Изгледа времето сите не настина. Јас денес се фатив во гласот ни грло ме боли ни кашлам само останав без глас како задавена жаба сум Инаку да си се пофалам ни стигна креветчето денес ни го монтираа па утре перење на постелнина и останата облека. Почна да се чувствува дома уште поголема бебешка еуфорија
Женски добра вечер. Сакам да прашам дали некоја има проблем со главоболки во бременоста. Значи постојани може на момент да се намалат или да прекинат али малку. Пијам парацетамол и B6 ама не ми помага. Исто така дали имате проблем со сонцето? Малку да сум на сонце и тоа сега не е јако глава ме кине?
Не е рано. Јас количката ја купив уште 28 недела а и претходно штом дознав пол купував по нешто. Сега уште креветче и коритце ми фали и толку е со ствари за бебуш.
Нас крупните работи ни останаа, количка, креветче, гнездо, козметика, облека за излегување, цуцли и шишиња.. Мислам тоа е.. Здравје Недела ќе одиме со маж ми да купиме се од ова, само количка и креветче ќе ни остане.
Како е мами! Јас се прибрав од Скопје, добро поминавме во ГАК, ама тоа патувањето ме убива. Ај на одење спиев, ама на враќање ептен ми се виде многу. Инаку се е во ред, буци одговара на +2 недели како што и беше констатирано на почетокот (шеќерно бебо на мама). 29 недела сум, буци одговара на 31 и тоа главичка и мешо се поголемки. Цервикс мереше, рече супер е. Е сега ме стави во дилема. Минатата недела ме гледаа 2 гинеколози, денес трет. Сите рекоа „немаш зголемена плодова вода, ама на граница си“. И денес последниот ми препиша индометацин. Ама рече 3 дена ќе пиеш и секој ден строги контроли кај твојот гинеколог да не се намали ептен плодовата вода??? Мене искрено ми е страв да ги земам, значи не е зголемена зошто побогу ми препишуваш терапија. Бев и до ендокринологија, вредностите на шеќер ми се супер, бебо е супер, јас супер, немам ни болки, ни исцедок, ни контракции, цервикс супер, е сега Индометацин.... Не знам јас мислам да не го пијам па за 1 недела сум на контрола кај мојот гинеколог и ќе го прашам он што ќе ми предложи. Не знам вие дали имате искуство со Индометацин и што ќе ми дадете совет.
Само 2 пати имав главоболка, не сум имала некој проблем со тоа... Ама затоа сонцето ме уби денеска. Не можам да си помогнам, се покајав што искочив. Еве ме 5 саати во кревет во темница седам. Позади ме боли и слепоочниците.
Женски имав голем стрес ми се покачи притисокот и пулсот се напив еден бедоксин..полека се нормализира, на колку време можам уште едно да се напијам.. или да одам до брза помош..?
Бедоксин можеш да испиеш уште едно, слободно немај гајле, слаб е, 20 мг и не може да наштети. Ако ти помага, испиј уште едно, а ако имаш потреба, јави се и на лекар.
Напиј се уште еден, мислам дека не е штетен. Или ако имаш Анафранил, испиј едно.. Ќе те смири. Ако мислиш дека нема да ти помогнат апчињава оди на брза помош.
Исто ќе прашував и јас за индометацинот.моментално користам чепчина но имам уште 2,бидејќи се од Бугарија ќе морам да се префрлам на индометацин апчина на кои во упатството пишува дека не се препорачани за бремени жени.Некој што користел да сподели искуство?
Честитки мами,да ви се здрави и живи. И јас пиев бедоксин за забрзан пулс, испив две едно по друго и се смири веднаш,не штетат.
Јас од кај 4 имам прилично јаки менструални болки и дијареа се напив магнезиум не помина ќе почекам до 9 па ќе.одам кај матичната да видам што е работата иде ли бебе или е нешто друго
Здраво, сакав да ве прашам дали првиот преглед мора да биде вагинално? Дали може да и кажам јас на докторката дека не сакам сега за сега вагинално?