Јас сум 23+, од минатата недела почнав со купување гардероба за бебите, т.е. само два пати излегов во 3-4 продавници и веќе им купив доста ствари, јас сум приморана вака да пазарам бидејќи брзо се заморувам и да бидам искрена страв ми е со саати да шетам, мешко голем, јас натежната планирам уште 2-3 пати вака да излезам и тоа е тоа, што ќе недостасува тато и бабите ќе купуваат а искрено да не бев со две беби немаше да брзам, сигурно после 7ми месец би пазарела
Исто, само од тотхема. Сега направив мед и семе од коприва па ќе видиме. Инаку пиев хаемовит немав проблеми ама хемоглобинот си стоеше со месеци исто нити се подобруваше нити паѓаше.
Јас ги пијам веке две недели и првите 4-5 многу тешко ги поднесов, со повраќање со се и таман реков ке се јавам сеа за замена да ми кажат нешто почнав да не ги осеќам и сум ок,па така си продужив да ги пијам со многу течност.. Единствена мака ми е што неможеш да имаш нормална столица од нив,ама незнам со другите како е баш за една недела сум на контрола па ке прашам. Така да не се откажувај ако ти е тешко само денес,може не е од нив..
Кога бев на првиот скрининг во Скопје, се расприкажав со едно девојче, од Битола, оплодена преку ин витро, и ми рече дека ќе мора да иде во Скопје на секои 2 недели поради крвта. Ако по некоја случајност тоа е @Adams , тогаш баш ми е мило што неочелувано ја најдов тука, бидејќи од тој ден стално го мислам девојчето како е..породено ли е
Јас имав мачнина од Хемовит, мислам дека два дена ми беше така и после ми се навикна желудникот. Почекај некој ден, ако не ти поминува, побарај замена.
За висок притисок помага чај од магданос, ама консултирај се дали смееш во бременост да го пиеш. Можеш и негазирана вода со цеден лимон да пробаш.
Леле мешиња, пазете само од вирусов што владее. Нема некој што не е настинат. Кај нас почна од ќерка ми, па јас па мм. Јас од вчера сум на антибиотик и не поминува уште. Ужасно кашлам. Ми донесе мм сега Пантенол, мислам дека уште повеќе почнав да кашлам (дека ја наопаку сим цела). И се трудам да не кашлам, седам со затворена уста а грло ме гребе ко со жилет. Страв ми е од ова кашлањево, ме боли стомак кога ќе се накашлам. Пазете се, доколку можете не се мешајте многу со луѓе, оти мачно е многу
Мешиња како сте? Јас денес бев на преглед. Супер ми е крвната слика. Бебуш е супер. Др. Ми кажа дека е рано сега за брисеви, и се договоривме во 34 недела да ги правиме. Ми мереше цевикс иако беше рано и тоа е супер. Вика не знам Др. Бошковски на кој основ ти кажал брисеви и мерење цевикс, кога не те прегледал, кога се е во ред, и нема никаков проблем да мериме цевикс толку рано. Куклето го видовме. И така. Се повеќе и повеќе беснее низ мешко.
Здраво друштво Денес денот ми почна со нервози. Излеговме со свекрва ми од сабаjле да пазариме па се сретнавме со маjката на една другарка.Почна да ме прашува како сум и што пол е бебето.Jас насмеана,мило ми беше што ме праша и ѝ велам добра сум,девоjче е бебето.Таа ми вели"Ее...ништо,ами аj сега тоа е,второто може машко к'е е ." Толку неубаво ми доjде,за малку солзи к'е пуштев.Реков дека мене ми е битно да е здраво и живо и не ми е важно што пол е. Потоа средив дома домашни работи и се спремив за на преглед каj матичниот.Бебе е во ред,23+2 денес..Плодова вода доволно и тежи 485 грама.Таман ли е тежината за неделите? Инаку принцезата моjа многу мрзлива ми е.Само се прозеваше и прстите во устата ги ставаше. Аjде повелете на какао
Честитки, жив и здрав нека ви е штом ти е мерак земај, јас пол дознав дури крај на 6ти, ама пуст мерак за купување унисекс работи купував, кога и да излезев без некоја ствар за бебето не се враќав дома, сега во 8ми уште коритце ми остана да купам ама знам дека нема да биде коритцето само туку уште нешто ќе ми фати око сигурно