Овде имаш вредности по тромесечија http://perinatology.com/Reference/Reference Ranges/Reference for Serum.htm Ако си второ тромесечие димерите се добри.
Јас од секогаш сум со низок притисок ама не ми сметало тоа ама денес осетив омалаксаност 80 со 60 ама кафе не пијам исто газирано и тестенини јас самата одбегнувам ама сега бев приморана да испијам чаша кока кола и кафе со сила ич не ми оде . Пробај јогурт со сол како ајран испиј ќе се качи и од тоа.
Девојки тие што примавте Флостерон,добив информација дека бебе ќе е помирно нема да мрда како претходно,но моето растур праве дали покасно делува инекцијата или кај секој е индивидуално,денес ја примив втората доза и утре матичната ми рече да отидам на цтг.
@Adams ајде женска, со среќа и со лесно да поминеш и за некој ден дома да се гушкате со бебушот. Како вчера да беше се сеќавам кога ни се пофали дека си бремена, како лета времето. Се најдобро!
@Adams со лесно, побрзо да се запознаете . Женски, ајде јас малце напади на анксиозност. Кога почнавте да осеќате тежина и притисок доле? 30+ сум и веќе почнувам да станувам тешка и јас, а и стомакот од минатата недела знае да ме сецне. И бебето ниско ме мава, сега веќе цел стомак ми го изместува. А јас сум активна цело време и страв ми е од предвремено породување . Нормално е да ми е тешко малку, така? Веќе бебчо може и кило ипол е..
И кај мене мрдаа, немаше драстична промена во феталните движења. Малку побавни беа да, али не скроз заспани.
Истово сакав да го кажам, како лета времево. Особено ја памтам кога се секираше за оплодувањето на јајце-клетките и како навивавме за јуначево
Здраво мешковци! Јас со еден краток рапорт. Уште сме на клиника, јас бев со покачени леукоцити, денес дури почнаа да паѓаат после еден куп терапија. Момците се добри, нанат во инкубатор, јадат, какаат и мочкаат. Денес жолтичка фатиле и двајцата па ги "сончаат". Постепено им го намалуваат кислородот. Важно е дека се добри. Го имаат рефлексот за цицање, влечат со муце на празно, а јас стојам до инкубатор со наквасени гради. Која иронија... Од денес имам млеко. Стимулирав со масирање и топла вода. Овде има електрична пумпа на Авент, ми вади млеко колку двајцата да ги хранам. Мајка ми денес купила на Lansinoh. Ми кажа педијатарката како да го складирам млекото за кога ќе си дојдат дома. Јас брзо закрепнувам. Вчера успеав сама да ја изодам ГАК за да се информирам во службата за вадење на изводи. Жената таму ми рече: "Вонбрачни ти се"? И не ми беше јасно со што и оставив таков впечаток, ама кога ми рече бегај горе во кревет, ја сфатив поентата на муабетот. Мм сто пати ми рече ќе си извадиме изводи од кај стара комерцијална бидејќи таму рокот е 30 дена, јас неразбрано тупев за од тука, плус што ме доживеаја како сама мајка. Галете мешиња сите, бременоста многу бргу поминувала...
Испив Хеферол и се разбудив од дремка со многу тегоби во желудник, се пофалив за првитенеколку капсули дека супер ги поднесов и еве сега ова, уствари не знам дека баш е од капсулата и тоа ме плаши. Осеќам и грчеви во црева и некој мал притисок надолу, тие што тепко ги поднесовте овие капсули ви ги сменија? И со што?