omeknuvac za bebeskite raboti samo so prasakot gi isprav.
Не знам дали е вистинската тема, ама да прашам 5-та недела сум, во средата бев на гинеколог кога и ми ја потврди бременоста, и рече дека е се во ред. Деновите кога требаше да добијам многу ме болеа градите, и за 3-4 дена болките поминаа, сега само ме чешаат. Освен големата поспаност, мене ништо друго не ми е, не повраќам, не ми се ни гади воопшто, не осеќам ништо, немам ниту еден симптом на бременост. Ова нормално е? Или многу е рано, да не си ја барам бељата?
Здраво мешиња ние не пишиме многу Али секој ден ве читам ние во петокот бевме на контрола , се е во ред со шеќерчето моје и тешки сме 3260 грама машала до крајот ке сме 3800 можи инаку многу ме болат мускулите од нозете како да сум вежбала и имам многу пропуштени вени имав пред бременоста ама сега ногата ми е катастрофа, ама после пораѓај ке се средам со овај проблем сега само што сакам е да си ја видам керќичката секоја вечер ја сонувам секоја бебе што ке го видам на сон мислам дека е керќичката моја одвај чекам
За симптоми е уште рано! Моите почнаа некаде во 6-7 недела, што не мора да значи дека и ти ќе ги имаш и дека и тебе тогаш ќе ти се јават. Обично велат кога ќе почне срцевата акција, започнуваат и мачнините. Дај Боже ти да ги немаш и вистински да си уживаш во бременоста. Патем честитки, имај лесна бременост! Јас пак да се пофалам, абе ако не се пофалам ќе пукнам, па за да не пукнам ете морам! Уште една слика од новите работи за бебушко, сите си ги добивме на подарок вчера и ептен им се радуваме.
Да, да името одамна го знаеме. Уште пред да останам бремена имавме смислено имиња и за машко и за женско.
artemidis и мене така ми се појави во 11 недела од бременоста. И се јавив на матичната и ми рече утрогестан вагиналетки да ставам од 200 мг еднаш навечер. Утрогестанот ги даваат како поддршка на бременоста за да се зацврсти плодот уште подобро. И така си ставав и одмарав една недела бев дома на боледување не одев на работа. Ми рече тешко да не кревам, да не се нервирам и да се опуштам. Магнезиум дури сега почнав да пијам јас, бидејќи сега почести грчеви имам. И јас тогаш кога "прокрварев" немав болка ни ништо само кафеавко малку. Матичната ми рече дека не е страшно ако нема болка нема обилно крварење. Но, би ти препорачала да си појдеш на гинеколог. Мене матичната ми кажа дека матката и плацентата во таа 11/12 недела се спојувале и 5 милиметри не ми биле споени и затоа дошло до тоа. Мене во петок ми се случи тоа и одма во понеделникот трк кај матичната да си се прегледам, и така си се прегледав ми го кажа тоа со плацентата и матката и бебуш го виде во ред беше си пливкаше. После еден месец пак си бев на преглед и виде матичната рече супер е сега се е во ред. Јас би ти препорачала да си појдеш кај матичниот гинеколог најубаво да те прегледа и да ти каже што и како. И ти посакувам се најубаво, па пиши ни извести не што си направила. Инаку јас сакам да прашам нешто. Читам на Рингераја нешто за 22 недела календар има нели. И читам пишува дека во периодот меѓу 22-24 недела се прави вагинален ултразвучен преглед со кој гинекологот ја мери должината на вратот на матката. На тој начин се проценува ризикот од предвремено породување приближно 10 недели порано. Е сега, сакав да ги прашам мешињата со стаж. Дали и вие правевте таков преглед или не? Поздрав !
Agrona бе жено, све и свашта ќе наидеш на интернет. Првпат слушам за ова. Ако се придржаваме на се што ќе прочитаме тогаш секојдневно треба да висиме кај докторите а тоа е веќе знак дека нешто не е во ред со психата а не со телото До таков преглед како што имаш пишано би дошло во случај да ти се појават некои симптоми како лажни контракции или слично, се додека е се во ред со бременоста нема потреба од хипохондрирање Гледам дека си 20 недела бремена, овој период треба да го направиш вториот скрининг за аномалија на плодот, тие два скрининга (првиот за даун) и овој вториот (за аномалија) ти се задолжителни, доколку го имаш направено вториот скрининг уживај, мојот доктор рече дека ако си терам се со убаво како до сега нареден преглед ми е пред да влезам во 9 месец за тоа вторите брисеви што се прават пред пораѓај. Така што со сигурност ти кажувам дека ако имаш нормална бременост, после вториот скрининг ти останува само да уживаш во бременоста но не и да се замараш Мојот доктор ми рече евентуално сега секој месец да идам за проверка на крв и мокрача, тоа еднаш месечно мислам дека ни иде во пакет, ама мислам дека и тоа е премногу. Наредна недела ќе идам само на обично ехо, сакам да видам како напредува бебушка, не сум ја видела одамна па ќе го замолам докторот да ми дозволи. Пуста мајчинска грижа уште сега ме пука во хормоните Знам дека и тебе ти е така, знам дека минуваме низ тешки фази, и психата си игра со нас и чувствата ни се ептен раздразливи ама верувај на лекарите највише!!!
оф женски ...како поминува времето се понестрплива станувам , овие последни недели се најтешки Јас сум добро да се рече , проблем со притисокот имам ... треба повеќе одмарање ... Јас го имав и последниот ехо преглед во 30 недела, се е во ред со бебе . Тешко е одприлика 2 кила Сега секое мрдања е се посилно и посилно , ама убавко е . Ние сме си спремни , имаме се веќе . некои алиштенца што докупив и тоа е ... Се е од сестраму , креветче , количка и сл. Собата пошто ќе ја делат првата година * ја средив овој пат , од една страна е розева , од другата страна е со плава боја . Се е моја иѕработка , за еден ден ја средив цела соба , сликите само исто ги боев ... Имајте убав ден
Oф Jeny се нешто ќе прочитам и ОП ахам да леле таква сум целата во кратки црти испаничена. Мм убаво вика, ооо жено не читај се и сешто и после се притресуваш и хистеришеш. Ех... дека прва бременост и... што знам. Во принцип сум мааалку плашлива и хормони до плафони вриштат. Кога бев 12/13 недела правев за Даун, прв скрининг. И брисеви исто така тогаш ми зедоа и беше се во ред. Е сега треба да правам од 21/23 недела втор скрининг за аномалии што е. Имам закажано кај матичната преглед на 12 февруари. Тогаш ќе може да се договорам со неа да ме погледне т.е да се направи вториот скрининг, и + сакам кај уште некој друг гинеколог да одам (онака за второ постручно мислење). А за крв и урина тоа се знае, секој месец треба да се прави, а јас на 2 и пол месеца. Срам ме било. Сега за сега бременоста ми се одвива најнормално, но ете пак ќе пишам пуста мајчинска грижа. Уште неродено мислиме што прави, мрда ли, го осеќам, дали е добро.... една е мајка. А Jeny, ти кај правеше втор скрининг и како помина?
Агрона мила па супер си немаш потреба од грижи, и јас исто ко маж ти те искарав, не ми замерувај ама тука сме да си даваме поддршка Туку и јас тебе памет ти солам а и јас самата за памет молам И мене ми е прва бременост, нормално е да имаме моменти на паника, на страв, ама затоа тука ни се мажињата, они пореални се и трезвено ќе не потчукнат малце да се замислиме кога ќе забегаме И да знаеш дека се во право, на неродено толку тресење а камоли кога ќе се родат, мораме да научиме да се контролираме оти ќе забегаме и ние и малите наши. Да ти кажам право, кога ги поминав првите брисеви и двата скрининга пораат сум, тие се подлабински анализи и кога се излезе како што треба сфатив дека сега останува да сум поспокојна за бебчето да може да напредува во тежина и висина оти фала му на бога со органите се е во ред. И мене едно време ме фати паника, сакав да идам на 4 д, ама замисли, наш лекар од мојот град ме разувери дека нема потреба, дека е трошење пари на приватно тоа, со такви прецизни резултати и нормален развој на плодот немало потреба, ме искара дека е нормално да забегувам ама да се освестам да не бидам до тој случај да сум досадна и без усул, ми вика и ние докторите од вас пациентите кукаме, има секаков народ. Ми кажа случај за некоја трудница која му отишла на преглед демек итно е, целата испаничена и кога овој ја прашал што е проблемот оваа му рекла: "па докторе стомакот ме боли". Него му идело и да се смее и да плаче во исто време и и рекол: "па колку пати сакаш да ти кажам дека тоа е сосема нормално, па се шири стомакот, му треба простор на бебето и тоа мрда и тесно му е, ти што мислиш,така лесно на никоја не и е". Тоа толку ме успокои што како шлаканица ме освести да не забегувам Ајде со убаво да поминеш на вториот скрининг, дај боже да чуеме убави вести, ќе видиш, ќе ти олесни на душичката, и полесно ќе ти биде за понатаму. Јас вториот скрининг го правев во државна оти кај мојот гинеколог не се праат скрининзи и си поминав перфектно, млада и многу ок докторка ми се погоди, се полека и убаво си гледаше, објаснуваше, да ти кажам право имав чувство како да сум ќерка на претседателот, така ми се погоди да ме тинтра ама и пристапот е многу битна работа, се најдовме на иста фреквенција па убаво си муабетивме. Претходно се изнаслушав секакви лоши искуства за државна ама јас и првиот и вториот пат поминав екстра така што се е индивидуално. Уф се распишав ај да одморам малце. Се читкаме
Девојки да ми дадете некој совет.Периодов сум некако многу нервозна,ама за ништо,ситници ме нервираат,галама,играчките на син ми што ги расфрла по цел стан и така некој ситни и глупави работи.Дали ова е резултат на тоа дека се ближи денот Д или нешто друго не знам...Си велам ајде ќе излезам малку на воздух да прошетам ама ме фатило некоја мрза за да се облекувам и спремам и така по цел ден останувам дома.Што да направам...???
Спреми си го синот и под хитно на воздух. Сега кога ќе се породиш уште толку ќе се затвориш дома. Мене колку ми фали излегувањето тоа е чудо нешто, ама во исто време па ми е страв од вирусиве да шетам со малечко.Едвај чекам да поминат уште 3-4 недели па да шетнеме и ние малку повеќе на воздух. Шетај колку можеш повеќе, после ќе жалиш зошто си дремела дома, бар знаеш како е имаш искуство со првото. Само внимавај на вирусиве.
Од тоа и се плашам...знам дека после породувањето уште повеќе ќе ми недостасуваат прошетки,се плашам да не западнам во постпородилна депресија. Барем сега имам време за прошетки (од сабајле син ми е во градинка) но јас сепам избирам да останам дома Знам дека ова не е во ред за мене прво психички а второ и физички (нели треба да сум активна). Ајде утре морам да се убедам сама себе да излезам на воздух,да си ја оладам главата...
Ве молам за совет. Денеска кај матичниот прочитав дека породилното боледување морало да се започне најкасно 28 дена пред терминот. Тоа во мојот случај е 6 март. Е сега проблемот е што јас 6 месеци откако сум вработена правам на 22 март, а терминот ми е 3 април. Има ли некоја вака слична ситуација, или барем некоја мамичка што сакала покасно да го почне боледувањето? две мои другарки породилното си го отворија од дента кога се погодија. а мене матичниот ме убедува дека ова било по ново и морало да биде така.Кои ми се опциите?