Па нема ништо да се види иначе,мене се до првиот скрининг,вклучувајќи го и него ме гледаа со вагинална сонда.Мал е тогаш плодот и тешко е да се види/измери било што.Ако имаш лични недоумици и стравови,разговарај отворено со неа,ке ти објасни @лукајана честитки за бебче,живи здрави весели да сте и на Сон,не се тагнува,нека е живо и здраво бебчето
Нема ништо страшно во вагиналниот преглед, а мислам до кај 10 недела гледаат вагинално оти плодот е мал, и да не притискаат на стомакот толку рано. Само опушти се
Ни поминаа ни засилија ама ги има на 5 10 минути се јавуваат по неколку секунди сега се сптемам и одам. Ме фати страв. Ајде со господ напред да видиме по ќе биде
Имаш контракции ? Тие обично се редовни со исто времетраење, ама подобро оди на доктор да си бидеш раат.
Мене па се абдоменално,, уште од 5та недела, докторот ме знае дека ептен се плашам, лани буквално се бркавме со сондата, тој накај мене, ја наназад....
Мене докторката не ме прегледуваше вагинално само на ехо, па пак покажа плод дека има...Ова кога бев во 6та недела. И сите следни прегледи беа на ехо
Јас сум уште тука почнав веќе сама болки да си барам денес последен ден од термин а бебе плива и ужива Честитки за новите мами @Adams која недела си?
@bela.m, нека се живи и здрави бебенцата, радости да ви носат! Сон, честито мајка! Живо и здраво нека е!
@Butterfly1107 Не се секирај за вагиналното, ништо страшно, баш кога е рано така проверуваат, а понатаму нема потреба. Освен за цервикс итн ама тоа е ептен подоцна. Во рана бременост имав 4 пати преглед со сонда, нема никаква опасност.
@лукајана честитки само радости да ве пратат. Инаку јас нр издржав си прснав оперил капки за деца ама не ми помогнаа и повише нема ни да ги ставам .Добро што бебука моја мрда ли мрда активна си е инаку ептен се исплашив почнаа филмови да ме маваат да не ми пукне водењакот од толку многу кашлање ама ке помине неможе преку нок да се оздраве
Која недела си? Ако ептен ти е затнат носот, прави инхалации. Ако не ти поминува оди на доктор. Некогаш е подобро терапија да се прима отколку да се трпи болест.
27 недела сум сега настинка ми е само во многу лоша форма се мислам и јас за доктор ама нема што да ми дадат и таму парацетамол пијам, температура немам ако ми е и вечер многу лошо ќе отидам на доктор многу нервозно е вака . А ќе пробам после работа со инхалации тоа ми помага кога ќе се истуширам подобро ми е
Честитки за сон, а со лесно на @Adams и да не известуваш како иде.. Денеска ги зедов брисевите повторно стрептокока и вагина и цервикс веќе ми се смачи од антибиотици.. нз веќе како да ја решам и тоалети се правевме.. и јаки антибиотици.. денеска да видам шо ке излезе и со димерите и хемостазата.. иначе цел ден како лошо се чуствувам од вчера.. се надевам и бебушко е добар..
Многу бебчиња се родиле машала, честитки за сите мами! Си читам породилни приказни и ту ми олеснува, ту се вадам од памет, не за џабе рекле дека дека 9ти месец е најдолг... Кажете како ги поднесувате последните денови од бременоста, се е купено, торбите за болница спремни, бебето спуштено веке некое време а болки освен во половините никакви... Веке неможам самата да се поднесам а не пак другите околу мене!
Има антибиотици што се пијат во бременост. И јас настинав, многу кашлам и ми дадоа Оспамокс. Ми рече и докторот од ГАК дека се што е на пеницилинска база може да се пие во бременост. Така да, поарно оди нека те ѕирнат отколку да се мачиш. Мене од кашлање, кивање и носот што ми течеше ме боли стомакот многу, од што се напрегам. Инаку сум 31 недела